Примети дека нема рачна? Цигла пред едното тркало, да не се истркала кутрото. Не е убаво знам, ама цел ден се смеам. На Камај имаше видео, преземено од вести на Сител. Во позадина возилото, со човек внатре кој разгледува и се восхитува. Па даваат изјави, решиле да го отстапат без надомест. Отворено назад - празно без никаква опрема. Прво мислиш дека мора да е некоја пародија, скеч на К15. За жал, сурова наша реалност.
Грујо ќе води опозиција во Идризово. А бидејќи пола во затвор , пола ќе избегаат , прашање е дали вмро во наредни 10 год ќе опстане како партија.
Твое е да се надеваш, Јипи. Мое е да се распрашувам. Плус, СДС да владее со ДУИ без никаква опозиција? Не фала.
Кои разговори од сдсм би не изненадиле? Не сфаќам. Сдсм НЕ беа на власт па да е битно што збореле. Опозиција се сдсм 11 години... Јак курац што зборела Шеќерка со мажот. Зар може поголеми криминали да прај опозиција од власта? Што и да правеле, не е пострашно од власта. Разговорите на власта се битни, баш тие што ги објави З. З. и заради кои Н. Г. и компанијата ќе одат во зандана.
Е како кога заев прва снимка од него пушти. Муабети имаат. Заев е градоначалник 2 мандата. Имаат советници по општините... А муабетите со шарените: ќе те ставиме директор на тиа место само ти збирај народ.... или ај направи сајт ние после у мтв ќе те ставиме извршен... има многу. Шарените ќе се збунат малце. А груевски нема да се смени. Вмро имаше повеќе гласови од сдс и скоро исто како и претходните избори. Вмро не изгуби од сдс туку сдс коалицираше со шиповци. Им даде претседател на собрание. Сдс имаше помалце пратеници. Вмро ќе згреши само ако не ги казни функционерите свои. Секако сите избрани функционери заев ќе ги смени. Раководните ќе ги избркаат. Вмро не треба да ги заштити понатаму.
Груевски е прв функционер кој треба да се смени. Он и актуелното раководство направија каша попара од државата.
Факт е дека Македонија немаше опозиција добри 8 години. Сдсм беше во распад. Македонија да имаше опозиција, па уште јака опозиција, вбро немаше да не донесат до ова дереџе. Македонија реално има опозиција последниве 2-3 години. И добро е што вбро уште има поддршка. Нас ни треба јака опозиција, за власта да се плаши што праи и дека може брзо да биде сменета. Не како што бившиве што праеја растур од земјава.. немаа од кого да се плашат. Се си изграбаа. Се живо потчинија. Духот ни го убија. Не понижија пред себе и светот. Образование, економија, здравство опустошија. Народ истераа. Народот што си замина и оној што допрва веќе решил да замине никој нема да го премисли, ниту врати назад. Ама бар нека се потрудат да понудат нешто што ќе даде шанса да не се заминува толку масовно. Народот секаде и секогаш мигрира, тоа не е новина. Ама вака масовно... само од Сирија и Македонија. Нас ни треба се понуди нешто за народов да сака да остане и да вложува тука. Да не биде секоја втора реченица - "ништо не бива овде." Вбро да имаше снимки до сеа ќе ги пуштеа. Тие 3-4 што ги пуштија со вицето, беа доволни да изманипулираат толку многу гласови, наспрема илјадници (потврдени за точни како од органи и самите пратеници).. не им отворија очи. Да имаа уште 3-4 немаше да паднат. Џабе им беа на сдс толку многу. Нас не не интересираат мажите и жените на пратениците и нивните интимни муабети. Нас ни се битни наместените тендери, наместените судии и судски одлуки, договорите за криминал од секој вид. На вбро итно му треба да се реформира, а богами и сдс треба да ги преслуша сопствените постапки, зошто потфрлаат уште непочнати. И немојте да се радувате ако вбро се распадне. Тешко нас тогаш. Овие ќе нема кој да ги потсетува дека можат да изгубат во секој момент и ќе тераат исто како и претходните. На Македонија како и на секоја друга држава и е потребна јака опозиција, за власта да има притисок да работи за народот, за да истиот тој не посака да ја казни.
Нема осет тој крлеж лаком.и Бранко правеше шо правеше се повлече дојде Заев,овој си ужива со "заработеното"Само тоа е спас за Вмро,нов лидер. Ама кога немаш осет за доста,и затвор нема да ти избега.
А мислиш ли дека сдс ќе владее повеќе од 6 месеци а? Па ќе и требало јака опозиција хаха .Они додека се разбудат од еуфорија и ќе се најдат во опозиција така да нема да им треба јака опозиција бидејќи за кратко самите они ќе бидат опозиција
Владо Јовановаки е избркан од Преспав. Еден по еден. Секој од вмро да се избрка од работа. Секој вработрн у време на вмро да се избрка. Функционерите да се казнат.
Види, списоците со функционери и нивни блиски беа меѓу првите работи вештачкиот министер во МИОА од сдс што ги побара. Списокот со раководители на секори и одделенија беше следен, ставени во последните 10 години. Правеше база, демек за транспарентност, и не објави скоро ништо, имињата ги зачува. Ама ако. Добар дел од оние сместени во фотељите мислеа дека се ставени оти се многу убави и паметни. Сега зз ќе им каже кај им е местото. Кога им се кажуваше дека живи ќе бидат јадени, викаа, вмро не паѓа од власт. Ама не знаеја дека сдс ќе изгуби на изборите ама ќе коалицира со ѓаволот само да станат власт. Е сега, ако им е. Се зезаа на твитер, само планинскиот воздух бил едини кој дошол од планина а не станал директор. Сеа ќе планинарат пак.
Де бре па вие од дпмне, што толку огорченост? Ви ветиja решение после избори па сега извисивте? Е за тие како вас ми е мило, што земаaт членски ради лична корист. Премолчувате криминали и неправди се дури ви фрлаат по некоjа трошка. Пола од вас ионака ке вадат сега книшка од сдсм. Да поддржувавте партиja ради идеологиja ке ве почитував.
Има други опозиции ,20 партии се... Сигурен сум дека Левицата допрва ќе стане партија која ќе се спротистави. Среќа до сега све погоди како ќе биде нели ? Вакви партиски војници како тебе што поставуваат фејк линкови и предвидуваат иднини кои никогаш не се оствариле доволно ги читавме 2 год. П.С уште чекаме линк од викилис.
А бе, греотка за Владо, ептен греотка. Арно им текнало, на многу што ја гледаат серијата им омрзна ради него уште пред неколку месеци кога повикуваше на војна. Владо, Дурловски, Шанац и останатите не се само партиски обоени, тие се водачи на... ова. Уметници застанале како водачи на насилна толпа. Сериозно и за такви ви е жал?
Ти очигледно не ја сакаш чим си ја пишал со мала буква До кај сме со линкот? ќе биде денес или ќе се појавиш за 2 недели со нови фејк линкови и вести?