Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Joined:
    Apr 7, 2016
    Messages:
    815
    Likes Received:
    3,756
    Gender:
    Female
    Искрено, ова изгледа како затишје пред бура. Сомнителна е тишината и неодлучноста. Мислам дека и двете страни, имаат некои свои стравови па затоа решија да молчат. За нас, обичните граѓани, тоа секако не е од полза. Народот, можеби и следните 20 години ќе паѓа на иста приказна, како политичарите работат во корист на граѓаните. Мојата интуиција ми кажува дека периодов има задкулисни игри, договори под маса (кои ги вклучуваат малцинствата, одосно едно конкретно), можни амнестии. Откако ќе го средат ова, ќе не информираат.
    „Ќути си, трпи си.“ - Стара македонска.
     
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2013
    Messages:
    2,901
    Likes Received:
    7,709
    Gender:
    Female
    Прочитав,на пензионерите им попуштиа вените,и за тоа два пати неделно ќе излегуваат:D
    А овој Богдан,мислам дека ќе има висока функција во вро;)
     
    fina erika likes this.
  3. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    479
    Likes Received:
    3,168
    Чудно е како не ги фаќа срце кога крадат милиони него само кога ќе ги фатат и треба да лежат затвор.
     
    malerozna, Donatela.W, shz and 7 others like this.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    5,067
    Likes Received:
    26,632
    Gender:
    Female
    Ех мојата чудесна Македонија . Пред инфаркт е откако го притворија . И комшијата мој е луд откако безмилосно уби човек , па го фатија и место Идризово казната ја отслужува во Бардовци .
     
    Црна Ружа and anaja1 like this.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    12,206
    Likes Received:
    192,556
    Gender:
    Female
    Во вчерашниот број на Капитал, извонредно интервју со Ѓерѓ Конрад, еден од големите умови. Ако имате време прочитајте го цело, вреди.
    Дел од него:

    Како ја гледате улогата на медиумите во процесот на уривање на демократијата? Велат, човек којшто не е информиран, или полошо – погрешно е информиран, не може да донесе правилна одлука на денот на изборите. Дали вината на оние коишто ја шират пропагандата е подеднаква како на оние кои ја креираат?

    Прво, медиумите не се евтини, а во слаби деморкатии обично има и сиромаштија. За да купите весник ви требаат пари, за повеќе весници – повеќе пари, за да имате компјутер, повторно ви требаат пари. Без лична инвестиција, немате пристап до информации, или немате пристап до различни, квалитени информации. И тогаш ќе повторувате глупости што ќе ги чуете или ќе ви ги кажат без сами да донесете заклучок преку читање.

    Кое е решението?

    Нема едно, големо решение. Сепак би рекол – универзитетите. Тие ја бранат вистината. Процесот на учење е најдобро решение за борбата против пропагандата. Најголем влог би ставил во образованието, тоа е најважно. Образован човек потешко можеш да манипулираш. Затоа и ги напаѓаат универзитетите.

    Кога сте се вратиле после војната во Вашиот роден град сте добиле задача да напишете есеј – Зошто ја сакам мојата земја. Во автобиографијата пишувате дека во тој момент сте биле збунет. Не сте знаеле што да напишете. „За татковината имав слика дека тоа е едно место на среќата, место на сигурноста. Но, откако ќе видите дека таа татковина е закана за вас и ќе ги видите вашите сонародници како немо гледаат, дури и учествуваат во бруталноста, веќе никогаш дома нема да се чувствувате како дома“- велите. Како повторно да се засака татковината? Како да се врати тоа чувство на припаѓање откако сте виделе како е силувана од политички криминалци и профитери?

    Со тоа што ќе се опкружите со убави луѓе. Јас не гледам лоши луѓе, немам што да барам со нив, си ги имам моите пријатели, моето семејство, опкружен сум со умен, убав народ.

    Не се мешате со „другите“?

    Ако сакам да видам лоши луѓе пуштам телевизија. Дури и тогаш имам далечинско, имам избор.

    А имате ли вистински избор?

    Да, апсолутно. Секогаш можам да си пуштам „Анимал планет“(се смее, н.з).
     
    galapce, malerozna, daylight and 5 others like this.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    Тие што на тв пуштаме Анимал планет и 24кичен, знаеме за што зборува човекот. :smirk:
     
  7. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    479
    Likes Received:
    3,168
    Ги тераа таксистите да полагаат англиски јазик, а обвинители со фалц дипломи по истиот.

    Тужна си Македонијо.
     
    Nausicaa likes this.
  8. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2016
    Messages:
    383
    Likes Received:
    1,653
    Gender:
    Male
    Што јужније то тужније. Во споредба со скандинавските земји - ние им се чиниме ко од кај нас до Антарктик, ете толку е разликата во демократијата и просперитет таму и овде.

    Нормално дека има заткулисни игри во политиката. Нели гледате цело време се игра цик-цак тактика. Прво СДСМ ќе направи потег и ќе добие поени, па ВМРО ќе возврати удар и така наизменично. Класичен пример: лани шарената револуција и оваа година протестите на тврдокорните. Сигурно околу СЈО е целата работа. За месец дена ќе им истече рокот за поднесување обвиненија и веројатно нема да се продолжи, но пак ќе продолжи да си функционира. Нормално на месец дена пред истек на рокот за обвиненија на СЈО ќе има влада која нема да може да го продолжи тој рок, но затоа тука е ОЈО кое може да ги преземе предметите.

    Инаку самиот факт дека вмро-овчичките се курчеа цело време, а знаеја дека СДСМ и СЈО имаат снимки за нивен криминал говори дека заткулисни игри и те како има(ло), проста логика е тоа.

    Добро е што победивме и што се враќа слободата и демократијата, а за економскиот просперитет тоа малку потешко... пошто ако Македонија е јака економски никој нема да ги е*е политичарите ни 2%.

    Ете тоа е целата поента овие 25 години, а ќе биде исто и наредните 25 години. Ќе се игра на карта верба, надеж, оптимизам, ќе биде подобро од утре ама .!. нема да биде подобро, меѓутоа ајде да видиме Заев што ќе направи имам верба јас во него. И така... на денот на изборите народот си гласа, некој се продава за 500 ден, некој за 1000 ден. некој за 100, 200, 500 евра, а тие пари всушност треба да ги земаат секој месец, а не само на денот на изборите што е еднаш во 4 години. Е сега за воља на вистината и капитализам е така што кој што има да понуди на пазарот толку и ќе биде платен. Битно оние што се паметни се снаоѓаат и доаѓаат до добра живеачка. Социјализмот е мртов, не се надевајте државата да ве оправи. ;)
     
    Aquamarine93 likes this.
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Joined:
    Apr 7, 2016
    Messages:
    815
    Likes Received:
    3,756
    Gender:
    Female
    Морам мали корекции да направам, иако во глобала се согласувам со напишаното.
    ОЈО можеби ќе ги преземи предметите од СЈО, ама правдата ќе биде селективна и мачна. Ќе треба да поминат години, за да се разрешат случаите. Можеби ги мразите функционерите од вмро, ама не ги потценувајте нивните адвокати. Спремни се и ќе играат валкано.
    Ќе има некаква си слобода на медиуми и некаква си демократија, која ќе биде површинска. Богатите ќе останат богати, сиромашните сиромаси и тоа нема да се смени. Поларизираноста на општеството ќе продолжи да си постои. За секоја своја грешка сдсм ќе ги обвинуваат вмро, исто како што и вмро ги обвинуваа нив. Политиката во Македонија не е комплексна, цело време се покажува со прст кон другиот. Проверена тактика, секогаш успева, кај секоја партија. Морам да потенцирам дека и наредниве 25 години, ќе одиме кон евроинтеграции ама нема да стигнеме. Битно, ќе се употребува тој непресушен термин и во наредни говори.
    Социјализот одамна е мртов, ама капитализмот во оваа земја нема да успее. Просто е. Нема ресурси, нема начин на кој би оживела економијата. Тие што сакаат да живеат нормален живот, а не да бидат заробеници на политиката, ќе продолжат да се иселуваат. Паметните не се снаоѓаат овде, лукавите и оние без скрупули. ;)
    Тој што е паметен си ја гледа иднината во странство, затоа што има капацитет да гледа над политичка догма и лажни ветувања.
     
  10. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2017
    Messages:
    183
    Likes Received:
    535
    Gender:
    Female
    Јас мислам дека Иванов нема да го даде мандатот.... Но што после тоа?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,352
    Likes Received:
    4,441
    Градоначалниците сепак имаат мандат до крајот на годината?!

    „Мандатот на градоначалниците, според Инспекторатот, е до 31 декември годинава.

    „Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа, каде што стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31 декември 2017 година. Со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат“, се вели во соопштението.
    Имено, во член 49 од Законот за локална самоуправа пишува: „Градоначалникот се избира секоја четврта година, на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање во согласност со законот со кој се регулираат локалните избори“.„
    - за целиот текст кликнете горе на линкот.
     
  12. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Joined:
    Apr 26, 2017
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male
    интересни ми се тие што мислат дека протестите завршија и тоа е тоа :D Македонија не се брани само со протести, можеби е потивко сега, но за македонија кога се работи никогаш нема престан, како што би рекле нашите предци само е тивко на ножот.
     
    Bitter-Sweet and Rama like this.
  13. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2017
    Messages:
    183
    Likes Received:
    535
    Gender:
    Female
    Завршиле или не , нема тежина тие протести ,
     
  14. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Joined:
    Apr 26, 2017
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male
    Тежина има националното достоинство, честа и родината, ова е добро што ни се случива, доведе до враќање на достоинството на овој народ, просветлен е после изборите за вистината.

    Македонскиот народ најдобро работи кога е опресиран, талат и заев се неприфатливи лидери за македонците, штом странците се поставуваат импрералистички единствена солуција е подземна република, секогаш ги ништеле патриотите сонувачите за македонија на македонците, нека не ништат... подобра е смрта него срамот на национална пропаст.
     
    Last edited: May 17, 2017
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Значи и шарените имале тежина? Затоа што и тогап се бранеше достоинството, нели...
    Да не се лажеме, и во овие и во другите најмногу се бранеа политичките интереси на ниовните водачи.
    Шарените почнаа како непартиски, тоа во што се претворија е нешто друго...
    Овие почнаа како циркус на сегашната опозиција, по лудилото на лидерот на опозицијата, да го спасат од затвор... И си остааа циркус, ништо не се сени. Штом луѓето кои ги подржуваа протестите и ја подржуваа идејата зад тие протести (а не партијата) почнаа да ќутат, остана само партијата да протестира...
     
    Rama and Someonespecial like this.
  16. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Joined:
    Apr 26, 2017
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male
    Се согласувам генерацијо, само што уште не се свесни од бурата што ќе ги снајде ако било кој, дали дпмне или сдсм чепнат јазик, симбол, грб, знаме.
    Јас сеуште се нервирам што тие што тепаа пратеници не се пуштени, вршеа света работа што секој однас едвај чекаше да ја види, сега ќе робуваат што си ја љубат земјата.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Обид за убиство не е света работа, нека ги, да се подзамислат дали вреди жртвата за оние што го нарачале убиството.
     
  18. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Joined:
    Apr 26, 2017
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male
    обид за убиство ? а обидов за убиство на мојава душа 3 години константно психолошко насилство од политичарите не важи ? малку им е, зборувам за сите до еден, ова е македонска земја, за предаства и ќотек е малку во развиените држави, туку има затворска казна за предаство, потчинетост на државата и тн.
     
  19. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Joined:
    Apr 26, 2017
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male
    македонскиот народ гинел за оваа држава, и македонскиот народ треба да си одбере лидери национални, а не глобалистички елитисти, што не не претставуваат, замисли се договараат за закони со албанците ? законите ги одобрува пишува народот па одат во постапка... а не обратно, и ќотек е малку за такви.

     
    Rama and Bitter-Sweet like this.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Знаеш дека ВМРО без албанците не можат да оформат влада, нели? Чисто македонско мнозинство може да биде само ако се договорат ВМРО и СДСМ па прават тие две партии влада. Тоа никогаш нема да се случи.
    Кој се борел за македонците, Тодор Александров?