Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    189.223
    Пол:
    Женски
    Тоа што образовани луѓе со високи просеци даваат гз за партија не ги праи исто време и интелигентни. Исто интелигентни луѓе го прават истото. Ама тоа воглавно се луѓе заслепени не од партија туку од пари, ненаситни и лакоми.

    И се сложувам. Морал и етика се учи дома и од најмала возраст. Ако стигнале во собрание да учат за истото... пиши пропало таму.
     
    На dunika, Rama, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.405
    Пол:
    Женски
    Канал 5 во моментов дуел меѓу Бетмен и Павле Богоевски
    Многу се блиску седнати:^)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Ич не знаат дебата да организираат, а таа водителката:
    "И црвено-жолтата ли боја ја сакаш?" на Павле. А црвено-жолтата само за ВМРО ли е резервирана?
    Бетмен нешто само се правда... Глупава дебата...
    Непријатно и било, јооооој, не знае кутрата кој да брани сега...
    Туку утре Спасовски-Тодоров... тоа бе ни нило лошо...
     
    На fina erika, Donatela.W и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    189.223
    Пол:
    Женски
    Македонија и дебати... (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.405
    Пол:
    Женски
    Зашто Павле Богоевски кривично се гони???

    Утре гости Оливер и Тодоров хаха што е следно? Дуел меѓу Заев и Груевски???
     
    На fina erika и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    За учество во толпа што ќе стори кривично дело и за материјална штета од 440 илјади денари (шарена револуција)
    Груевски нема да излезе на дуел, не можат да му ги наместат прашањата...
     
    На fina erika, Rama, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Одамна не сум пишала ништо.
    Сега се осеќам слободна и исполнета со надеж за подобо утре!


    Поздрав до сите довчерашни јавни партиски членови и подржувачи на ДПМНЕ и коалиција , а од 17.05.2017 „професионалци“ во државна администрација.

    Ќе ве набројам на форумов кога ќе се формира влада и сите поединечно ќе ве цитирам
     
    На galapce, fina erika, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно, четниците се малку возбудени, српскиот колективен идентитет треба да биде предмет на сериозни социолошки и психијатриски истражувања, верувам дека има што да се научи.
    Со кат-пејст да ја префрлат Србија во супсахарска Африка има да се осеќаат како дома.
    Мирољуб "идеш под мач бато" Петровиќ е фактор таму, nuff said :D
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па пред само една генерација колеа по балканов, шта речи коју поруку послати...и имале инфлација од типот нарачка се плаќа кога ќе се нарача пошто коа ќе ја донесе келнерот веќе ќе биде дупло поскапо :worried:
    Српскиот колективен идентитет беше, е и ќе биде дно.
     
    На sjdgo и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Нема шанси толку брзо да го укинат, веројтно од догодина нема да има. Мене многу повеќе ме плаши дали ќе успеат да ја сменат глупавата кембриџ програма со која ствараме генерации на тупи и неуки деца, како и колку време ќе им треба за да го оправат здравството.

    За долговите на државава, тешко дека ќе се оправиме во следнте 20 години, па кој сакал бил на власт. Немаме ние ништо наше во државава од кое можеме да влечеме пари, се ни е продадено на странци, или е под концесија, немаме ниту една фабрика, ништо не ни е државно, како мислиме да се враќаат долговите не ми е јасно, а при тоа да не трпи граѓанинот.

    вмро крадеше и ја одржуваше администрацијата преку нови задолжувања, даноци и казнувања на граѓаните. Ако планира новата влада да биде поблага во однос на казните и даноците, нема никакви шанси да се врати долгот, и секако ќе мораме да влегуваме во нови задолжувања. што излегува дека задолжувањата ќе немаат крај, ОСВЕН АКО не се процесуираат криминалциве и да се вратат парите изнесени од Македонија, па со тие пари да се намали значително долгот.

    Стршното е тоа што сега новата влада ќе загуби многу со тоа што ќе мора задолжително да го намали бројот на администрацијата, и сите оние кои седат дома а земаат плата ќе мора да ги отпушти, и тие логично ќе се свртат против неа.

    Јас излез не гледам, реално, иако решенија има, но немаме ние такви политичари кои ќе се осудат да ги превземат. Тоа е, враќање на украдените пари и не веднаш да се враќа долгот, туку да се инвестираат тие пари во државни фабрики, водовод, електродистрибуција, кои ќе бидат конкуренција на приватните и ќе ги натераат граѓаните да се трансферираат таму, бидејќи национализирање на истите па ептен никој нема да се осуди да направи.

    Она што требаше СДСМ уште пред избори да го направи, е да каже искрено, дека излезот е тежок и дека за излез од таквата ситуација е потребно воспоставување на сосема нов поредок во државата, кој пак ќе биде тежок и долг процес, и ако навистина се стремиме кон подобро општество ќе треба да издржиме, бидејќи тоа преку ноќ не се прави, наместо да ветува подобар живот од моментот на паѓањето на грујо и воспоставувањето на новата влада, што е неизводливо.
     
    На Elen4e_sonce, Luna91, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.776
    Пол:
    Женски
    @Feminka22, да те израдувам :D
    http://novatv.mk/bogoev-od-ovaa-godina-nema-eksterno-testirane/
    Не ми се веруваше мене дека ќе има време за овогодинешното да го укинат, ама ова изгледа прилично сигурно :?:
    Ептен ќе ми е мило за основците и средношколците ако се стави крај на оваа глупост :party:
     
    На galapce, Elen4e_sonce, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Се ова супер, ама не верувам дека ќе им помине толку брзо .
     
    На Feminka22, Someonespecial и elimkd им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Еве ти како комунистка :worried::worried: треба да знаеш дека има начин да се вратат парите, извесен Јосиф В. Џугашвили тоа го правел со помош на посерување од ќотек на корумпираните апаратчици во подрумите на Лубјанка. Па така одеднаш се сеќавале на броевите на сметките по странски банки...Ние неаме Лубјанка па може и било каков подрум :party: Само никој нема храброст за такви мерки...
     
    На LollySky и RedRevolution им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Заклучокот е - подобро некаква, отколку никаква дебата.

    И вие не претерувајте, им треба време на децата за да ги исконтролираат гестикулациите, и подобрат ораторските способности, тоа не се учи преку ноќ. :)

    Бетмен д'тка, увото жар црвено, Павел ниту лево ниту десно, строго долу гледа и подголтнува. Да ви се плукнам во пријателството штом дозволивте партии да ве разделат. Уствари, wait a second..Toa важи за пола Македонија.

    Битно саглам се избоцкаа, иако ниту едниот ниту другиот не одговорија на суштинските прашања - дали и како ќе продолжат со граѓанските движења. Мислам Богдан на фејсбук спомна дека истите ќе дејствуваат во поинаква форма, иако не конкретизираше како, ама Павле мудро си преќуте, пошто изгледа веќе нема потреба ШР за движење, пошто се распределија фотељите, сега уште да се пополнат и пола од работата е завршена.
     
    Последна измена: 18 мај 2017
    На galapce, Elen4e_sonce, Donatela.W и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.004
    Допаѓања:
    14.653
    За знамето не знам дали го тргнал, но вреди да се реагира секогаш и секаде. Од молчење сме до ова дереџе. Ни ја купија пола држава и сега мораат да имаат и спикер, што да правиме. Дали ќе беше Заев или Грујо, пак истото ќе го добиеја, ама па не мораа Македонци крвнички да тепаат Македонци и за тоа сериозно се згрозувам и нема да гласам веќе никогаш за ВМРО.
     
    На Aquamarine93, Rama, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Јас сум за социјализам, сличен на Титовиот, не сум комунист, далеку од тоа дека сметам дека треба да живееме во утопија, што би значело, да не речам, пештерски живот. Не може докторот и чистачката да земаат иста плата, но чистачката треба да заработува достоинствено и да оди на одмор, и да издржува семејство.

    Да, начини има, нема кој да ги спроведе, прво и основно третина од криминалците од претходната влада се во владата на сдсм. Второ, се додека дозволуваме секој од надвор да ни се меша во внатрешните работи, нема да имаме успех во ништо, па дури и да имаме храбри и ентузијастични политичари. Трето, ова што ти го кажуваш како начин на постапување е нешто што најмалку го заслужуваат, но кој е тој што ќе го спроведе, поточно кој е тој што ќе ја добие поддршката од надвор за да го спроведе, бидејќи ние нишо не смееме да направиме без одобрение.

    Башка затоа го имаме СЈО нели? А сега новата влада нека ги испосмени судиите и обвинителите па и да не му се секираме ако на СЈО му заврши мандатот и не му биде продолжен.
     
    На Elen4e_sonce, Rama, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па ок така си помислив поради никот и аватарот (знаме на СРМ ако не се лажам) и бев малку изненаден :)
    А начин има само никој нема да сака да игра на таа карта, сите сакаат да си остават простор за оф-шор игрици.

    Странците ќе се мешаат со право затоа што ентитетот РМ без странски пари ќе исчезне како церекањето на мачорот во Алиса...
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Да знамето на СРМ е :)

    Не верувам дека сдсм ќе прави такви потези со оф-шор фирмичиња, барем не овој мандат, иако сум сигурна дека ќе си лапкаат како и претходно кога беа на власт, но ќе бидат доста поблаги и посиромашни, бидејќи не остана веќе што да се краде во државава, затоа и вмро крадеа од кредитите што ги земаа всушност, но сдсм нема да може да го прави истото после се што се случи. Додека нивните коалициони партнери благодарение на претходната власт од која беа дел, веќе имаат такви бизниси, но за нив се молчи, бидејќи им се потебни како бројка во собранието, која инаку би ја немале.

    Странците се мешаат за да не пркнеме, не држат буквално во заложништво, и ќе ни даваат пари уште колку и да посакаме, на нив им одговара да должиме и да ни лупаат камати.
     
    На Црна Ружа и Rama им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Затоа што Вучиќ е исто срање што е и грујо и владеат на тотално ист начин, со истите фори и истите пропаганди. Затоа меѓусебно си се поддржуваат.
    И тој и тој владеат со сендвичојадци, со простотилукот и џганот, циганштаната и селаните што им е доволно 1 км асфалт пред избори да им се направи, со медиумска пропаганда, дека Сорос е крив и таму, дека мадер Раша ќе ги заштити, дури кога беа протестите сега во Србија, ѓомити комбето хитна помош од топлата неможело да помине, исто како лани кога беа во МК протестите истата фора со комбето хитна помош. Отвори Србијански портали и читај ја пропагандата, блиц, курир, информер, се е тоа исто срање како кај нас.
     
    На manja666, sweet-cherry, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.