Тоа files released so far е прецртано зашто лесно ќе го најдеш документот по тој број и ќе видиш дека не е овој. Released on демек прецртано, а полето From е празно. Нема вовед пред меилот ко што има секогаш во оваа категорија на ликс. Ете имало и помизерно од Тамчето.
И јас истото го помислив, кога видов дека бројот е прецртан, а From е празно (ме мрзеше да гледам понатаму) чисто пробале со малку лош фотошоп. Колку квази новинари трпи државата Вака излегуваме како американците што веруваат во лажните вести за Трамп, кај што Хилари секогаш беше лоша. Така и овде, нека е некоја теорија на заговор за Заев и одма на нозе се креваме. Изгледа најжестоките подржувачи на Трамп и ВМРО иста интелигенција имаат
Горе доле се знаат новите Министри. РАДА ШЕКЕРИНСКА-Вице премиер за реформи и евроинтеграции ОЛИВЕР СПАСОВСКИ –МВР РЕНАТА ДЕСКОВСКА– Правда или Образование ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ-Мин за земјоделие НИКОЛА ДИМИТРОВ - МНР КОЧО АНЃУЃЕВ Вицепре за економски рпашања МИЛА ЦАРЕВСКА Труд и социјала ИЗЕТ МЕЏИТИ-Економија АРБЕН ТАРИВАРИ-Здравство
Спојлер Вика на сликата The GiFiles Значи GiFiles се од 2004 до 2011... дали Заев уште тогаш планирал Лаги со опашки.
Глупости се бе тие порталчиња. Тоа не е ни новинарство, ни информирање. Некој треба да ги забрани таквите. И ВМРОвските и СДСМвските. Кога по наслов не ти го листа - ни гугл ни Викиликс .. тури му пепел.
Па пробав да го пријавам на тој сајтот Проверка на Факти, има некој проблем и не ми се пушта пријавата. Всушност, зошто не се одговара пред закон за лажно информирање и ширење заблуди? Зашто еве, видовме дека некој е спремен да поверува и на наслов. За жал, има многу такви. Патем, вчера пуштив вести на Сител. Бетер се. Испадна, Груевски херојот не’ спасил од граѓанска војна.
Јас често читам Курир, Република и Сител, сакам објективна да бидам. Така сфаќам која им е интелегенцијата а тие што се водат по нив. Имаше еднаш, кога почнаа протестите на тврдокорните, Република објавили слика од шофер на ЈСП со македонско знаме, демек И ЈСП со подршка на протестантите... А автобусот го сликале баш на албански кога ја пишува линијата
Значи дечко, не. За линк од Викиликс те замолив, да ја видиме објавата во оригинал. Изворот, изворот ни треба.
И повторно вест - прераскажан документ од Викиликс, без линк до документот. Таен ли овој документ на Викиликс па што, новинаров не сака да го сподели? Си го штити изворот? цц Да беше вистина, јасно и гласно ќе беше споделено. Дури и Сител ќе го читаа во ударен термин.
Не е лош изборот, ама МВР нели е подобро да го дадат на Ременски, или нејзе ќе ја стават на Бирото? МНР е одличен избор за Никола, Рада исто, да не заборавиме на успехот кој го имаше претходно токму таму, правда Рената, труд Мила, ова е од невладините мислам, СОРОС така? Тевдоски е за финансии како што знам. Битните министерства, МВР, МНР, Правда, Труд се кај ветувачки ликови.
Ременски, Шилегов, Дамјан Манчевски би биле со функции во Собрание (потпретседатели...) Нормално ова е прелиминарно..