Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Администрацијата во две смени ќе работи.
    Сите под стресс:o..до вчера не доаѓаа воопшто на работа,сега ќе мораат во смени.
     
    На Hipster, sparklie, Yipman2 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: ќе пукнам, стварно? Убаво викаше тој дека немаат доволно столчиња за да ги седнат, епа сега нека седат на смени и ќе си работат до 8-9навечер :rofl:

    Па добро и не ме чуди, капиталистички потег, нема да излегуваме од работа за да вадиме лична карта, пасош или изводи, после работа ќе си ги бркаме работите, а тие што се втора смена или трета, ќе си ги бркаат од сабајле.
     
    На Yipman2, blackwave, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Ако си збориме реално, имаше трета опција, а тоа беше „Левица“. Ама уште на почеток се вртеа некои муабети дека Апасиев земал 2000 евра од вмро, па дека таа партија била креирана за да им одземи гласови на сдсм. Па членство незадоволно што не коалицирале со сдсм. Од таа ука-бука, многу гласови изгубија. И ден, денес не знам дали навистина било така, или се беше пропаганда на сдсм, за одат таму гласовите. Сум пишала и претходно, ќе пишам пак, политиката е валкана игра секаде ама во мк се надминуваат рамките на нормалното. Имаме доста корумпиран народ, кој кога ќе седне на функција прави хаос. Од таму доаѓа цела стагнација за која ти спомна. Мене искрено, одмна ми е изгубена вербата во Македонија. Може звучи песимистички, ама ништо добро не сме виделе изминативе години, затоа и 600 000 Македонци се иселија, меѓу нив и јас. За да допринесат тие кадри да се вратат во мк, ќе треба многу работа. :)
     
    На LollySky, realGirl, Elen4e_sonce и 2 други им се допаѓа ова.
  4. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Камо да е така, да е ЛЕВИЦА 3та опција, но со 10.000 гласови не можеме да зборуваме за никаква опција а не па 3та, Стојанче имаше повеќе гласови од нас. Јас сум дел од Левица, и такво нешто не е точно за Апасиев, не можам да гаранирам за ништо, но сум 99.9999% сигурна, и верувај дека ние во во Левица се радувавме вечерта кога се пребројуваа гласовите и кога видно на почетокот губеше вмро, дури на крајот на вечерта некако се изедначија.

    Доколку добиевме барем едно или две пратенички места ние ќе одевме во пост-изборна коалиција со сдсм, но пред изборите едноставно не сакавме да добиеме епитет на привезок на сдсм како сите останати партии што се нечии привезоци.

    Дел од членовите на Левица сакаа да одиме во коалиција со сдсм заради тоа што имале средби со членови на сдс и им биле ветувани места, како во парламентот, така и во одредени иннституции (за ова со местата не сум сигурна дали е шпекулација или вистина, но така имам слушнато)

    Сдсм понуди предизборна коалиција и како што погоре спомнав, не се случи, гласавме сите членови и се одлучи да одиме сами.

    Левица поседува интелектуалци пар екселанс, само има време, нова партија е, треба да се работи уште многу, искрено се надевам дека ќе стане 3та опција, а во иднина и 1ва.

    Во Македонија јас мислам дека никој нема да се врати, бидејќи Македонија нема во блиска иднина да стане Шведска, а па ни во далечна. Така што ти посакувам успех таму кај што си, и да бидам искрена назад ги сакам само тие што размислуваат како тебе, а оние што ми се облакаат како фалангата на Аце ич не ми требаат назад.
     
    На Yipman2, ludoto19, JollyGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    @Aquamarine93 и јас сум скептик, бидејки ги читав истите коментари. Но како и да е, тие како млада интелектуална сила, ако бидат доволно истрајни, со мала пракса и искуство имаат големи шанси да се докажат во иднина.

    Инаку да, за секоја ново формирана партија е потребен буџет. Ако земеме во обзир дека членовите од ,,Левица'' се генерално млади студенти, или тазе дипломирани луѓе, снабдениот стартен капитал е навистина сомнителен. Дури и да претпоставиме дека тие млади луѓе паралелно студираат и работат, повторно се поставува прашање дали тие пари се доволни за еден олку сериозен подвиг.

    Скрос надвор од целиот муабет горе, сакам да се надоврзам на некои претходни мислења во врска со идните можни потези на сега владеачката партија. Мислам дека Заев сега ќе одигра стратешки. Од една страна има дадено ветувања за еднаков мултиетникум, а од друга ветувања за подобра економија. За да ги затнат устите во случај да имаат план да доделат уште неколку мандати договорени под маса на шиптарите, (а можам да се кладам дека имаат уште доста), прво ќе мора да поработат малку на подобрување на егзистенцијалниот статус. Во спротивно, треба да знаат дека ги очекуваат уште протести, хајки, и насилни испади во Собрание. Вака, може делумно и ќе им се прогледа низ прсти.
     
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Фала ти, баш си позитивна личност. :) Еве според тоа што го пишуваш, си била во директен контакт со Левица и ги знаеш многу подобро работите од мене. На крај, испаѓа се ширеле шпекулации за нешто ново, што за мнозинството претставува стигма. Мене ми беше криво што на фб и твитер читав негативни работи за Левица. Се претеруваше и со невкусни шеги, посебно членови на сдсм, ми остави впечаток дека го прават тоа. Тажно е што не им се дава шанса на млади интелектуалци, да покажат што можат.
    Ама пак си во право, за да се промени мислењето треба многу време.
     
    На RedRevolution, Rama, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.776
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93 @RedRevolution
    Јас на изборите во декември гласав токму за Левица :D До скоро пред тоа да речам речиси и не се замарав со политика, ама тогаш баш некој месец пред да дојдат првите избори откако сум полнолетна и на кои треба да го искористам гласачкото право, ги приметив дечкиве на емисии и со изборната програма на нет.
    Значи од македонскава политичка сцена они ми се единствени вистински симпатични, што либералните ставови што ги поддржувам, толеранција и рамноправност на било која основа, работнички права - сето тоа ми оддадоа впечаток дека го застапуваат и тоа преку интелектуалци, на многу интелигентен начин :)
    Убаво би било да се претворат во иднина во посериозна трета опција...

    А од познатите две страни, ни за СДСМ не сум, ама ВМРО факт е дека ги хејтам ептен од многу причини - криминалите и скандалите во бомбите, неквалитетното здравство, образование (со сите „реформи“ меѓу кои и екстерното кое го плукам од пред 3-4 години на форумов :D), па сега и дното од протести со насилствово на крај... Они со нивните страствени поддржувачи (како овие тврдокорниве) ми се симбол за сè што не поштувам и не поднесувам - национализам, шовинизам, заостанатост.
    Не скокам и не се радувам за доаѓањето на СДСМ на власт, туку за промена од гореспоменатово :)
     
    На Luna91, sweet-cherry, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ја одолговлекувам темата што се начна за Левица бидејќи не е актуелно сега, сакам да оставам да се работи и да се докаже дека Левица заслужува да биде сериозен кандидат за трета опција во најблиска иднина, само ќе кажам дека е точно дека таквите шпекулации доаѓаа од членови на сдсм, бидејќи Левица не сакаше да коалицира со нив пред изборите, додека тие сметаа дека е сериозна закана и дека би изгубиле гласови поради нас, што се испостави дека сепак не е точно.

    Но во политиката треба да се навикнуваме на такви рабооти, не треба да ги земаме при срце, утре можеби сепак ќе имаме потреба едни од други за да се појачаме, бидејќи такво ни е општетвото.:)
     
    На theowndemon и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ако го сместат во лудница ќе има можност да ги осети реформите во здравството на лице место :)
    Лудилото може да ескалира и пример во 2021 некој новинар оди во Бардовци да направи интервју со пастирот и таму овој клекнат и си прави замок од изметот на подот, како децата што прават замоци од песок на плажа :D
     
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Интересно размислуваш, Нигредо. Мислам дека Левица се финансирала како партија преку донации. Нели тој систем се користи во Америка, а и други развиени земји. Е сега, дали тоа било така или не, јас можам да шпекулирам, немам точни информации.
    Што се однесува до следните потези на Зајко, мислам дека ситуацијата е толку сложена, што само меѓународниот фактор би изнашол некое решение кое ќе биди прифатливо за сите. Во моментов, тие се единствените кои можат да ги натераат Албанците да се заситат со барања. Уствари, јас од сам почеток мислам дека тие влечат конци, за да се нормализира состојбата, ама ете може и не сум во право.
     
    Последна измена: 19 мај 2017
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Во Левица има млада интелектуална сила, што не подразбира повеќе студенти, повеќето (многу повеќе) се малку повозрасни млади, веќе дипломирани, магистрирани и докторирани, секако и граѓани со средно образование, обични работници и занаетчии, во Левица се сите еднакви, повозрасни и млади, а гласот на партијата секако излегува преку оние со повисоко образование. Искрено се надевам дека македонското граѓанство ќе и ја даде веќе заслужената шанса, Левица да се покаже на дело во парламентот.

    Што се однесува до буџетот на Левица, сите кои работат како професори или имаат малку повисоки плати, одделуваат повеќе за партијата, додека останатите учествуваат со минимални средства и големо срце и нема ништо сомнително во стартниот капитал на Левица, конкретно Левица потроши околу 40.000 ДЕНАРИ за кампањата.

    Во прилог извештајот на Левица за предизборната кампања. И нека не ве буни тоа што има поголем расход од приход, повеќето од нас не ги уплаќавме парите на сметка, туку ги остававме во канцеларија на тој кој е задолжен за собирање на членарина.

    http://www.sec.mk/finansiski-izveshtai-za-prihodi-i-rashodi-na-politichkite-partii-01-12-09-12-2016/
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Што прави бе овоj? Што се овие сликанja за пат, за клинички? Спиро збори укинуване на екстерното било оценки без знаенje :D си знае он. :)))))))
     
    На JuLleE и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Не е луд воопшто Груевски, немоjте да го потценувате. Само си тера кампања за локалните избори. Власта во локалната самоуправа е сеуште негова, негови се градоначалниците и административците, па со проектите кои ги наjaвува на локално ниво само потсетува дека тие се тие кои сеуште имаат мок на локално ниво и воедно го мотивира населението пак да гласа за дпмне наесен.
     
    На Luna91, galapce, zhap4e и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.776
    Пол:
    Женски
    Леле еј што прочитав, што прочитав :drunk: :D
    Ова ме потсети на муабетот тука вчера во врска со образованието, ама тука се работеше за трол а оваа колку што читам е докторка, и тоа и позната со над 40.000 следбеници (facepalm) (facepalm) (facepalm)

    [​IMG]
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    :lol:
    Оваа од земјава е?
    Па шта прича спрски?
    Дали и оваа излегувала на улица за да се зачува јазикот на земјава? :talk:


    Шта се дешава са људима?
    Шта је сВама идиоти једни?

    :lol:

    Испричавам се за мој серпси, али нисам пратила звезде гранда ову сезону па сам заборавила да причам:doh: Јаоо нисте нормалне мајке ми.
     
    На malerozna, Luna91, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Ја сам веома врло изненаѓена и увреѓена...
    Слаѓана Велкон е најголем шарлатан кој постои. Знам дека има и на форумов голем број подржувачи, ама да си се држи до сангејзингот и варакината која ја продава, м?
    Лесно и е нејзе да шири политички пропаганди, мозочната маса која ја имаат сите нејзини следбеници вкупно не стига до кило...

    Едит: Отворив сега страната на Велков и прочитав дека новата влада ќе ги легализирала педофилијата и зоофилијата. Значи со таква пропаганда одат сега... Сега сфаќам што врескаше Даре вчера...
     
    Последна измена: 20 мај 2017
    На malerozna, Luna91, Yipman2 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Укинување на партиципацијата во здраството (y)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Абе се и сешто ветуваат, се убави работи... Ама од каде пари за тоа :worried: Да не лупнат даноци па да не ти вреди и 50000 плата за ништо...
     
    На zhap4e, Rama и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  20. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.625
    Пол:
    Женски
    Чекајте нека ми објасни некој. Од каде сега тоа ќе ја легализираат педофилијата и зоологијата ??
    Каде прочитавте, можеби е само пропаганда?