Никола изјави дека за инат ќе отвора нови фабрики и патишта, додека си е на слобода. Така да, ништо нека не ве чуди од човекот со психички пореметен ум.
Ахх бе, ќе игра багерот. Во меѓувреме, уште еден аздис во филхармонија на наша сметка (се надевам последен). http://a1on.mk/archives/742270 Грујо каснел, како и секогаш.
Што ефикасен протокол. Министер те пречекува и да ти купи карти баш до него да седиш. Среќа државата и партијата се поделени, да беше друга ситуација ќе помислев дека се збуниле во кое својство е дојден.
Што има везе што е со апанажа. Никаква функција нема да го пречекува министер. Веќе кога продаваат приказна дека си купиле карти нек се држат до неа. Циркуз со народни пари.
Замислете како им е во душата вечерва на вемеро. Утре сјо во 12 ќе излезе со нов случај, а тој случај може да биде секој од нив... Мора да одат кај што отвора грујо и со насмевка да се појават, но душата им плаче Да не си им во кожа. Додуша секој што си заслужил ќе добие.
На оваа слика од филхармонија и пред некој ден од дуелот на Телма,само мене му остави малку подизместен осмехот на Никола Тодоров, језив впечаток? Поодвратен и од на Груевски ликот ми се виде. Ми мириса дека Тодоров крие нешто Дебело. И од Шу прајме подебело.
Како на пример 60 милиони евра дебели лаборатории во високообразовните институции како министер за образование (кај се тие лаборатории нека ми каже некој, го молам), и 70 милиони евра дебел клинички од пред некој ден?
Прочитав некаде дека нело Заев да ги брка неписмените од администрација , туку ке оделе во две смени ?!?!?! what ?!? Епа кажете му на Заев дека не гласав за него за да ги награди неписмените туку да ги истера на клоци !
Мора да најде начин сами да ди одат. За почеток не му е лош планот. Поарно отколку да седат дома и плата да земаат.
Во Охрид , во болницата за гинекологија тури во празно 400000 евра , ги направиле ниски таваните , па ги рушеа и правеа .. Неписмен до неписмен ! Кој ке бега од нишај врата земај плата ? Никој !
Чекајте полека, смирете се Уште нема ни влада формирано...така да, рекла казала муабети насекаде си има. Нормално дека нема да ги брка сите...Само ќе направи генералка на сите што држат место, а немаат соодветно образование. (се надевам). Јас да бев на негово место, ќе фатев и сите неписмени со врски што се вработени, ќе летаа...Ама Заев си е друга приказна. Не знаеме како ќе постапи...Има ПРЕМНОГУ со врски што се примени по администрација, а појма си немаат од животот....Пола земја ќе остане без работа и после ќе се жалат дека Заев ги испуштил. Не му е целта да земе и да ги избрка сите од вмро, туку целта му е да вработи што повеќе без книшки....Затоа стрпете се и ќе видиме дали така ќе функционира државава.
Ич не ми е галје дали ке се жалат дека ги испуштил , други ке вработи , со соодветно образование , и членска книшка ако треба , некои 10 години си ги тегнеја во администрација а некои 10 години живеат во мизерија заради што не се дпмновци , и уште наградени во две смени ???? Ма Дај те кажете му дека неписмените се само чист промашај , такви и му влегоја и во собранието
Ова со работа во втора смена го имаа во програмата. Јас како сум ги разбрала кога ја презентираа е дека и така е превработена администрацијата бар некој аир граѓаните да видат од тоа. Место да се излегува од работа за да се заврши работа, секој граѓанин ќе може да си заврши работа и после работа. Мене ми се свиѓа идејата. Е сега нема да им се свиѓа на сите да одат во смени. Полесно е да се цица државата и да се пијат кафиња по цел ден.
Аууу овие уште влада не формирале почнаа со бркање хахаха какви размислувања исто како нивниот лидер само што он живи ќе ги јаде