Еее јадна Македонијо. Оној кој треба да штити од криминалци и оној кој треба да ги суди лоповите се најголемите криминалци во државата. Јадни Зврле и јадни Врховен. Знаев дека судството е катастрофа, ама немало што да е катастрофа кога судство во Македонија не постоело. Се надевам и вас ќе ви дојде редот.
За изборите во Албанија кои следуваат во јуни, Хан изјавил оти жали што опозицијата нема да учевствува ( поради недемократското владеење на Еди Рама ), но дека изборите ќе се случат и покрај отсуство на истата. Демократскиот процес и без опозицијата мора да продолжи. Стварно ?! Види иронија. Кога кај нас требаше да има избори, во јуни, согласно Пржинскиот договор, истиот овој инсистираше на одлагање, оти Сдс не сакаше да учествува на изборите. И тоа замислете било нарушување на демократскиот процес. Ама истово во Албанија, ич не е. Хм. Самите ова си го дозволивме. Не знам дали кај нас некој поседува доволно лидерски капацитет, за да ги стави интересите на демократијата и народот, пред сопствените. Не ни е Хан виновен, а ние самите. Устав сменивме, теротријална поделба направивме, си имаме двојазични градови, сега и двојазично Собрание, фалсификуван попис, државјанства од рака фрлени, шарена револуција, евро за Вицето, објавување незаконски стекнати снимки, уцени, нелегитимен Претседател на Собрание, СЈО, уништување на унитарноста во секој поглед... И до утре да пишувам, нема да завршам. Ако, малку ни е.
Убаво се си почнала да редиш, ама си го испуштила најбитното - судии од тефтерче, она на м од 600.000 еур, 4% од кинезите, заташкување убиство, нарачка за уништување на некој кој е со брат Љубе....
Многу испуштив. Точно. Бомбона бизнис, знамето, тенковите, привремена кратенка ФИРОМ, консензус за геноцид, албанската платформа... Нема толку простор за пишување. Стварно, никогаш не се промени Уставот.
Барањата за лични карти и пасоши се двојазични, буквите многу ситни и настегани, да ослепиш дури пополнуваш. Од порано е вака, или нешто ново?
Не избега, на службен пат 2 ипол месеци отишол ти се молам. Ако ако , колку невини луѓе скапуваат во затвор поради вмро , а криминалците што украле милиони нема ни притвор.... ебате партиското судство , све тоа да се почисти кога ќе се формира влада.
Јас пред 10 дена вадев лична карта и во формуларот ништо немаше на албански , само личната карта и на македонски јазик , на албански јазик и на англиски јазик е
Антониjo приjaвил дека во викендицата на неговите родители нашле бомба. Неофициjaлно, порака од братучедите да не трча како прле пред магаре со тоа што се мести за нов претседател на дпмне.
Многу се изнасмеав денес со Антонио Милошоски , за да го тргнат вниманието на јавноста со укинувањето на притворот на Сеад Кочан , измислуваат дека на родителите на Антонијо им подметнале бомба Ама не експлодирала дрн мрн и сл Ееее вмровчиња прочитани сте како букварчиња Никој не би утепал - утепан човек
Мене, поинтересно ми беше што Милошоски рече како чул, таму некој си пратеник од ВЛАДЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ.... или така нешто.
И јас пред малку гледав на вести ако имало бомба навистина , родителите на Антонио не би биле живи веќе многу крими филмови гледаат нашиве пратеници
Мислам дека имало, ама не со цел да убие туку да заплаши, да испрати порака. Е сега, можно е да е од Груjo, бидеjки Антониjo лобира за смена на Груjo по што тоj би раководел со партиjaта, но можно е и да е порака од криминалците кои тепаа во Собрание а за тоа се уште не добиле пари а и почнаа да ги апсат еден по еден.
Нели личните карти само на оние што се изјасниле како Албанци им се на албански Јас при крајот на март вадев и лична карта и пасош, личната карта ми е на македонски и англиски, а пасошот на македонски, англиски и француски.
Па и тоа е една можна опција .. Инаку кога сме кај пасошите и личните карти , јас во Тетово сум па личните карти не се на албански . Мм зеде лична карта пред 2 недели и истата е како и предходно . За пасош не знам , немаме вадено скоро во кругот на фамилијата .
Не се на албански сигурно, и мене ми текнува дека кога ги вадев документите требаше да напишеш сам на коj jaзик сакаш да ти биде издаден документот.