Сега јас се спремам само за пукнаки, ќе биде интересно, гледам Неделковски повикува на линЧ на Хорхе, поднесува оставка Дурловски. Шлагот ми е реакцијата на Ивонче Мечката, Латас, Богданчо, Санац и остале Крлежи , а јагодата- Фацата на ЕКС ПРЕМИЕРОТ. И Нормално, дека и Новата Влада не ја бива ќе ја критикуваме, што мислите вие? Не сме заслепени ние како оние што урлаа во собрание. Заев треба многу да се докаже сега, да направи покаже, за да си го заслужи гласот од сите граѓани кои му го доверија. Доста им беше на оние, тоа е факт. Ако се разочарам од Заев, би гласала за Вмро само под услов да е НОВИ КАДРИ, НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈА. А ако останат тие, тогаш едноставно би се помирила со судбината дека и двајцата се тирани, и сеедно би ми било .... Повеќе не би се замарала кој е на власт искрено.
ЕЈ луѓе овој сега е збунка целиот али кравата е битно црвена не ја даваме македонија, море ќе го дадеш и оро ќе играш
Хахахааааа Абе он не можи да се помири , многу тешки психијатриски случај ! Незнам зошто толку лично си го свака ова ... После 4 години има пак избори , ништо не е вечно па ни Н.Г ! Ако се паметни дпмновциве ке си го сменат лидерот , и ке стават личност без никаква дамка , и што ке се држи до патриотизмот ,а не како предходниот лидер..
Луѓе, знам дека позитивна еуфорија има, ама почекајте. да видиме што ќе стори човеков прво. Старите викаат „скокни, па кажи оп“.
Шала на страна... Venci Trajkov 1 hr · Се убаво, нова влада, нов премиер, нови промени... На сите ни се потребни промени, тргнувајки од самите себе, па во една љубовна врска, па во својот дом, на работно место, дури и во државата, која ни е втор дом. Секоја промена ствара нова енергија, нови движења. Но само ако таа промена биде во позитивна насока. Ако биде од осветољубив карактер се ни е џабе. Ќе биде ко порано, ко претходно, без да поместиме ништо на поубаво. Шала на страна, без разлика дали е вмро и сдсм, ако повторно се делиме како до сега, ништо не праиме. Работите пак ќе стојат во место како шо се уше од осамостојувањето ко Македонија. Шала на страна ако продолжиме со омраза, со наш суд и со фрустрации од типот ќе си лежите, пада влада, кој ве ебее, педерии, убијциии, ништо нема да направиме и работите пак ќе стојат во место како и во изминатите години. Шала на страна ако продолжиме како до сеа со Ај кој ги ебе сите, јас да си се напикам на убаво работно место... ништо не праиме Шала на страна ако продолжиме да јадеме гомна само од зад компјутерите за најмала грешка на некој функционер, ништо не правиме Шала на страна, нека се зголеми минималната плата уште одма Шала на страна, најпрво шо треба да се направи е да се обедини народот, а не да се разединува и да се полни со омраза како во сите овие години од осамостојувањето. Па после тоа само со работа и позитивна мисла на подобро. За доброто на Македонија! А не за вмро или сдсм!
Убаво е напишано, дури и трогателно делува. Ама прашањето е колку е голем личниот капацитет, за луѓето да престанат да се делат на политички табори, јас некогаш ги нарекувам племенски заедници, оти таков им е менталниот склоп. Секој посакува повисока плата, отворање на нови работни места, со еден збор стабилен живот, ама пак се прашувам, колку е тоа реално исполниво? После целиот овој лоповлук, човек полека губи надеж.
Се надевам на промени и подобар живот за сите граѓани. Се надевам дека во државните институции ќе се заменат неписмените со луѓе со соодветно образование. Се надевам дека здраството ќе се подобри исто и тука чистење на неписмените. Се надевам на добра економска политика, отворање нови фабрики, нови вработување и крадење ама со мера. Се надевам дека платата ќе биде како што вети Заев. Се надевам дека повеќе луѓето нема да се делат според ПАРТИСКАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ, туку ќе се распределуваат на позиции според образованието. И да се надеваме дека нема Заев да погреши, па да загорчи мандатот и новата Влада.
Покрај боледување и службени патувања, сега е период и на СОНЧОГЛЕДИ. Не можам да поверувам што гледам кај обични луѓе на фб, а не пак кај покрупните риби. Цело време е за вмро, споделува, јавно коментира, се кара и убива за грујо... И сега одеднаш споделува Ајде Шанац и Жугиќ дајте си и вие сами оставки Аман бе. 2-3 саати помина откако им се даде мандатот на сдсм. Почекате Или страв ви е дека Заев живи луѓе ќе јаде П. С. Замислете вечер колку ќе има пијанчење кај Заевци среќа што сме куќни пријатели со Пендаровски, па и за форумов ќе ќарам виски
Честито мандат друштво. Ве читам сите се радувате, се радувам и јас. Но треба да сме свесни дека за да се средат работите што ги усра Гвујо треба да помине време. Да не биде после големи очекувања големи разочарувања.Не велам дека нема да биде подобро ама да ги скратиме малку очекувањата. Доволно е за почеток нови реформи во образование и здраство. Млади животи згаснуваат постојано. Сега конечно чуствувам слобода.. никакви срања, никакви притисоци. И конечно доаѓа живот!
Во 18 часот на канал 5 ќе биде во живо Ѓорѓија. Ќе може и гледачи да му се јавуваат и да го прашуваат. Ајде телефоните во раце @*Amethyst* ништо... Глупости си пишуваат Криво им е.
Се крсти во тоа дека,можда не ќе се договорат со ДУИ и другиве . На ист начин ко што вмро победија на изборите ама не составија влада, баш ради ДУИ. Пуста надеж.
Епа видете какви личности ни ја водат државата . Коалицијата е договорена пред 2 месеци она не значело влада Дел од договорот со коалицијата беше и Талат да биде преседател на собранието .. Не знам како не им работи кликерот.. Како и да е , се спасивме од неписмениве ! Се надевам дека Заев ке застани силно против криминалот , ке ја појача економијата , и нема да тргни по патот на шовинистот Н.Г. Чунки ако тргни по тој пат , Идризово тука е
Па реално, влада сеуште нема официјално. Откако мандатот е предаден, во тек е составување на истата. Колку Беса и Дуи не се "мирисаат", нема да ме чуди ниту ако почнат опструкции и тоа внатре-коалициски. Да сме здрави и живи, ќе почекаме да видиме што ќе биде. Во секој случај, денов историски.