Даре..збори си,пишувај си..ако..нека ти олесни што коловоѓата не е власт. Исплачи се,тука сме за да те слушаме и утешиме. Дека Заев во неговите фабрики давал по 5000 - давал..така е..ама од свој приватен бизнис,не оштетил буџет,Држава,не украл од тебе за да ми даде мене.. Нека се стегне сега,нека покаже дека е вистина ветувањето со минимална плата,ама и нека ја истреби администрацијата која е изнатрупана. СЕ како што вети,така да стори.Ако и тој подметне,тогаш Македонја ја губи смислата на постоење..
Луѓе на високи функции, директори, стари членови на вмро, сами кажуваат дека не е психички нормален груевски. На состанок сите ќутат, никој не смее да каже што мисли, и да не се согласува некој ќути од страв... Не смеат да имаат поинакво размислување.... Им се дере, ги вреѓа дека се неспособни, урла пред нив. Баш ко видеата со Хитлер. Тоа демократија е? Пред народот е насмеан и фин, а не сакате да знаете колку психички ги малтретира сите министри, пратеници и директори. Жена директорка на голема институција во Ск, секој ден пие хелекси и дијазепами. Сака се откаже од директорско место, ама колеги и викале: Немој да си се осмелила да дадеш отказ, многу ќе ти наштети и тебе и на твоето семејство...Под стрес и закана се сите. Тоа ви изгледа на нормален човек? Ме нервираат луѓето што паѓаат на неговата насмевка и МИЛ поглед Плус сега е веќе опозиција а тој ВЕТУВА вработувања и нови изградби Кај смее да ветува кога оди во затвор? Епа никој ништо не му лепи. Тој сам си се покажува дека е психички лабав. П. С. И во бомбите може да го слушнете Ставревски како вика Ние сме лудаци.
@JollyGirl, извини вака ама ич не ги „купувам“ тие муабети. Гревчиња, трпат од лошиот Груевски ама ете, немаат избор. Не им чини? Дај отказ, напушти фотеља и дели тиња судбина со останатиот не-вмроовски народ. Побуни се јавно, кажи ја вистината. Вака, се се тоа само оправдувања и оградувања, особено сега. Сите се исти, да не беа, ќе застанеа против ова што се случуваше! Грујо ајде, нека е психо, ама тогаш што се оние што го следеа?
Не можам јас со сила да ве убедувам под колкав притисок и закани се луѓето. Само тие што познаваат вмровци директори, знаат за што зборувам. Плус не сакам да пишувам тука пошто тоа се премногу приватни разговори... Само ќе кажам дека и до закана со убиство е дојдена работата. Не сакаат веќе да го трпат тоа, ама НЕ СМЕАТ да дадат отказ. Се фатиле за орото и нема пуштање. Колку пати таа што е директорка, на сред состанок пред сите сакала да стане и да каже дека дава отказ, ама тие околу неа и викаат Седи и не се глупирај... Ќе настрадаш... Ќути и слушај го. И јас си мислам колку се прости. Ако не ти се свиѓа да бидеш директор, замини си... Ама не е така лесно. За 2000/3000 денари плус што ги зема од вработените, ќе заврши и таа во лудница под толкав притисок. П. С. Сега секако сите ќе бидат сменети... Ама додека беа на власт, тешко нив беше...
Исплашени, изманипулирани, уценети. Допрва ќе излегува на вистината колку е стварно психички болен Грујо. Ај едно е да се правиш наудрен и да не признаваш бомби и криминал кога немаш друга опција и си фатен на дело, ама друго е стварно да не си психички во ред цели 10 години т.е. цел живот. Ќе стане се' јасно во наредниов период кога сите ќе пропеат, а Грујо ќе заврши во лудница или в затвор. Повеќе е за во лудница, таму може да прави влада колку сака хаха.
@JollyGirl, @Mr.Awesome, епа тоа се тие муабети кои очекувам сега да ги слушаме на сите страни: „Јас не сакав, ама Грујо ме натера...“ Кога ќе дојде време да се бара одговорност, сите ќе пробаат да ја префрлат вината на некој друг. На нас е дали ќе им веруваме, ама што се однесува до мене, како што тогаш знаеле да ќутат кога требало да зборуваат најгласно, сега нека си ја делат судбината со Груевски и дружината.
Немој да ме јебеш... http://novatv.mk/todorov-potpisha-dogovor-za-izgradba-na-klinichki-gruevski-vo-prv-red/
Да, а не беа здрави кога си ги плаќаа своите директорски работни места, со по 20 000 евра? Свесно ги подмитија и опарија партиските големци, а на тоа режимот во почетокот не ги натера. Сега се жалат дека биле малтретирани, им се вршело мобинг, па што мислеа они, тоа клати врата зимај плата така ќе помине?
@Nigredo Odor Гледам вчера снимка од некоја утринска емисија на Сител. Се јавува човек: "Кој бе ќе ме избрка од работа, јас 3000 евра работното место си ги платив пред 3 години, кој ќе ми ги врати тие пари". Водителката гледа како попарена... ЕДИТ: еве го видеото https://www.facebook.com/gledytv/videos/931566976940468/
Па тоа е, ние македонците нашата уштедевина заработена во времето на Југославија си ја потрошивме или за подмитување, или на кредити. Бар за кредитот не ти е криво, си купил нешто си се подновил, ама краткорочната слава има горка цена.
Не знам дали човек да се смее за ова или да се плаши пошто стварно е болничко. Значи ова од денес, па и од вчера насловот на Мактел сторијата: Спојлер прави да ми е смешно. Болест и неможност за помирување со новата реалност - така делува ситуацијата. Решени да бидат на власт до последната секунда т.е. додека не се формира новата влада.
Три фабрики најавиија последните 2 дена (барем мислам)... Не знам што им е филмот... И што најавува Груевски кога не е ни премиер, Димитриев арен е?
Кога сме веќе кај партиското вработување за време на вмро, моја познаничка лапна место во администрација, преку собирање на околу 30-40 потписи на луѓе кои би гласале за вмро. Процесот беше буквално како просење, им се јавуваше на луѓе да ги труе на моб. А сигурна сум, дека за да се комплетира списочето, имаше и по некоја уцена. Денес, истата таа персона, како сончоглед се сврти кон сдсм. Па дури и јавно им честиташе победа. Со ваквите луѓе што правиме?
Ако гледаме сите поситни директори што правеле, буквално нема место да има во затвор. Ќе треба по затворите на комшиите да ги носат...Кој во Србија, кој во Грција. Немаат толку големи криминални дела правено овие директорчиња, единствено што се терани со сила на некои измени и проекти...Безволно мора да прифаќаат. Ама нема да завршат во затвор тоа е сигурно. Полека веќе ќе ги враќаат на старите работни места, а на нивно место ќе ставам сдсмовци. п.с. Нема да верувате ама уште не се предава. Еве вчера и сабајлево ги тера да пишуваат предлози со нови закони и да му ги пратат Ама за среќа, повеќето веќе се освестени дека изгубија, па не пишуваат ништо...Едноставно им е гајле, пошто секако ќе бидат сменети...Знаат дека Заев е на власт и нема што да им прави веќе грујо Но има и такви што уште се исплашени, па пишуваат и му праќаат предлози Се изживува човеков на големо.
Таман ќе помислиш дека малку одмалку им дошол акл, тие пак по старо...!? Едниот не само што ден-два по дадена изјава веднаш се посипува со пепел, дава неумесни изјави туку и измислува дека некој му се извинил. Другиов сеуште си мисли дека е премиер па најавува отварање на нови фабрики, вработувања, нови инвестиции па дури на компаниите им и ветува и бесплатни странски експерти.!? Уште пострашно и посрамно е што гревчињата од градоначалници и локални партиски функционери декоративно во позадина молчешкум стојат и само климаат со глава. Цццц...... не ќе да е доба работава со луѓево. Ниту крстење со две раце не помага Има ли некој да им каже дека нивниот воз одамна замина. Доаѓа друг експресен воз кој ќе ги однесе на долго посакуваната дестинација.
Јас се плашам дека баш ситните рипчиња ќе го јадат за се, нивните потписи стојат скоро па секаде, овие ги правеа мучките ама си се штитеа колку можеа. Сега колку такви ‘‘не знам јас, бех у подрум‘‘ и ‘‘едвај чекав вие да дојдете‘‘ допрва ќе се појават ехеееее, тоа му се случи на сдсм во 2006та година, сега на вмро истото ќе му се случува, одлив на партиски члеови кои ќе плачат во сдсм како они биле уценети за лебот што го јадат. Повеќе се плашам дека 26 години се вртиме во круг, никој ни да пресече, ни да помисли за доброто на сите граѓани, се плашам дека во следните две до три децении нема да имаме 3та опција, а се додека немаме 3та па и 4та опција ништо нема да се промени, не викам дека на следни избори треба да победи некој трет, но да се појават јаки партии кои ќе го раздрмаат собраниено, а тоа од нас зависи.
Мене Тодоров ми е еден од РЕТКИТЕ што не ми е одвратен од таа партија. Шо нам, дури го сожалувам каква марионетка испадна на Ж. Не е до толку лош човеков барем според мене... Химлер(Антонио) ми е страшно антипатичен и Владо Ѓорчев е поокеј од таму. Како Ж никој не ми е одвратен уфф, само заради него сум ја замразела толку таа партија. Со сите се изживува тој, мислите дека не се изживува и со овие пиончиња. Тој гази преку се луѓе, Ги намести и будалите Дурловски Бетмен Едноокиот и тој шо јаде само пити (шо би рекол татко ми ахахах) Владо Јовановски. Жално е за нив, зашто? Дурловски беше врвен во својата професија, Владо такоџе... Сами си направија дамка на себе Санац порано ептен го поштував и сакав, баш ми беше супер, сега кога ќе го видам желудник ми се превртува. Сами си направија , абе ниедна пара не е вредна повеќе од достоинствен образ... Али секој со своите калкулации