Еве јас сум од Охрид и по некоја случајност го познавам лично човеков кој го нарекуваш "сељак". Тој назив воопшто не му соодветствува. Можеби повеќе како опис би одговарало дека има проблем со изразувањето и склопувањето на реченици. Знае и да лупне по некоја зелена и честопати знаеме онака од срце да се изнасмееме. АМА, овој човек направил многу повеќе за Охрид од било кој друг градоначалник претходно, ова му е веќе втор мандат. Не сум пристрасна никако, ама искрено мислам дека откако дојде тој градот почна да го добива вистинскиот лик кој му прилега на едно туристичко место. Само се надевам дека нема негде да ја зезне работата.
И јас сум од Охрид и по некоја случајност, човекот кого дотичнава го нарекува „сељак“ му е школски на тато. Во живо неколку пати се имам сретнато со него и имам правено муабет. Да, навистина како што спомна, не е баш најдобар во сложување реченици и изразување, ама Охрид ни го направи прекрасен. Тоа што ние си го уништуваме е друга приказна. Потполно се согласувам со твојов пост.
и специјалецот го пуштија од затвор а? со обрзложение дека нема доволно докази односно немало сведоци, а што беа останатите кои дојдоа да му припомогнат?, очевидците?, епа ајт на здравје правда Македонијо! и луѓе пазете се од него кога ќе го видите на улица, добро барем ликот му го познаваме па и “делото“ доволно за да бегаме од него. страшно! никаде го нема ова!
Го пуштиле???? Срамота! Срамота! Срамота! Па што треба бе да убие уште 5 души па да се докаже дека е убиец????
За МВР случајот ,,Мартин,, е расчистен. Нема казна за полицајците кои, според очевидците, му помогнале на специјалецот Игор Спасов да избега од местото каде до смрт го претепа Мартин Нешкоски. Портпаролот Иво Котевски тврди дека полицајците не знаеле оти нивниот колега од специјалната единица ,,тигар,, го уби момчето од Козле. За МВР случајот е расчистен откако Спасов, по два дена бегство, сам се пријавил во полиција. Раководството на полицијата се амнестира од било каква одговорност-лична,морална или политичка. Денеска Котевски тврди дека за убиството на Мартин се информирале во понеделникот, истиот ден кога портпаролот на МВР тврдеше дека немаат информации за ваков случај. МВР не го истражува ниту мотивот за убиството. Спасов требало да каже за тоа-вели Котевски. А Тигарот се брани со молчење. Остана непознато и што, таа кобна ноќ, регистрираа камерите поставени на градскиот плоштад-непосредно до клупата каде е убиен. a некаде кажале дека е ослободен од казна?
Како бе го соловодиле може линк нешто? Абе СРАМОТА Е СРАМОТА да се ослободи...ако е точно дури сега младиве ке се дигат во поголеми протести....па овој ке си убива на секој чекор бе никој ништо не му може....
Аман барем да ни замачкаа очи со некоја условна казна па фино лепо пак да си го пуштеа и овој како што прават обично, вака ако е точно немам коментар
Да не мислите на полицајците кои му помогнале да го однесат телото до МЕПСО? За нив ќе нема кривична пријава, кај нас да одговараш за соучесништво изгледа е непознато, а во законот предвидено. Упс тоа не важи за полицијата. Они сакаа целото убиство да го заташкат и сега ќе не чуди што овие нема да одговараат. Каде живеам јас
Уште многу време ќе се прашуваме што им направи владејачката гарнитура на луѓето Кога ја интервјуираа мајката на Мартин (кога велеше "Државата ми го уби детето") - таткото на Мартин се слушаше во позадина како и вели "Доста - не збори"
Најпрво, Аце наш да не го нарекувате сељак тој е народен човек и не е највешт во изразувањето тоа е неоспорен факт, меѓутоа како градоначалник е покажан. Овој човек секојдневно присуствува секаде каде што е поканет, од приредби на основци, хуманитарни акции од различен тип, деловни состаноци и спортски настани и навистина се труди да направи се‘ што е во негова моќ и човекот заслужено си доби втор мандат бидејќи народот го сака, иако не е ни оддалеку елоквентен ко БЦ и го гласаа токму поради тоа што е и ќе остане запаметен како човек кој искрено го сака доброто на градот и има слух за обичните луѓе. И немојте да лепите етикети за луѓе со чија работа и личност не сте запознаени, бидејќи посочувајќи на нечија плиткост избива таа на посочувачот. Друго што константно ме иритира е изразот комуњари за кој сега очекувам експресен скок од некој поддржувач на позицијата. Комунизмот кој требаше да е последен стадиум на социјализмот не се ни оствари во поранешна Југославија, а она на што индицирате е веројатно припадниците на поранешна КПЈ. Никој од моето семејство не бил член на КПЈ но сепак татко ми обично момче од Велес беше дел од Титовата гарда. И секој надвор од партијата имаше солиден живот и вработување и не се чувствуваше раскол меѓу населението на партиска основа немаше скоро никава разлика меѓу оние во и надвор од КПЈ. Тоа беше добро време и не ги валкајте со негативна конотација одредени поими кои го определуваат тој период бидејќи тогаш за првпат во нашата мрачна историја нашата република во состав на федерацијата беше именувана правилно како Македонија. И тогаш бевме во добра економска состојба скоро сите имаше бесплатно образование и воено беше опремена земјата солидно и создаваше чувство на сигурност кај луѓето. Минатото не се враќа но неблагодарно е да плукаме по бенефициите на некој систем и несоодветно да се мешаат поими.
Аха значи кога Аце ваш е во прашање тогаш тој е народен човек, и ако не е највешт во изразувањето тоа не е битно...па како присуствувал секаде...А кога премиерот присуствува секаде тогаш тој е идиот кој само сака да се слика, кога се зборува за неговите ораторски способности-мора да се на завидно ниво инаку не заслужува да биде премиер...Али Аце си го сакаме, ете така...Гајле ми е...ако има храброст да излезе и јавно да каже тоа што го кажа (бетер од мало дете) тогаш тој за мене е сељак, а подлабоките анализи за неговата работа и дело ти ги оставам тебе...
На ова видео се наоѓат деталите околу апсењето на Љубе Бошковски...Уште пред да се случи истото, Љубе го имаше истото сценарио предвид...Све е јасно... http://www.youtube.com/watch?v=nQoiV0uv ... re=related
Под наш мислев на градоначалник на Охрид не на сопартиец не извртувај зборови од контекст или само тоа умееш кога немаш друг издржан аргумент?! Никаде не сум рекла дека присуството на премиерот на одреден настан е мотивирано од неговата желба за сликање ни па ми е гајле дали е така ако тој е добар на позначајни сегменти за подобрување на егзистенцијата во земјава од обична самоактуелизација ќе го почитувам, ни па реков дека јас Ацета го сакам или градам култови кон неговата личност како ваши симпатизери и членови. И за миг ќе ја свртам твојата логика на твоја штета ако Аце е сељак за начинот на изразување и Грујо е сељак на ист начин само и поголем бидејќи зазема повисока функција. Ова не го мислам јас ни за едниот ни за другиот само ти демонстрирам како твојава умешност на извртување се свртува против тебе. И бидејќи не си од Охрид не гледам како те засега тебе еден градоначалник на град кој не ти е матичен, а од премиерот разбирливо е да се засегнати подеднакво сите луѓе во државава.
Пробуваш да извртиш нешто али за жал не ти успева... ( Не реков никаде дека под ваш подразбирам сопартиец, не извртувам зборови за тоа што немам издржан аргумент ) За Ацета ваш не реков дека е сељак заради неговиот начин на изразување,( ниту за ораторски способности туку за тоа што го говори на снимката. Уклучи мозок прво пред да истрчеш да демонстрираш нешто... И по стоти пат-никој не гради култови кон Грујо, тоа го зборуваш ти и слични на тебе од причина што ви одговара...а не ти одговара да ти каже некој дека ти градиш култ пример кон Аце??? Што е тука различно? ...П.С. Предлагам овие зборови и фрази како 'издржан аргумент', 'цврсти факти', и сл. да се исфрлат од употреба пошто многу се злоупотребуваат на форумов за лично фалење...
Секако не е градење на култови и самопромоција дека сме најдобри тоа што наместо премиер имаме маркетинг директор кој има потрошено повеќе од милионче (евра) само за предизборие, и не е чудно тоа што насекаде има огромни, плакати, залепени флаети по цели населби и закупени мегаломански билборди. Се на се ги има повеќе од сите икони низ црквите во Македонија Зошто толкава помпа по медиумите дека се е во најдобар ред, неможе ли граѓанинот да почуствува и оцени каков му е животот За тоа треба реклами
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ ... lna-drzava Умирам од желба да дознаам колку го плаќаат овој Латас Не знам само што ми текна сител да отворам
Не срцка, ако победеа СДСМ, СИТЕЛ како и Ѕинголенд немаше да постојат. Туку, сега кога ќе подразмислам подобро - подобро што не победи СДСМ. Грујо повеќе не може да ја префрла вината на Црвенковски, затоа што народот по 3 пат го гласа. В година, кога секој трет Македонец ќе чепка по новите канти што власта ги подели, и кога наместо Северна Македонија ќе се викаме Јужно Косово, ќе ги поздравам ВМРО-овците со песната „Каде сте Македончиња“ (читај: вмровчиња)