Инаку дека како граѓани можеме да промениме нешто, можеме, со слога, со разум. Еве ќе ви дадам пример, откако знамето го стави Талат, моја сограѓанка во свое име како адвокат кој познава Устав и закони и е претседател на здружение за човекови права реагираше 2-3 пати до делацијата на ЕУ во Скопје, по што Талат беше укорен од Могерини. Но, тоа беше срочено со факти и имаше реакција. Сепак, јавноста не знае дека некој воопшто реагирал до ЕУ.
Не знаев дека платичка од 250 евра за нишање врата и кодошење, тендери и арамилак сега се викаат национално достоинство. Многу нови еуфемизми последно време излегуваат, не знае човек на што се мисли повеќе...
Не само по виртуелен свет, прва фаза е демек наутралноста, сите се исти, па после 3-4 месеци dazivee zaev rabotlivo vredno dete makedonce hhehe
Чудно Заев ич не скокаше од среќа кога му го даде Иванов мандатот,или пак за спектакл се чува до формирањето на влада А и Иванов кутриот се направи црвен како пиперка едвај зборуваше,мислам нормално е дека не се поднесуваат се гледа и од авион,ама можеа малку да глумат професионалност,цел процес беше ред солзи,ред мрсули На крај на денот па и нив не им е лесно којзнае под каков притисок се извршило се,којзнае какви ветувања и давање задник под кирија доправа ќе излегуваат на виделина.
Од авион се гледаше дека нешто се случило пред Иванов, да го даде мандатот Сега знаеме дека Заев беше уценуван....ќе ти го дадам мандатот,ама мора да се помириш со тепачите Нормален ли е човеков!?
Иванов нема веќе со што да уценува, го притиснаа од сите страни. Албанците нема да дозволат да се аболицираат они што се обидоа да го убијат Села. Туку со србите што правиме? Цело време ширеа негативна кампања против Македонија, знам, имам роднини во Србија и беа испаничени со се што се случува. И сега Дачиќ ќе се одмаздувал на Заев, ќе враќал во иста мера, ќе се мешал во внатрешната политика на Македонија... Што може да направи, не се во ЕУ, нити имаат некакво влијание, а цело време се провоцираат и со Хрватска и со Косово и со Македонија... Кое влијание имаат Дачиќ и Вучиќ, да ни ја укинат Пинк?
Дај боже да ја укинат пинк. Сељачизмот во голема мера ќе се намали. Србите требаше да учат од нас, ама изглеа на балканов само од свое искуство се учи. Ама ако. Тие ни се смееја за Груевски што ни праи. Го сменија она -па ова нема ни у Београду во "па ова нема ни у Македонија".... преспивајќи го фактот што Вучиќ и Дачиќ се следниот Груевски. Сега, ќе гледаме како нив им се случува она што нас ни се случуваше 11 години. Уште не се свесни ама ќе станат на брзо. Дачиќ дека ќе се меша..одамна се замешаа тие, па од таму беше и реакцијата на Заев. Од внатрешната политика што ја водеа сдсм на времето не памтам ништо посебно добро. Ама водеа добра надворешна политика и тоа единствено им го признавам. Се силиш само кога нешто те плаши. Така и Дачиќ. Башка што Србија исто е укопана во говна, и нема апсолутно никаква поддршка од никого. А со такви националисти на власт нема ни да има и тие тоа го знаат.
Што ќе правиме без Пинк,аман,не! Уште Цеца да не ја пушта или Аца...кој на крај ќе ни прави највечи журки на балкану,побогу Нека не се заноси. Нек му опрости на Заев. Човекот е малку таков,тресе зелени кај ќе стигне. Она ко кога имаш многу работи што сакаш да ги кажеш и сите ќе излезат на погрешен начин и у исто време. На сите ни се дешава. Премиерот ни е олицетворение на нашето блрбуб. Нек го биде во други работи бар не мора да е јак говорник а.к.а дрндало. Важно ќе оди по дебати. Колку толку напредок е.
Мене ми делува како Зајко да е уценуван од три страни: Хорхич, Албанците и странските амбасадори. Со ваков притисок од три фронта, нормално е дека нема да чуствува некоја посебна еуфорија штом го доби мандатот. Политиката е прљава игра. Исто така, сметам дека Рада му е најголемиот советник, иако некогаш утнува со советите. Се надевам дека после Грујо, нема да ни одекнува на сите еден ист рефрен: „Све је исто само њега нема.“
И јас ум се чудам. Смешни се коа се закануваат. Нека гледаат нивни проблеми, а ги имаат доста. И кај нив времето застанало во повеќе од пола градови, народот гладува, се иселува, а тие се тешат со Македонија и се закануваат.
Власта во Србија владее на многу сличен начин со тој на Грујо,национализам,страв,одмазди,популизам. Затоа знаат дека се наредни на кои ќе им се случи да бидат симнати од власт со вадење на валканите работи јавно. Метод што си го користат поголемите земји кога не им одговара некој што сака да се врти кон Русија,што шири национализам и заговара војни или па што си игра Пабло Ескобар на Балканот. Од тука стравот и аверзијата према Заев и промени.
Читав по српски форуми исплашени да не се случи нешто ,,големо,, тука , па имаа рути каде да патуваат за Грција сега во сезона, а да не поминат од тука. До толку се крева тензија.
Тука треба да се обвинат медиумите кои шират дезинформации, а не обичните граѓани. Повеќето Срби кои јас ги познавам се прилично либерални и не потпаѓаат на пропаганда. Ама таму, исто како и овде, постои аморфна маса со која лесно се манипулира.