Претпоставка и најголема веројатност е дека ќе се договорат. Но не смее да се потцени ниту нетрпеливоста меѓу Беса и Дуи кои ќе сакаат и тек сеа ќе се борат да извлечат што повеќе и поголеми функции. И лично мене тоа ми значи повод за опструкции. Меѓутоа.. ете, се претпоставува дека се договориле, пак велам ќе видиме. Во спротивен случај, односно недај боже случај, претседателот веќе прекрши Устав многу пати, па нема да ме чуди ако врати мандат, односно опција за составување влада на вбро пак. Или избори, и се така во круг. Да се надеваме нема да се случи ништо од тоа, зошто секогаш на крај народот е најоштетен, на овој или оној начин.
Хм, Иванов дава мандат и истиот ден бара амнестирање на тепачите од собранието, ама не може тој да ги амнестира, треба парламентот. Ви смрди тука нешто?
Па не е соопштение ама на интервјуто што го дал сега за Канал5 изјавил „Ние во 2001. година имавме воен конфликт, па најдовме начин за помирување. Доколку имаат новите пратеници, новиот состав на Собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. Тогаш знаевме дека Собранието амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции.“
Па ако ги помилуваме сите што прават нереди, не глеам поента зошто носиме закони. Без санкција, ништо нема да функционира. Секој ќе тера како сака. А, и плус тие веќе ја помилуваа групата што декември 2014 упадна и ги тепаше истите во собрание. Ова веќе ми личи буквално на молење од страна на ел президенте. А и јас пак од кого барам мозок? Џорџе? Пфффф
Сега треба многу мудро да се игра. Којзнае колку е задолжена јадна Македонија. Се надевам дека Заев ќе вложи максимум труд за да не извлече од овие проблеми. Инаку на следни избори, ама никогаш веќе мислам дека не би гласала за ВМРО-ДПМНЕ, мнгу гревови имаат направено. Треба и ние како народ да се свестиме, да си го бараме своето, да бараме подобро, да почнеме од малите нешта, да се побуниме кога лекар ќе не унакази затоа што е нестручен, да се побуниме таму каде треба кога некој во администрација ќе ни се дере, да излеземе на улица кога кога е за наш интерес, да гласаме на избори, да бираме свесно...
Дечки, вчера прв пат загледав на Канал 5 дебатна емисија. Беше Шилегов гостин. За денеска беа најавени Бетмен и Павле Богоевски. Знае некој како се вика емисијата и во колку ќе биде?
Емисијата во која ќе дебатираат Павле и Богдан се откажа за утре во 17:00. Мислам дека ќе биде на Телма. Коригирајте ме ако грешам.
Нема да има во иднина. Само не знам дали ќе успее да го прекине и оваа година. Учете си вие за секој случај
Мене ова „Само вистина“ ми е смешно. Тие со години лажат, а сега вистина. Далеку се тие од вистината.
Ако го гледавте интервјуто со Иванов , му поставуваја дпмновски прашања ! Па и човекот не знае на други прашања да одговори ( без предходно да му ги кажаат прашањата) Дали знаете кога му завршува мандатот на Иванов ?