Во кеш си купија тие... Не.Не сум за такво ,,требење,, сепак од човечки побуди жал ми е. Секој си има фамилија , храни деца дома. Лепел плакати, одел по штабови - го запослиле, значи на некој начин според нивната политика си залужил. Никој во админстрацијата не е примен од што има знаење и од што умее, сите се дојдени ,,со врски,, Нека се менува политика, нека се развива економија, ама нека не се гази народот. Колку и да дискутираме тука, не е убаво да се ситиме ако некој го избркаат од работа. Зарем ќе биде убаво нечиј родител да кубе коси ?! ...ама рака на срце има и такви кои си залужија на клоци да ги избркаат...
Да бидеме реални партиската администрација ќе биде чистена али тоа е 20-30% се на се. Сдсм нема да води одмаздничка политика (така барем викаат) и да удри по вмровците како што они удрија по сдсм и народот. Повеќето административни партиски газолизачи ќе преминат на друга страна или наеднаш неутрални ќе станат, демек под притисок биле кутрите, не знаеле дека вмро биле криминалци бла бла бла.... Друг дел ќе бидат преместени со намалени плати и позиција. Трет дел ќе бидат директорите и тие што давале потписи за тендери и разно, отпуштени ,затворени ,избегани со бугарскиот пасош некаде. Колку да се задоволи маса народ. Остатокот ќе градиме заедничка Македонија ... Е сеа тоа што ми е многу криво , голем дел на партиски војничиња ќе се спасат , ќе продолжат да си работат и да се прават како да биле неутрални цел живот или против вмро... Наместо да ги казнат и да ги вратат во мочуриштето од каде што ги земал Грујо со забрана никад да не се вработат во државна институција, ќе ми градат заедничка Македонија со нив.... глупости... Ама ајде и тоа ќе го прежалам , само нека Грујо и компанија бидат казнети , само нека заврши кризава и да не слушам политика веќе во мојот живот. За бомби против Сдсм не верувам дека ќе има , да имаше до сега Вмро ќе ги објавеше, ех тие објавуваат ако некој од Сдсм си го чепка носот во собрание а не па за бомби... Криво ми е Смилково бомбата ако не ја пуштат , ај разбирам сега да нема нереди не ја пуштаат, ама кога ќе заврши вмро во затвор ако не ја пуштат , ќе биде многу разочарувачки.
Има снимки, мора да се објават. Заев си кажа, живи луѓе ќе јадеме, од чистачка до министер. Тоа го кажа Заев, судениот Заев. Ај тие што имаат јутуб видеото да го стават. И, нормално, треба да избрка се. Колку луѓе се иселија ради вмро, колку протестирааа? Тие нелуѓе ли се да не се вработат? Само хистеричната студентка ли да остане вработена како пратеничка? Сите тиа сега ќе се вратат од странство, и ќе се вработат во администрација и ќе процветаме оти најпаметните си отишле... Само најпростите останаа значи администрацијата. Мора еден по еден, да се бркаат. Или топтан. Иначе, без заебанции, треба се да се избрка. Само дуи што седат дома дали ќе седат дома уште не знам... Може ќе мора да одат на работа за таа плата, и државава ќе процвета.
Не ми е жал за никого. Наместо да лепеле плакати, можеле да си бараат работа како сите нас останатите. И кај на наш грб земаат плата, па и нивната работа на оние што стварно работат останува. Најмногу боли па за тие во образование што влегоа, неквалификувани и неспособни децата ќе ни ги учат. А здравство? Кошмар. Немам жал. Ми треба функционално општество.
Мене ми е жал до некаде за некои Имам познаничка СО ФАКУЛТЕТ соодветен на работата....нити е политички активна,ама МОРАШЕ секој ден да оди на протестите. Е,има ли правда за ваквите?
Зашо се чудите дека министер во Економија ќе е Албанец? Па последен Македонец министер ми се чини Стевче беше пред некои си добри 8 години, од тогаш сите се Албанци и тоа е министерство на Дуи дадено со години.
Вработена од вмро без книшка? Имало такви? Како и да е, и она да лета од работа. АКо била способна ке си отидела од државава.
Епа ВМРО прискуслуваше, некако не ми се верува Никола да нема копија од снимките. Нека објави тој сега
Искрено не можам да кажам дали е со книшка,не сум прашувала такви работи само знам дека лично не се замара со политика,а плус има диплома за тоа што го работи...тоа ми е муабетот,за разлика од многу кои се буткаат на љубов на партија било која.Сметам дека не е фер да дојде некој што фрлил две бои на споменик да и ја земе работата а нема сертификат за истата.тоа ми е муабетот.Каша попара е се'
Да, да да се објави се. Секој муабет, секој трач, секои гаќи купени.... Иначе, претседател на собрание е шипо. Така што министрите ич не се битни.
Почнаа по фб да ми вртат линкови од веста од викилинкс. Сега и инфокас препишале. Ќе почнам еден по еден од пријатели да ги бришам сите што ќе поверуваат во "веста". Понижување ми е да се дружам со луѓе со толкава интелигенција...
Да Дали според тебе досегашнага опозиција беше добра? Доколку беше добра нашава држава ќе беше многу понапред. Штом не си бил добар во опозиција нема да бидеш добар нит на власт...
Полека Адоки... Има време, ќе се види. Може и да изненадат, од каде да знаеме. Од каде овој песимизам ?...или ако не е ВМРО, друг незнае да седи на фотељи ? Изборите не се еднаш за секогаш... Мандат е 4 години...ако не почнат да ја оправаат државата, едно им се знае.
Така е ама Сдс ако беше добра опозизиција ќе беше одамна на власт.Туку они не дозволија еден мандат Вмро да го дотера до крај се нешто правеа опструкци протести уште на времето кога беше бранко. За тоа што Вмро Беше 10 год на власт најмногу виновна е СдС бидејќи не беше достојна опозиција!
Така е Адоки , ама сега ТИЕ ќе ја водат државава Да видиме, да им се даде шанса. Кој планира да остане (ако остана некој во државава воопшто, сите избегаа, сигурно од опозицијата) на ова тло, опструкции не му се потербни. Нема корист од: -Овој е виновен -Оној вака сторил -Оваа не е достојна... Еве, нека се докажува сега ВМРО колку се достојни опозиција да бидат.. Еве им шанса !!
Знаеш како велат старите што си сеел тоа ќе жнееш, фрли зад себе да најдеш пред себе. Мислам дека истото што сдс го правеше сега ќе им биде правено!
Сега сите ќе се вратат, оти од вмро бегаа. Сеа сдс сите ќе ги врати. По логикава, сдс биле лоша опозиција, затоа вмро биле лоши на власт Не е така. А вмро најголема грешка ќе направи ако не ги објави сите муабети, што требаше многу одамна. Ко што слушавме за на Поповски жена му, така и за жената на Заев, за мажот на Шекеринска да чуеме, муабетите на Менче Точи, гачите на новинарките на Телма, за се. Јас колку што знам, многу луѓе ќе се изненадат од муабетите. Посебно шарените.
Муабет за гаќи и за убиства ставаат на исто рамниште. Браво. И за ќебапи. Досегашниот претседател на собрание поврзан со убиствата на Смилковско. Значи ништо подобар од шипото. Кој слушнал за срам, ќе ведне глава и ќе ќути. Ко што ќутел и за погадни работи.
А зошто уште не ги објавуваат? Целта на Груевски не му била да ја прислушкова опозицијата, од нив не се плашел. Си ги прислушкувал своите за да има контрола над нив Нека ги објават уште денес ако имаат, ама штом до сега не одбјавиле...
ВМРО ќе направи грешка ако го остави НГ да ги води. Само толку. едит: Се' друго е..после свадба тапани.