Само не ги окривувајте луѓето што продаваат и бегаат. Само тој што бил во таква средина,знае како е да се живее
Јас сочуствувам со нив. Никој не бега од убаво. Крива е државата што не ги штитела кога требало. А и не ми е јасен муабетот со пасошите. Мојот пасош е на македонски, англиски и француски. Никаде нема албански.
Те сфаќам @Aquamarine93 , само еве да замислиме дека наеднаш магично исчезнале сите Албанци, мислиш ли дека истовремено ќе исчезне и цел криминал и сиромаштија? Не е убаво да се генерализира, ради некои лоши случки да се тврди дека сите се исти. Знаеме многу лоши и нечовечни Македонци, па не викаме дека сите сме такви, нели? И Албанците како и нас не навредува да се ставаат сите во ист кош.
Ама каде спомнав јас дека сите се исти. Никаде не сум напишала дека треба да исчезнат. Мене ми смета тоа што се даваат привилегии на тие што не ги заслужуваат, а биле поранешни терористи. Ми смета и што политичарите си ги гледаат стриктно своите интереси, а не работат на општо добра. Затоа и македонија стаса и таму каде што е денес.
Цивилизациските придобивки на нашите сограѓани http://grid.mk/news/514658741/obnoveno-ubien-gradonachalnikot-na-bogovinje Ние се срамиме од еден ќотек во собрание, плачки, драми, сожалување, je suis Рада, Зајо и Зијо
Не мислев на тебе, извини, општо онака коментирав Кога станува збор за бизнис, ниедна мафија на светот не гледа ни националност ни религија, така и политичарите, шират омраза меѓу народот а мислат само на својот џеб
Нас со овие во Европа не не примаат дури не се распадне. Колку што влегуваат Турција и Албанија толку ќе влеземе и ние.
Не се работи за предрасуди. Не ми сметаат Албанците се додека лично не ме загрозат. А тоа важи за секого и по секоја основа. Не ми смета што живеат овде, ниту што учат на нивни јазик. Не ми смета што е Албанец претседател на собрание, ама и те како ми смета што претседателот на собранието е терорист. Има еден куп чисти Албанци без афери, зарем не можеа таков да најдат? Официјално знаме е Македонското. Во државна институција треба да стои Македонското. Дома, во двор, во шупа, кај сакаш стаи си го кое сакаш знаме. Ми смета што генерално (секако не сите) не почитуваат ништо од земјата во која живеат. Ми смета седниците да претседаваат на албански, зошто во Законот изрично е определено дека претседавањето е исклучиво на Македонски. Нека се обраќаат и на тунгузиски ако сакаат, не ми смета тоа. Нема собрание во современа европска земја каде немаат слушалици. Ама исто нема современа земја каде се води седница на јазик на малцинството во таа земја. Знам дека овие прашања што ми сметаат нема да ми платат сметки, ниту ќе ми уплатат одмор на Шанзелизе. Ама по патот до поубав живот јас треба да имам држава. Држава со сите свои обележја за кои прадедовците ни гинеле, а денеска ти наметнуваат нови. Идејата на Заев ја поддржав. Едно општество за сите, зошто сите сме тука родени или живееме. И тоа е факт. Ама ние реално колку и да глуматаме либерални, што ние и се испостави дека навистина сме и либерални и прегледуваме низ прсти, и попуштаме до сите можни крајности, но од другата страна нема никаков фидбек. Чак што више не те почитуваат, иако си ги испочитувал колку што ниедна земја на светов не испочитувала малцинство. Па побогу!!! Господ ми е сведок колку се трудам да бидам разумна... ама не знаат за доста. И ич не ми е гајле што ветуваше Заев искрено вака да ви кажам иако го гласав, ниту брат ми е, ниту ми значи нешто во животов. Ако оној неандарталецон гугне на албански во собрание, притоа мислам на претседавањето, стварно доаѓа моментот кога ќе се молам сите присутни да ги акне комета.
Jas pak nesto po portalive citnav denes a , bese najava kao novo scenario na Vmro preku fikusot -cirkuz Ivanov. Se najavuva proglasuvanje na voena sostojba vo zemjava poradi zagrozenost na drzavata. Armijata ke go okupirala sobranieto i slicni raboti. Kolku e vistina ne znam, a se molam na gospod se da se necivi izmslici i analizi. Na nasata zemja i e dosta od ovie lazni patrioti praznoglavci. Makedonija ne saka uste edna vojna. Nikola, dovolno napravi, ne unisti. Dosta, narodov strada poradi negovite unistuvacki politiki. Na dnoto sme veke! Redno e da platis za sekoj kriminal, diktatore! Jas ne znam uste kako manipulira so lugevo, gi nosi do ludilo. Samo gazot da si go spasi se kocka so drzavata.
Ај ќе се вадиме на економија,на шо праеле другиве,на плата,за да го оправдаме терористов.Ами ај ако не ич да не зборуваме македонски,сите ќе си зборуваме албански само 2000 евра нека ни е плата. Платите нека растат,а Македонија не е за под кирија на албанците или било кој друг народ,тие две работи не се поврзани. Разочараа сдсм уште не почнати,ама ајде да видиме, може ќе се свестат и нема да бидат бетер од претходниве.
Како бе никој не го гледа пасошот?! Ок. Не сум да се зборува албански во собрание, уствари за никаде не сум, ама чим веќе еднаш поминало - нема враќање назад. Тоа ми е муабетот. Само кпнфликт ќе вроди било каков обид да се намали употребата на јазикот. Тоа е така затоа што македонче никогаш не било обединето. Секогаш гинело од предавници. И денес не е ништо поразлично.
И на арапскии нека ги пишат, ако им прави ќејф и е мнооооогу битно за нив. Ама, проблемот со употребата на албанскиот во институциите, пример е што, се' повеќе ти се наметнува тебе како обврска да го знаеш и разбираш. Океј,знаеме дека слободарите се толку добри што веднаш ќе почнат да го учат...толку многу го сакаат што цели 20,30,40,50 години (со)живот не го научија,ама сега.... први се да го бранат учењето. Партиските вработувања кај нив, не идат на основа..личноста Џ.Џ одлично го збори македонскиот, плус зборува... Кога работиш со нив (локална самоуправа пример), коса ќе ти обели кога секретарка во дрн, дрн општина не знае или се прави дека не знае да бекне македонски па ти треба да викаш колега, Албанец да се разберете. Е, не сите имаме колега Албанец па да се разбереме. И на сета нервоза, треба да си фин и културен и политички коректен, немој да не се навреди некој таму што одбива да го научи и/или зборува македонскиот. Ама јас, морам да го научам нивниот за да ги разберам; морам јас да го прифатам нивниот...иначе јас сум ксенофоб, албанофоб, националист и шта ти знам. Ај добро.
Државата е продадена 2001 година,од тогаш до ден денеска ама буквално ништо не е сменето,и никогаш за жал нема ни да биде сменето.Не сакам да трубам тука за политика и што како,али едно знам никогаш нема да не биде како народ ама баш НИКОГАШ. Овие што се тепаат во собраните не се будали,се тепаат за убава пара и кој да седне на столчето,а народот е крив сам,додека има овци ке има и волна. А во државава секогаш имало двојазичност,и секогаш и ке има,се додека терористи се минстри,убијци се важни ликови во оваа држава,тури и пепел на државата. Помини од било кое министерство и ке видиш на кој јазик пишува на таблите,Македонски,Албанкси и што понатака да збориме?
Тоа со платите беше мал дефокус, да не се спомнува реалниот проблем. Како може да бидат подобри кога мора во коалиција со дуи да бидат? Ама добро, битно ни продадоа убава приказна за живот и соживот, дури да гласаш за нив, а потоа се заборава. Не ми се верува значи, 25 години на политичкава сцена се исти треш политичари, со исти желби како еу и нато, кои никогаш нема да се исполнат затоа што оваа мала вукојебина никој не ја смета за држава. Интересно ми беше ветувањето на Заев, дека платите ќе биле 500 евра. Супер, одлично ама како би се исполнило тоа кога и тој на своите работници им плаќал 10 000 денари плата. Еден ден, можеби овој народ ќе се освести, да бојкотира избори. Нема овде помало зло.