Ременски за разлика од бркот е Аристотел !! Каде е бе таа ? Жива ли е ? Се скри како мечка во пештера
Па на сите ни расти брк , но го депилираме , и треба да го депилираме . Страмота е да не се депилира , тоа е знак на несредена жена
Mene Remenski i Jankuloska mi se ama epten isti kako edna majka da.gi ima rodeno haha Mislam po goleminata na brkot... Iako i dvete se obiduvaat da go sokrijat haha
Темата се вика АКТУЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ НАСТАНИ. Ве молам да си дискутираме без навреди,секој има право на свое мислење. Темите за депилација се наоѓаат во УБАВИНА
Нивното "дебатирање" ме потсетува на дебатирањава кои се случуваат во политичкиве теми пред Реин да ги избрише....
88 годишна баба добила 1 година затвор затоа што гледала на кафе и наплаќала. Да отишла во собрание и да мавала со ѓезве по пратениците може никаква казна немаше да добие, ама изгледа не и кажале.
Тогаш орден ќе и дадеа за заслуги Па вакви се опасни во земјава... Што крадат ќебапи, што гледаат на кафе и слично. А не оние што се обидеа да убијат пратеници... Тие се души невини... Само орден заслужуваат
Не приметувате дека одредени медиуми намерно шират вакви вести и очекуваат точно вакви реакции како вашите?
Што е подобро, да знаеме што срање се случува во државата и да реагираме вака или да мислиме дека цветаат ружи и да сме мирни Или пак можеби, да знаеме а никако да не реагираме.... Тотална апатија... нека иде све у три пизде материне...
Бабата е осудена за измама. Имало жртви во случајот кои ја пријавиле откако им украла злато за гатање. Вакви случаи има многу низ годините. Сепак поентата на објавувањето е да се изнуди реакција кај некои луѓе затоа што сега медиумски се пумпа вниманието кон овие што се апсат за случаите од собрание. Очекуваат да речеш еј бабава за без врска ја осудиле овие најмалку треба да се бесат. Затоа се објавуваат вакви вести, затоа секој ден дури две недели после настаните има нови т.н. "сведоштва" од присутни лица во собрнаието, затоа има секој ден апсења наместо во еден ден, затоа се викаат албански медиуми да сликаат да снимаат и тн. Со други зборови новата власт сеуште недојдена ги прменува истите методи за кои тие критикуваа и се жалеа. Што е подобро ме прашуваш? Да пратиш колку можеш што се случува и да останеш прибран и разумен. И се разбира, никогаш да не реагираш пред да изброиш до 3.
Директорот на затворот изјавил дека бабата е затворена без правосилна пресуда и е судена во отсуство.@edenandrej за измама е уапсена, да... затоа што наплаќала за гледање кафе. Тие што биле глупи па и плаќале или што воопшто ја викнале да им гледа треба во Бардовци да се пикнат. До кога ќе веруваме во гледање на кафе, во гатачки, магии и вештерки? Ајде ако не на клада да ја запалиме... Или да не е таа гатачката на Груевски па сега се одмаздува
Не бе, аj ако не Иванов по еден орден за заслуги нека им даде на тепачите од Собрание, шо да ги апсат.
Секој осуденик се спроведува во затвор со помош на органите за внатрешни работи ВРЗ ОСНОВА НА НАРЕДБА НА СУДИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ,кој добива претходно целосен извршен предмет од судечкиот судија ,повторувам извршен и правосилен,врз основа на кој следи целаа нова постапка која резултира со наредба до МВР за приведување! Така да верувајте дека сигурно нема еден цел суд и како и МВР да направат нешто против законски за една баба осудена за измама,глупости. Тоа што е судена во отсуство не значи ништо друго само дека истата била во бегство или недостапна за органите во тој период,како на вести гледате им се суди на оние во бегство и во отсуство,или за нив бива а за баба не ви се верува? Сепак треба да се има основни познавања пред да се коментира нешто.Во оваа земја сите се и адвокати и лекари.