Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    И сите ќе си збориме албански :tmi: јлљ2х134ирт5пфрцњхна,џцдањкљ,М
    А тоа за префрлање вина не верувам, па еве уште на почеток Б.Ц. има вина што Груевски изгуби неколку мандата :lol: Политички мотивирани и искреирани (читај од Б.Ц) се и денешниве протести, и на крај краева Б.Ц. е крив што сега Ахмети има толкава моќ оти му лапна неколку пратеника :rofl: И така за сето горенаведено веќе знаеш кој ќе е крив и што е жив :rofl: :lol:
     
  2. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    А јас од сигурни извори (од Sitelleaks :D ) дознав дека Б.Ц. ја предизвика бурата со град од пред некој ден. :rofl:
    Јас не можам да разберам како луѓево после се' што се случи, не сфатија кој е предавникот...
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :rofl: :rofl: A да де, па нели он ја предизвика и економската криза за кутриот Груевски да си има повеќе проблеми и да шекне трошејки пари на споменици, уверувајки не дека криза НЕЕЕМА :lol:
    Ццц каква ни е политичката сцена значи, не може некој СЛОБОДНО да си искаже јавна критика, не може да протестира пред неправда-сите до еден на крај се ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИ за бедни п.поени :tmi:
    И најглавно НИКОЈ НОРМАЛЕН на се собира на мирен протест, тоа се се Бранкови ОРГАНИЗАЦИИ :^)
    Следно-укинување на ваков тип дебатирања по социјални мрежи, нивна контрола и казнени мерки за истите (предавници на патриотите) всушност како што предложи УРЕДНИКОТ на Сител ТВ :fubar:

    Овие кога ќе сватат дека ПАТРИОТ НЕ Е ОНОЈ КОЈ СЕ ГОРДЕЕ СО ЗЕМЈАТА ТУКУ ОНОЈ КОЈ ЌЕ НАПРАВИ ЗЕМЈАТА ДА СЕ ГОРДЕЕ СО НЕГО :fubar:
     
    На tanja6, julie77, SunFlower94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    116.854
    Пол:
    Женски
    еве мене денеска ми почна ужасно денов со нервози . Бранко ќе да е крив!! :fubar: :fubar: Ајде бе биди маж па кажи дека грешиш, повеќе ќе те цени народот. Не сум ни за едни ни за други ама ова да се криви еден човек и за шуто и рогато па претеризам е веќе. Досадни станаа!! :swear:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Она што баш ме радува е фактот што со оглед на тоа што твојот мозок и сличните функционираат многу елементарно и еднонасочно човек и со минимален напор може да ви реплицира успешно подобро отколку кога вие НАМЕРНО се обидувате да бидете паметни, ама некој само на обид останува.
    Јас не градам култ кон сегашниот градоначалник само го компарирам со претходните кои веќе беа со изградени кариери и оваа функција им беше само уште нешто што ќе им биде дел од постигнатите успеси и претежно ги одремаа мандатите зборувам за луѓе од различни партии, а овој барем има резултати, а под култ мислам на обожување на нечија личност безгранично и независно од било што, а изјави од типот најдобар е непоткрепени во што може да ги протолкуваме и - во бокс на пример, :D .
    И најди ми цитат во политичкиве теми во кој лично се фалам СЕБЕСИ за да ми демонстрираш злоупотреба на поимите.
     
    На enca.69, DivineChaos, milky-candy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Бучко преминува во десница или јас нешто погрешно разбрав? :|
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Озбилно :D немам гледано никакви вести денеска, ама не ме чуди. Пред неколку дена имаше најава од ВМРО дека кон десницата се припојуваат некои ех пратеници од левицата. Па да видиме што ќе биде.

    Во врска со градоначалникот на Охрид - Аце.
    Не е прашањето за неговата способност да ја менаџира општината, не е сомнеж за начинот на кој тој бил избран, неговата кадарност или мешање на луѓето кои не се од Охрид во одличното функционирање на општината, нити пак е во прашање неговиот ограничен фонд на зборови, елоквентноста негова или што знам што. Штом по втор пат сте му довериле мандат веројатно добро си ја врши функцијата.
    Тоа што на онаа снимка што ја постира Скоприонка се гледа е нешто друго. Безобразен обид на еден градоначалник да се меша во демократското право на граѓаните-жители на Охрид да слободно одлучат за кого ќе го дадат својот глас, што е нивно уставно загарантирано право. Не напразно се викаат СЛОБОДНИ ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ и не напразно се викаат ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. Значи, ако господинот дава се од себе да им излезе во пресрет на сите оние кои се со местоживеење на територијата која спаѓа под негова јурисдикција јупи за човекот, благодарни би биле и ние, кога би имале во Скопје градоначалник, кој освен задолженијата од областа на локалната власт ќе извршува, доброволно и дополнителни функции во интерес на скопјаништава... ама :) ако е супер градоначалникот на Охрид, по автоматизам не значи дека неговите услуги кон граѓаните треба да бидат исплатени, преку гласови набилдани на контото на СДСМ за секои наредни парламентарни избори. Добар градоначалник не по автоматизам треба да значи дека партијата негова треба да победи во таа општина, добра индивидуа е тоа, добро си ја брка работата, не значи добро си ја брка СДСМ работата. Или можда тој би едноумие во неговиот град, пошто тој е градоначалник па задолжително и сите да гласаат за СДСМ никако обратно или?
    Ако беше така, во тој случај не ќе се викаа парламентарни избори, всушност немаше воопшто државава да има потреба од дополнителни, освен локални избори, ќе си имавме парламент составен од градоначалници, или евентуално партијски војничиња според бројот на градоначалнички и советнички позиции на секоја од партиите, и во тој случај не ќе се викаа пратениците народни избраници, него партиски избраници.
    Тоа е што градоначалникот љутко прави на видеото, се меша во нешто што не е во негова надлежност, а тоа правото на оние кои го избрале, вклучително и оние кои не го избрале да слободно на база на свои лични интереси, убедувања и тако даље тако даље, одлучат кому сакаат да го дадат својот глас, т.е кој најдобро според нив би ги претставувал нивните интереси во Парламентот.
    А, ова инаку не би смеело да си го дозволи ниту еден градоначалник, да излезе овој нашиов на Аеродром и да ми се жали што имале помалку гласови од минатите избори, а тој се пукнал од правење за нашава општина и посебно мојава населба Ново Лисиче, а јас не сум гласала за него :worried: од што ќе ми падне грев за него, а верувам и на многумина да би го гласале пак наредни избори секако |(
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Неофицијално, министри за правда и транспорт и врски ќе бидат "браќана" од дуи...Ухх лелее, допрва ќе му се тера сеир на Пајо Паторот...Најмоќните министерски места ќе му ги земат, па нека мрдне да го видам после...Ќе му преостане само да излезе пред напалена вмровска толпа и да меле празна слама за Бране... :clap: |(
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ништо ново или неочекувано, секогаш партијата која влегува во коалиција од албанскиот блок влече добри министерски позиции, само јас не би го осудувала а приори никој човек пред да заземе било каква нека е и министерска фотелја, фактот што е од албанска националност не значи професионална или било каква инфериорност во никој случај.
    Јас не го почитувам како премиер Грујо во поново време поради низа капитални грешки меѓутоа тој беше добар и посветен како министер за финансии, а од друга страна Гошев кој се покажа како тотален фејл на министерска позиција беше именуван за гувернер на НБ функција која треба да ја врши еден ако не и најспособниот економист во земјата, нејсе Македонија е ленд оф опортјунитис за некои, не мора да одат во САД.
     
    На zhap4e, LivingGlam и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    И јас богами би почекала да видам кој точно ќе бидат министрите и би почекала да видам како ќе си ја бркаат работата. Во секој случај, за транспорт воопшто не ми е чудно бидејќи до сега многупати ДУИ изразуваше желба баш за тоа министерство и беше спомињато како можност дури и кога имаше реконструкција на владата. А, дали бил албанец или марсовец, мене најмалку битно ми е. Дури и кога збореа на ТВ за спикер на собрание да биде од ДУИ, Теута Арифи се ми чини начув негде од рекла-кажала да го речам... па искрено милион пати би за неа, него ли за многу други наши. За неа се уште имам мислење дека е способна жена, се уште ме нема разочарано, како што многу жени наши политичарки, и од двете партии.
    А, на место на Михајло, министерот за неправда :) секое решение ми изгледа подобро решени.
    Можеби баш новиот министер Албанец ќе си ја брка работата одлично и ќе ги направи баш сите потребни реформи во судството... а транспорт и врски :) е финансиска жртва :D од тука треба да се црпат и подперуваат пари, како што правеше Миле центрифугата :D
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    На Strumfeta93, Miss-Independent, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.406
    ^ :D Одлиќно!
    Aу ама е глуп овој Латас,значи хахахаха...јак е само кога сам си збори у студио.А вака коа ќе се замислам он *ништо не мисли*,бар си признава дека друг мисли за него вака или онака! :D :D :D
     
    На zhap4e, LivingGlam и enca.69 им се допаѓа ова.
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Ама Мрлинче! Зашо се мачиш да им објаснуваш? Они се за жал такви ( чест на исклучоци ) тоа им е во агендата жално е тоа што им се прави нив затоа пушти ги нека лаат они тоа го прават кога немаат аргументи вреѓаат ете гледај самиот министер со неговиов испад е пример за начинот на нивното владеење...гледаш јас се откажав не се расправам они се испрани, одземено им е правото на размислување со своја глава...па наредната власт што ке дојди треба оваа старава сите да ги прати во Хаг оти ни го уништија народов...не уништија сите...поголемо злосторство од тоа нема врз човеѓтвото. Од мирен народ ѕверови направија.....гревови ќе плаќаат. Мене и за нив ми е криво и жал Турско били ова не било. Џабе се трудиш се изложуваш само на омаловажување и вреѓање од луѓе што неможат или несмеат да мислат со своја глава и си ја нервираш душичката. Гледаш и сама каква наредба имаат - Штом не се слагаш со овчарот нивни одма си против нив, ако ја критикуваш владата одма си СДСМ ама стварно излегле од граници на нормала и сега Бог на помош и нив и нас.
    А сите нив сакам само едно прашање да им поставам и баш ме интересира што ке одговорат иако претпоставувам- ЗНАЧИ СИТЕ ВИЕ ИДОЛОПОКЛОНИТЕЛИ НА ГРУЕВСКИ И НЕГОВИТЕ ПАЈТАШИ ВЕ ПРАШУВАМ ДА МИ КАЖЕТЕ ГРЕШКА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ, ГРЕШНА ОДЛУКА ИЛИ БИЛО КАКВА НЕГАТИВНА РАБОТА ШТО ЈА НАПРАВИЛЕ ВО ОВИЕ 5 ГОДИНИ????
    Одговорот на ова прашање ке ви разјасни се на сите вас кои мислите со своите глави до кое дереџе е државава!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Значи за џабе се трудите да кажите дека се прости...и луѓето кои гласаат за нив се прости па не сваќат ништо...не сваќат на кој му ја дават власта...тие си мислат дека така треба да се збора тие си мислат дека ова шо се случува во државата е нормално..
     
    На SunFlower94, Masnoli01 и enca.69 им се допаѓа ова.
  15. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Ова може админите ќе го стаат како тема, не знам или е за тука ама вчера на конститутивната седница сум се згрозила од репликата на Влатко Ѓорчев на Јани Макардули кога тој ( Мкардули ) му забележа на претседателот Иванов дека не се поздравил со опозицијата! Значи од прв ден ни кажуваат индирекно што ќе биде- кој не гласалл за ВМРО не постои. Срамота се згрозив.
    Инаку изјавата на Ѓорчев беше нешто вака - Колега Макардули од левата страна седат пратеници со 480 000 гласови што е за почит ( демек ок ) ама од деснава седат пратеници за кои гласале 560 000 илјади така да.....- Демек нема шо да се поздравува со вас вие не сте пожелни со се тие 480 000 граѓани што ве гласаа (според власта предавници.) Срамота! ....
    Мислам стварно индирекна или дирекна порака до неистомислениците на владеачкава гарнитура (режим).
    Значи сите оние кои што не се слагаат со владата немате претседател, па ни влада ако сакате или НЕ ПОСТОИТЕ. А само за информација поголемата половина општо се изјасни ПРОТИВ овој режим...не за СДСМ против. Значи овие имаат во план 600 000 луѓе ( заокружано ) пола народ да го уништат, истребат или кој знае што можи имаат нови методи на чистење.
    Срам ми е што живаем во ваква држава...срам оние што не водат прво немаат култура, па за човечност да не збориме...ништо ни морал, ни совест. Дај Боже секој да го стигна казна! Дај Боже од најпитомиот народ направија ѕврови. БЕЗ'РБЕТНИЦИ!
     
    На SunFlower94, crazyinlove19, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.406
    Aaaa овој Милошевски или лаже или му смрдат чорапите.Ќе се откажел од министер за да биде добар татко?!Пф...ондак Милошевски има поголем мајчински инстинкт од онаа брклана.
     
    На nena2010, SunFlower94, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Не драга, не е тоа, ова не е негова одлука него му е казна затоа што го обелодени јавно во писмото до Бан Ки Мун дека Овчарот Груевски во Букурешт 2008 на самитот го смени името на државава и така да пошто беше непослушно војниче ( по мене совесен граѓанин и единствен од ВМРО за кој што имам виско мислење и стварно го ценам е Милошовски ) за него нема место во новата влада. А човекот само беше доблестен и го гризеше совест и правилно постапи. Ама Фирерот е изневерен и сега казнена експедиција. Е затоа не ради фамилијарни обавези. Нашата држава функционира според болниот ум на еден боксер кој што има повеќе комплекси одколку што има народ по светов.
     
    На enca.69, lolyta777, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Антонољи се повлече од министерската фотеља... :^) Интересно :) Сега ли - наеднаш му дојде желба да се посвети на синчето? Баш сега...? :) Зошто толку го форсираа во изборна едница 5 мислам беше?!! За сега да ја спрашти од влада...Си лапна 2 удобни станчиња во Германија, пун е како брод од стекнатиот капитал од наместените амбасадорски места и сега ќе се намести на некое атрактивно амбасадорско место(Лондон на пример...) |( А и Пајо Паторот така одлучил деја е најдобЛо... Ќе стави некој млад партиски војник сега на место на Антонољи, како Протуѓер или вечнион студент и ќе се утепа од шетање по светов со народни пари...
    Иначе ДУИ им ги лапна најатрактивните министерски фотељи - за одбрана, за правда, за економија, за екологија итн...Има и други ама овие се некако највпечатливи..Тие шиптарски куќиња што се изживуваа врз македонски цивили во 2001 сега ќе седат во министерски фотељи..Пајо Паторот знае како тЛеба и како е најдобЛо за оваа дЛжава... |( Продаден гз...
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Еј, рачунајте плус дека министерот кој сега ќе министерува со надворешни ќе треба на грб да си препише и промена на името... в тесно втурнат, кој сака бре да министерува . Кој сака да го запомнат како предавник, кога на фејсбук си редел постојано патриотски коментари, патриотски слики дури.. хм!

    А, ДУИ тоа што сега ново добија е правда и одбрана, екологија и економија беа нивни де, затоа пак се откажуваат како што разбрав од труд и социјала, Спирчо заменикот ќе го водел.
    А, мене ама ич не ми е битно тоа што одбрана и правда ќе го водат дај боже покадарни од Коњановски и сега ех министерот за неправда Михајло. Што добро стори Михајло пак да се потресувам, во чии раце ќе падне тоа баш министерство... јас се надевам само на подобро, се си мислам полошо од оној министер не бива. За одбрана искрено се надевам дека вака односите со генералштабот на АРМ ќе се подобрени, бидејќи никогаш до сега не беа ко што треба. Секогаш имаше електризирање бидејќи главниот во Генералштабот е од опозициската, а главниот на одбрана од власта.

    Горде, ух. Горде е играч број еден на Грујо, барабар со Ставревски и Миле. Тие се под стаклено ѕвоно, бар беа.. а како ми изгледа и ќе бидат.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ма ме боли гајле за политика. :$ :rofl: