Па нормално дека е само пропаганда. Никаде немаме прочитано, по коментари по фб се шири. И вчера еден член досаѓаше тука. Никој нема да дозволи да се легализира педофилија, не бидете луди...
Секако дека е пропаганда, мислам надвор од секаков здрав разум е тоа бе луѓе, педофилија и зоофилија ќе биле легализирани па уште и во образованието, ова само ко сценарио за дистописки филм може да пројде На линкот што го коментирала оваа што прича српски на скриншотот што го ставив (патем не сум слушнала за неа досега, не знаев дека уствари фактички со надрилекарство се занимава) има пишано дека новата влада ќе им овозможи основни права на ЛГБТ заедницата, дека ќе се бори против дискриминацијата и насилството спрема овие лица, а она пишала дека ќе се воведува хомосексуално образование Мислам...
За ова има само една узречица Гладна кокошка просо сонила Сонуваше 63, едвај 51. Така да не гледам дека нешто ќе има ќар од тие локални избори, само сметам дека ќе биде едно фијаско. Баш ме интересира колку градоначалници ќе изгубат, а да не збориме за градоначалник на Град Скопје, охо толку е. Јас мислам се дур не легализираат и некрофилија не е тоа тоа. Пф вие па, само педофилија и зоофилија? ? Мора се комплет. Ги читам по фб, уште плачат, се запнале со тоа 600,000 се враќале вицови си прават. Хуху, тешко им е, ама ќе им пројде. 'Сељакот од Муртино'- се смееше Миленко, го вреѓаа, па цепаа и Струмички дијалекти. Епа селанецот од Муртино успеа тоа Бранко шо не успеа. Да им ја сруши закоравената империја. Егидиии, мале мале
почна менувањето на историјата, и се разбира како и секогаш плачење на измислени жртви. http://balkans.aljazeera.net/video/ugrozena-vecina-1-epizoda еден ден сите што гласаа за сдсм ќе знаат што направиле
Не би ги потценила во никоj случаj. Дпмне и Груjo ни ja киднапираа државата и сеуште ja држат во заложништво. Се што е по министерствата, школите, болниците, театрите и музеите, сите jавни претприjaтиja, се од чистач до директор, се е влезено преку штаб на дпмне. Сите тие се луге кои реферираат во штаб, прават списоци со сигурни гласачи, одат по митинзи и партиски журки. Ако му текне да прави "увид"било каде, Груjo само треба да сврти телефон и веднаш ке го пречека лично директорот со куп статисти за да му климаат и аплаудираат.
порано на грујо не му се отвраа туку така вратите да се шета, туку сега кај македонците заживејаа анти американството и анти еу чуства, мислам дека премногу играње со чуствата на македонците може да резолтура со многу лоша судбина на сите луѓе во македонија, ако се нема свест за ова во сдсм, господ нека ни е на помош.
не е правилна анти еу политика, никој не ни правеше анти еу политика, еу и сад направија анти македонци политика, еу и сад направија анти турци политика, со курдистан... ако некој сака мене земја да ми краде и да ми го пипка достоинството со платформи, и ќути за тоа, ќе си одам по патот на турција со партнерство на држави и нема да се клањам на диктатотори и империи, таква ми е семката македонска анти султанска што ќе правиш. еу и сад не ме повредија само мене со нивните постапки, туку и моите мртви баба и дедо, фала богу не се живи, да го видат овој срам. разговарав со мои пријатели од факултет, ми викаат ами што ќе правиш американци ќе не бомбардираат како србија... ами не ли не бомбардираа и на мечкин камен османлиите ? работата е дали луѓето можат да живеат со срамот, и да го гледаат топењето на македонската држава во живо, ако не се браниме... јас попрво би се иселил, невидена навреда сите имаат право на национална држава само македонците не изгледа, трн во око сме. бараат да им се вее нивното знаме во македонија а ќе го менуваат моето, се е нивно ништо не е мое, оваа политика ќе запре, и почнува да запира, почнаа македонците да се борат за преживување како народ, тоа ме страв што ќе донесе, ако некои од сдсм не се освестат. и немој со тоа ни сме биле анти еу сад, не ние бевме про еу сад, се дадовме, за разлика од србите, и што добивме ? нада ништо... прашањето е сега дали македонецот е доволно глуп, да ја даде оваа земја под наем како косово албанија босна, и да стане нова воена база, и шверцувач на наркотици, или ќе си градиме земја за живеење. пс не сум анти социал демократ, туку сум против овој сдсм, затоа што е чиста странска алатка.
нашиот јазик и име се наше најголемо богатство, ако го смениме името, и го израмниме нашиот јазик со странски јазик, нашата култура нашиот идентитет повеќе нема да постои, ќе бидеме подложни на време и ќе умреме, а верувајте има луѓе што се спремни да не го дозволат ова.
Некролозите за амбасадорите, одбивањето средби, националистички прогласи, тоа каква политика е? Друго прашање. Ако СДСМ е странска алатка тогаш каква алатка беше ВМРО од 2006 до 2014? Трето прашање. Ако ЕУ и САД се лоши, тогаш чии пари користиме за плати и пензии? Турски? Руски? Државата кој ќе ти ја земе? Истите оние кои беа газ и гаќи со Груевски? За тие правиме муабет така? За оние кои направија посебна држава од Арачиново, Боговиње, Чаир? Во владеењето на патриотот Груевски колку пати влегла полиција во Арачиново? Или сепак бизнисот побитен бил, а не народот. Затоа не прави филмови и не пери мозок, тебе ако ти го испрале на другите не. Ај повторно. Кој прв преговараше со Грција за името? Потсети ме кој беше тој што не му сметаа загради, Горна, Долна? Дали знаеш дека сега имаме шанса да влеземе во НАТО без промена на името? Јазикот е јазик, ене и Швајцарија има повеќе официјални јазици па не гледам да се распаднала. Законот за јазици е донесен од ВМРО па не гледам да се распаднала Македонија. А тие закани дека има луѓе што немало да дозволат може на сон да си ги кажувате. Видовме после 27ми колку има.
а кој ти вика дека јас се согласувам со вмро ? јас исто така мислам дека вмро се инструирани од надвор, јас никогаш нема да му простам на груевски, што од почеток влезе во градење на граѓанска држава, сега повторно се бори за мултиетничка... јас ги слушам неговите полтрони, немој да мислиш дека не сум свесен што се случува, работата е што еу и сад од нашето постоење владеат со нашите политичари, да беше нормален груевски. ќе ја укинеше териториалната поделба, и ќе ги вратеше струга кичево и скопје во македонски раце. работата е што викаш дека за тебе заев е спасителот, и ти се дел од проблемот на овој народ, преку глава сте ми. секој што работи по охридскиот договор по автоматизам е предавник. работата е што барем груевски беше умерен, заев е тотална будала.
Груевски никогаш не бил за граѓанска држава. Па во негово време Македонија се подели на албански и македонски дел. Во населбите што ги спомнав ќе можеше македонец да прошета ако бевме граѓанска држава. Единствена македонска партија која направи митинг во Арачиново е СДСМ. Да беше Груевски толкав граѓанин ќе направеше и тој митинг, ама него јасно му е дека ќе биде линчуван ако се појави во Арачиново. Исто како што беше избркан на клоци од Ченто за време на поплавите.
а што за тебе е подобро да има граѓанска држава него македонски дел ? барем ќе постоиме, а не да сме судени на пропаст, јас едино за тоа гласам за нив, заев ќе ти донесе албанци до струмици, после што правиме ? мојата фамилија се исели од струшко после 2004, несакам ниеден македонец да го осети бесот ненормалноста на сдсм после мојата фамилија.
http://sdk.mk/index.php/naslovna/vm...ne-na-novata-filharmonija-za-partiska-zhurka/ Дали ќе им ги земат далечинските од климите кога си заминуваат од канцелариите? #ПрашањаКоиМеМачат @Достоевски добредојде на форумот. Дарко е трол, ние веќе престанавме да му реплицираме.