Мислам дека СИТЕЛ нема да постои исто како што го нема повеќе и А1,а може би и ќе постои само после тоа вестите на сител без ЛАТАС И ИВОНА ќе бидат гола вода за ВМРО-вци нема кој да ги кажува статистиките за партијава во опозиција
Во секој втор пост се изначитав навреди, се чудам колку не умеете да комуницирате на културно ниво, а сите се залагате за слободен говор, за демократија, итн. Посебно се чудам на овие од Сдс, се жалат дека бил режим, а сиве години наназад зборуваат слободно, истите се залагаат за демократија, а нивните дела и зборови се најнедемократски. Имам слика дека сите од Сдс се навистина дволични луѓе, со двојни аршини. Некој збор за Заев, повеќе од 450 000 Македонци не го сакаат (а, бројката е поголема, затоа и му е страв од нови избори, иако постојано се силеше дека ќе победел. Всушност Заев е голем силеџија на зборови), потоа, сопствениот народ го тепаше, и тој упорно сака да е на власт. Кој е Заев и каков човек е - доволно е да му го погледнеш ликот, исполнет со лицемерство, злоба, лага, предавништво. Олицетворение е на антимакедонското. Јас не знам дали повеќе се срамам што таква личност постои на политичкава сцена, или од народот кој го гласаше. Потоа, упорно зборуваше против режимот и криминалците, а потоа на еден криминалец и убиец го постави за претседател на собранието. Колку лицемерно. Не се здружи со браќата Македонци, кои го повикуваа на широка коалиција, туку се здружи со албанците. Кој освен предавник, го прави тоа ? И сеуште некои луѓе немаат нималку интелигенција за да го проценат и му се воодушевуваат. И паѓа на ниско ниво - да мора да потпише пред својот народ дека нема да го продаде. Сега да видиме кое место во Влада би го имал Села, оној за кој ние Македонците не сме постоеле. Јас сум за здрава и нормална опозиција, ама тоа не беше Заев. Ги разбирам сите грешки на Вмро, и подразбирам да постоеше опозиција која здраво и нормално ќе победеше на избори. Но, Заев е најголемата грешка во историјата на Македонија. И за жал постоеа Македонци кои го гласаа тој изрод (под изрод подразбирам одроден од својот народ).
Хахахахахаа кај живееш ти човече? Па на пинк и остали телевизии се трпаат Ивона и Миленко да коментираат за ситуацијата у мк, истите се и известувачи за ситуацијата во мк за сите весници. Ај глеј реално какво мислење имаат лугето тука коа они им презентираат ситуација. А јбг сакаш да го признаеш Косово нормално дека БЈРМ ке не викаат што очекуваше, така и е. Ајде да земат цела западна мк и да ја наречат голема Албаније, Тунгузија како год, и Србија ја признае како легитимна држава ти ке кажеш, леле фала ви, браво, така е?? Колективниот идентитет, психа, што год може им е дно, ама ни ние (колку год ја да не се осекам ко дел од тие ние) не сме подалеку, ако ништо друго бар мааалце у некои сфери се пред нас.
И јас не сум партиски определена но сум за подобро здравство, подобро образование го гледав брат ми како мака мачи со децата кога ќе дојдеше ред да се полага екстерното тоа беше шок за родителот и детето,а не за професорите, јас сум да заживее скопје она што беше пред 10 години, да работат фирмите сите фирми а не само оние од кој партијата имаше профит.Си БИЛА во струмица да видиш како е еве јас бев по работа цела чаршија работи сите фирми, продавници бутици жителите таму не сакаат да одат да работат во странство,викаат тука ни е убаво си имаме убав живот фирмите ни работат, продавниците задоволни сме од овдешниот живот да не бев немаше ни да поверувам.Јас сум за подобра иднина јас сум за да говорам слободно а притоа никој да не ми го мери зборот.И да сакам реформи доста беше од ова владеење дајте нешто друго епа секој ден грав не се срка
не е ни до сдсм ни до вмро што македонија е нефунционална, вмро направи доста добри работи... но не испорача исто така многу, не очекувајте исто така многу од сдсм, вие сте сите паметни и знаете што е проблемот на македонија, ако македонските партии не се обединат и не му ја затнат муцката на иридентизмот и заплашувањата од нас држава не бива, замислете бре 9 министерски места им дадоа, вие од шарената за тоа ли протестиравте ? неуки воени профитери да ви водат министерства ? оф мори мајко. во лице ви кажуваат не сакаат ни јазик земја знаме химна грб, и вие го сметата во рамките на нормалата ? ало каде живеам јас ? во македонија или во некоа земја без корен...
Ај ти информирај се кој колел, а кој крв пролевал, немојте бе вака вакви муабети од рекла казала. И разграничи си Српски и Србијански менталитет. Србијанците и Србите од другата страна на Дрина се два различни поима.
баталете срби бугари грци... што колеле пред 100 години, нас не колеа пред 2 години во куманово, а сите ќутат. грците бугарите и србите го признаваат македонскиот териториален интегритет, ние патиме од внатрешен непријател, и тоа не е омраза ако го кажете, затоа што е вистина. шкендијата и балистите во струмица, илирида илирида илирида, едно влакно не им фали !
Еве Груевски сега нека биде здрава и нормална опозиција Јас признавам, не гласав на претходните избори, еве не бев во можност да отидам во местото на живеење од лични причини. Да отидев, немаше да гласам за СДСМ, ќе гласав против Груевски. А единствен начин твојот глас да се брои и да гласаш против Груевски беше да гласаш за СДМС. Лани бев во Хрватска кога имаа предвремени парламентарни избори. Беа на сред лето, во почетокот на септември. Едноставно, ако не си во местото на живеење а сакаш да гласаш се пријавуваш дека сакаш да гласаш на тоа и тоа избирачко место. Ама таму нема изборни малверзации како овде. Никогаш нема да гласам за ВМРО додека Груевски е на чело, за него и за Тодоров никогаш не би гласала. Да не ти трепне око додека умираат млади луѓе, трудници, новороденчиња.... Ти си женско, не ти е страв да останеш трудна во вакво здравство? Не ти создава гнев фактот што 35 од 80 општини немаат матичен гинеколог (43,75%)? http://a1on.mk/archives/741098 @Дарко1991 биполарно пореметување да не имаш? Пред 3 дена колнеше, пред 2 славеше, сега пак нешто те удри в глава... Дај одлучи се... Или е тоа почетна фаза на цветање на сончоглед?
па славам оти потпишал нешто... сигурно е заглавен до гуша штом потпишал, за тоа се радувам, но не се радувам за состојбите во државата, а најмалку ќе ги реши состојбите либтарди. здравство ајде ама образование кај сдсм ? ќе нема екстерно но затоа ќе има глупости како педофилија, еволуција, граѓанско образование, ќе има големо труење на деца.
Образование? Озбилен си? Пошо образованието сега ги учи децата дека ако си богат не ти треба образование и не мораш да се дружиш со луѓе кои не се твоја класа... Дека секое смеејство мора да има мама и тато... Дека наркомани се тие што слушаат метал... и да не продолжувам...
па семејството е и се создава со мама и тато, а другите твои примери се чиста глупост. пс те молам продолжи научно би сакал да знам во какви работи верувате дека се вистина, можеби и дека во училиштата има силувачка култура.
Забораваш дека си на женски форум. Чиста глупост е ако некоја собрала сила и го напуштила собругот кој ја малтретирал и неа и децата? Чиста глупост е ако едниот од родителите починал? Чиста глупост е ако едниот од родителите заминал? А другите примери не ми се чиста глупост, така пишува во учебниците од поранешната влада...
Сепак не си видела убаво во Струмица. Чаршијата е полу мртва, а во последн време и Глобал, се нешто се затвара, полу празен е , ќириите се вртоглави. Во собрание ако треба да има 50 , има 500 луѓе, како и во Комуналец. Затоа што таму повеќе не ги собираа, им отворија канцеларии да ,,работат,, на проекти. Поубаво кажано никој ништо не работи, а сите земаат плата.Не многу различна слика од државните институции. А тоа дека не сме иселени, е да знаеш дека сме. Изгледа си слушала што ти одговара.
јас не реков за такви случаи, јас мислев дека ти кажа за тато и тато, и мама и мама, и што е лошо ако се учи тоа ? па и ако има починат родител, детето да не знае што сочинува семејство ? стварно не ми е јасно што сакаш да кажеш/
Молам?!? Педофилија ќе имало, и тоа ја ставаш до еволуција и граѓанско образование? Стварно се надевам дека тролаш, ако си 91ва и си озбилен со сите овие коментари... ноу комент
Ти или имаш кратка меморија или многу добро живееш од вмро, им дале 9 министерски места? На кого тоа, на истите оние на кои вмро до вчера им даваше. Што добро направи вмро, што не покраде ни го сведе стандардот на жвеење во 50м2 максимум станчиња, бидејќи повеќе не можеме да издржаваме со греење/струја, ни го сведе животот на тоа да ги јадеме ѓубрињата од Стокомак, и да се облекува народот во кинеска гардероба, на тоа да се молат ситните бисниси да не им влезе инспекција и за еден денар да платат 5000евра казна (кои патем едвај ги заработуваат во цела година), додека тој недоразвиениот вози кола од 600.000евра, носи наочари од 30.000евра.... Што направи вмро за тие за кои стварно требаше некој нешто да направи, каде се стечајците, каде се социјалните случаи, знаеш ли колку е социјално во МК, 3000 денари, ајде да те видам живеј ти со 3000 денари и при тоа плаќај и кирија, бидејќи не знам дали знаеш но за да добиеш право на социјална помош треба да не поседуваш никаква недвижност, дури ни возило скапано од 1970та година. Што направи вмро, отвори фабрики (читај логори) во кои не смееш повеќе од еднаш во денот да одиш да се измочаш, да црнчиш за нечии милиони додека тебе ти дава 12.000 - 14.000 денари мизерна плата од која не можеш на децата еден одмор да им овозможиш во годината? Друго што направи вмро, проект во главниот град кој личи на циркус и вреди милијарди скриени евра кои им се преточени во оф-шор фирмите, јахтите, викенд-вилите во странство, додека некој се бори за гол живот? Направи пензионерите да скијаат, да, и да се возат во јавен превоз кој нив ништо не ги кошта на сметка на тоа што мизерно им ги зголемуваше пензиите додека цените на прехрамбените продукти растат вртоглаво (порано со 500 денари човек можеше да јаде 5 дена, а сега едвај 2) Превработи нестручна администрација за гласови на избори (од сигурен извор ти кажувам за еден дечко што викаше ‘‘абе ме вработија а немаат кај да ме седнат у министерствоно, нема доволно столчиња за сите а не па работа‘‘) ... тоа ли е добро? Да не ги спомнувам палмите, уништувањето на зелените површини, узурпирањето на секој квадратен метар од центарот на Скопје. Те молам не ми кажувај што направило вмро, да, точно е дека направи, направи работи кои никогаш нема да ги заборавиме и за кои се лежи доживотен затвор. Те молам немој само да ми реплицираш со тоа ‘‘А што направи сдсм‘‘ и тие ништо не направија, заворија и приватизираа се што можеше, оставија без леб еден куп семејства во 90тите. Немој да ммислиш дека нив ги бранам, но како вмро, до сега вака лошо водење на држава немало ниту ќе има.
Значи иселени се, не цветат рози ни во Струмица замисли. Секаде е исто, само ние понашминкани сме. Ама од добар дожд , куќите покрај каналот се поплавени. Во конфкциите на Заев земаат по 5000 , со услови никакви. Ете нека биде пример и нека почне со неговите фирми. Затоа и не очекувам оти ќе се случи некоја голема промена.
Само ти можеш во една реченица да вклопиш поими како граѓанско образованиe и еволуција, а притоа и да ги наведеш како погрешни општествени фундаменти. Кажи ми дека тролаш, молим те.