Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Не е до аморфни маси и до либерални, туку до психологијата е. Од психолошка гледна точка постарите личности и оние средновековните повеќе подпаѓаат кон такви медиумски влијанија затоа што се плашат од промени, страв им е да не го изгубат и тоа што го створиле, а младите допрва треба да градат иднина, тие се борат за промени, за подобро, затоа што имаат уште многу пред нив, па затоа не си дозволуваат да потпаднат под такви влијанија.
    Туку, србите се бетер Груевски, баш одат на циркус и игри. Провокации до Косово со возот, со Хрватска се испокараа за чоколадо, на Македонија се лутат затоа што Заев рекол дека шират негативна пропаганда. Да не излажал случајно? Па кој македонски медиум со таква страст известува за протестите како што известуваа српските? Кој става знаци БЈРМ по граници и се заканува? А никаква подршка немаат од никого, допрва уште ќе заглават, полошо и од нас...
     
    Последна измена: 18 мај 2017
    На RedRevolution, Црна Ружа, Elen4e_sonce и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    189.223
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Someonespecial и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    А за притисокот од Иванов не ти смета,за помирување?
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.004
    Допаѓања:
    14.653
    Точно Српски Курир, Блиц, постојано прават пропаганди за Голема Албанија и дека еве почнало, се распаѓа Македонија, па дури имаа и некој наслов дека во Скопје се извикувало нешто против Србите. Филмови си прават. Во некои сектори се позатуцани и од нас, ама мислат дека Македонија е паланка, а тие се исти можеби и полоши.
     
    На Rama и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    И за помирувањето со тепачите?
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Што тоа има врска Заев со тепачите?
    Мешаш баби и жаби.
    Се гледа дека на Заев не му е се исто уште кога мораше да им даде прв човек во Собраение.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Јас зборував за младите луѓе, за средновековни пензионери и воопшто не се потресувам што мислеле. Мене целта ми беше да не се поистоветуваат сите Срби, со нивните дебилни политичари и платени медиуми.
    И таму, исто како и овде има интелектуалци со напредни ставови. Секаде важи исто правило, се слушаат викачите, не паметните затоа што најчесто тие не го изразуваат својот став на таков начин.
     
    На daylight и Rama им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Ами повеќе од пола населението се средновековни и пензионери, младите и тука и таму немаат многу желба да останат во државата... Повеќе тежина има мислењето на средновековните отколку на младите, за жал. Иако светот на младите останува...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Значи утепај човек,па опрости му
    Заев беше тепан,Шеќеринска и многу други.
    Јас не би простила!
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Очигледно ја вртиш дискусијата во сосем друга насока, која нема врска со мандатот.
     
    На realGirl, Rama, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Па токму дека останува светот на младите, не треба да правиме поделби меѓу себе. Паметни сме и знаеме дека сите водиме едно исто, словенско потекло и дека нема некоја голема разлика помеѓу нас.
    На нас останува да ги поправаме грешките од постарите. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Тука не станува збор за поделби меѓу нас, туку за смешната политика која ја водат српските политичари. Како што знам, ретко кој од младите е подржувач на Вучиќ, исто како што во Македонија многу мал дел од младите се подржувачи на Груевски.
     
    На realGirl, Aleksandar1212, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    И во меѓународно право ќе сретнеш посебно поглавје за злосторства против цивили, како не се амнестира и како никогаш не застаруваат, па, еве, се опростија кај нас и гледаме веќе повеќе од десет години како странци упорно притискаат да ги има ДУИ во влада, никако влада без нив. Тебе тоа ти има логика, пример? Ти би им простила на Флорина и компанија? Животот на пратениците побитен од животот на граѓаните да не е? ДУИ посебна сорта на луѓе се?
     
    На Lianna Anna, H.VAGA, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    189.223
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај уценувањето... Уцени, уцени евриуер!! На наша политичка сцена нема кој не е уценуван во целава оваа ситуација. Дуи иако освои најмалце гласови се испостави дека е одлучувачки фактор од кој зависеа и двете страни. За Али Ахмети, лично чувствувам лична сатисфакција зошто беше притискан од сите страни, можеше од лице да му се прочита. Па фино си го осети на своја кожа она што тој го праеше долги години.
    Факт е дека, дуи со кого и да коалицираше, спикерот ќе беше Албанец.

    А прашав и не добив одговор. Некој кажа дека се издејствувало Могерини да го укори Талат. Па прашањето ми е... дали тој го тргна знамето?
     
    На Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Не чуствува еуфорија за добивање мандатот бидејќи требаше да го добие мандатот уште пред 3-4 месеца а не да трпи и се мачи со триста глупости , демек сега гаранција имало, истата гаранција ја има 13 месеца ништо не е сменето само циркузи и срамови цел процес на давање мандат беше , плус во иста соба да бидеш со човек кој индиректно потикнува маса народ да те тепа и убие, па уште и да вика помилувај ги , не знам како би се радувал, фацата му беше "тек ќе чујаш ти за лајонес". Јас лично да бев на местото на Заев ќе го плукнев у лице и ќе му пцуев све живо и диво.. Ама среќа што не сум премиер.


    Друго , медиумите не се криви за ширење пропаганди, т.е не се целосно криви де. Криво е образованието. Образовани луѓе нема да паѓаат и веруваат на провокации и глупости кои ги сервираат медиумите. Луѓе кои во училиште научиле морални вредности, итн, немале да си го продаваат газо за партија. ИТН ИТН......
     
    На Elen4e_sonce, Rama, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Не знам, ама не верувам дека го тргнал. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    189.223
    Пол:
    Женски
    Медиумите и те како се криви.
    Тие место да се информаторот на реалната состојба, ги филуваат вестите според тоа која политичка страна повеќе им одговара, вака или така. И место да смируваат, тие уште повеќе дигаат тензии.
    Образованието има голема улога, точно. Ама во земја како нашава каде медиум стана алатка на власта (кој и да е на власт) колку и да си образован, кога на сите страни трубат едно те исто и дигаат тензии, после некое време не можеш а да не се замислиш дали може навистина е така.
     
    На Yipman2 и Rama им се допаѓа ова.
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Медиумите се најмногу криви за објавување лажни вести. Колку од македонскиве веб портали, наведуваат сигурни извори, откако ќе објават некоја вест? Нема професионалност, како и во секоја друга област тука.
    За образованието, не се сложувам. Познавам високо образовани личности, со високи просеци, кои ќе дадат газ за власт и работно место. Моралните вредности се учат во домашна средина.
     
    На daylight, Outlook, ADOKI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.438
    Пол:
    Женски
    Гриевски и српскиот премиер се исто с.....е,различно паковање. Имаат иста пи-ар агенција и водат скроз иста политика. Разликата меѓу нив е што тој без проблем излегува на дуел и е добар оратор,а Грујо е голем коркач и во цели 10 години ниеднаш не прифати дуел со никој,а и речникон му е сра....е !
     
    На Luna91, Rama, Црна Ружа и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Морам да се согласам со некои мислења од горе во врска со Србите..

    Имам и јас пријатели од таму, со кои речиси секојдневно сум во контакт, но од досегашните наши разговори, сфатив дека сегашната ситуација во Македонија, ја изедначуваат со сценариoто на нивно поранешно Косово. Ти им викаш - Дечки, ќе нема војна, океј е! Тие пак ''Ама што ќе правиме, само уште една војна ни фали..''Наскоро ќе станете БЈРМ'' Очигледно е дека за инат се обидуваат да кренат тензија, како да не сме во доволна каша in the first place. Сигурно се сеќавате и на провокаторскиот коментар на нацистот Шешељ кој гласеше, цитирам: ''Sad Makedonci shvataju, bolje velika Srbija, nego velika Albanija''. Непосредно неколку часа после инцидентот во Собрание.

    Нивниот премиер битно ги подлажа со минимално покачување плати и пензии за мир у куќа, да не се крева галама со протести, (читај: копија од диктаторско - пиреј сценарио на Грујо), а овие се израдуваа како деца по бостан тргајќи се од улица.

    Инаку, не велам јас дека нема објективни мислења и од нивна страна, ама дека се големи Националисти во душа СЕ! Не сме ниту ние цвеќиња за мирисање, да бидеме реални, но тие за две скалила не шијат. :) Иако се лутат кога така ќе ги наречеш, негираат, а факт е. Жално е само што народи најслични по ДНК кои ги дели само една граница меѓусебно си фрлаат копје, ама тоа е. Работава испадна, чим вие не ни го признавте Косово, сега ќе ја искористиме оваа прилика за feedback.
     
    Последна измена: 18 мај 2017
    На daylight, realGirl, Rama и 7 други им се допаѓа ова.