Ако ти не си ја сватила поентата јас немам време да ти цртам. Сител, канал 5, мтв, наша тв, аб...сите лажат само а1 се најреални...и не...тоа нема никаква врска со нивниот газда...со нивните работни места...не, НЕ...тие си се професионалци....
Па појди од тоа дека сопственици им се Стојменов, Ѕинго и Бојо, кои случајно се и коалициони партнери во власта, А МТВ е стара прича(секогаш е телевизија на оние кој се на власт) па после зборувај за реалност, објективност и непристрасност. Туку намрно ги испушти Алфа и Телма, или и овие две телевиззи ги ставаш во ист кош со А1, само затоа што и тие имаат критички однос кон власта?!?
Една работа е да имаш критички однос кон власта а друга е да пренесуваш лажни информации, да извртуваш изјави, да не им објавуваш деманти (премиерот го кажа тоа во нивните вести не на сител, а тие не демантираа), едноставно единствена намера да ти е да манипулираш со јавноста само со намера да ги срушиш. И никој друг не ставам во кошот со а1, нека си има критички настроени медиуми, но на а1 далеку и се преминати сите граници.
А тек сега кога ќе го направат Дневник ориентиран кон власта, а Утрински ќе го затворат, ќе треба да гледаме вести од странство за да дознаеме што навистина се случува во Македонија
Скорпионка оди лепи билборди,те молам,можда ќе те смири,ќе ти ја намали дрскоста. Страшно е да немаш критички став,ма страшно е бре да не осеќаш кога ти ја чупаат косата,а и нервите.Кога ти брцаат у џеб и ти ги трошат парите.
Подобро е да имаш критички став, отколку да го немаш воопшто. Тешко вас, на таквите, редовно ќе ви ги бојат очите како што сакаат. За објективност да не зборуваме.
Па не негираа, ама фино лепо објаснија дека власта не знае што е демант. А очигледно ни ти! Под демант се подразбира да демантираш нешто. На пр. ако А1 објавиле дека проектот Скопје 2014 чини 100 милиони евра(ова произволно го пишувам), со демантот треба тоа да се демантира и да се каже дека проектот Скопје 2014 не чини стотици милиони евра туку неколку милиони евра, а не во демантот да се пишува дека новинарите од А1 објавиле таква информација, само затоа што биле проопозициски ориентирани, дека биле портпароли на опозицијатаи слични ствари. Тоа Скорпионка не е демант. Зошто со таков документ не се демантира апсолутно ништо. Со такви ,,деманти,, само се потврдува она што го објавила А1, а со тоа се додаваат уште неколку квалификации на кои очигледно не им е место во ,,демантот,,. Затоа седни прво и разграничи си ги поимите, па после дебатирај.
Оф лелееее Под демант се подразбира да демантираш нешто А за останатото подолу-јас многу добро знам што е демант, си знае и премиерот немај гајле, тоа што моронот Борјан постојано повторуваше -господине Премиере дали знаете вие што е тоа демант- беа само неуспешни обиди да го направи премиерот глуп, исто како твоите сега да ме направиш мене (а добиваш само контра ефект) Деманти биле праќани за секоја погрешна информација детално со факти како што и се пишува демант, а не молби и жалби да не бидат портпароли на опозицијата (искрено не знам од каде го изваде ова) ???
Премирот кажа ова, премиерот кажа она, Латас кажа овака, Миленко кажа онака, Бичиклиски кажа вака, Јанкуловска кажа онака.... Само на тоа ти се засноваат сите досегашни мислењата. А тоа јасно упатува на фактот дека си испран партиски мозок, кој за жал не може да размислува со своја глава и неможе да склопи ниту една единствена реченица со свој памет. И те молам во наредните постови прескокни ме, не ме ни цитирај, ниту ми реплицирај. Не планирам да си го трошам времето објаснувајќи се со партиски обоени потрчковци како тебе.
хахахахаха од толку многу работи кажани од тебе за оваа реченица стварно имаш право. Се препознаваш?: [/quote] Инаку мило ми е што 'разговаравме' Добро не ти реплицирам веќе само ти не се нервирај
Во ВМРО ДПМНЕ врие, членството најавува бојкот на изборите Во ресенскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ врие, брифираат членови на највисоките тела. Средата таму се случувала вистинска војна. Во партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ, се водела битка помеѓу две крила едното како што се нарекува поблиско до вистинското ВМРО и прогресивно и другото комунистичко каде доминира подршката од централата. Засега нема информација зошто средбата помеѓу Груевски и членството е откажана во последен момент. Дали затоа што се дозна за случајот во целиот град, откако објави Преспа Скај, или поради продлабочените расправии. Членови од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку екс-претседателот повторно се врати или ќе заминат во партијата на Бошковски, или пак ќе ги бојкотираат изборите. Спојлер http://www.prespasky.com/ Не само преминување од ВМРО ДПМНЕ во партијата на Љубе Бошковски, имало и масовни преминувања од ВМРО ДПМНЕ во ВМРО Народна, онаа на Љубчо Ѓорѓиевски, што мислам дека е многу нормално после се. Си бара чаре народот, видоа дека од овие нема леб и надеж, па си ја пробуваат среќата на друго место.
Епа штом успеа да не пробиеш кои сме и што сме, нема сврха веќе да се криеме... Поздрав проф. д-р Владо Бучковски.
Оваа MSkorpionka е потрчко невиден. Тие што најмногу се залагаат на крај најмногу губат Поддршка за БоаВиста исти размислувања имаме
Власта ги дисциплинира „непослушните“ медиуми Го користи ли власта „ЈП Македонска радиодифузија“ како инструмент за затворање на неистомисленички медиуми? Извршители ја блокирале сметката и на радиото Канал 77, затоа што судот пресудиле дека радиото има долг кон ЈП МРД. Првиот човек на Канал 77, Горан Гаврилов е подготвен да ги плати, но МРД одбива да ги земе парите, бара банката директно да ги префрли на нивна сметка. Во исто време пак неколку медиуми, имаат повеќе од 70 илјади евра побарувања токму од македонска радиодифузија, меѓу нив и Канал 77. ЈП спротивно на договорот им наплаќало на други медиуми и телекомуникациски компании за рентање на столбовите - на инфраструктурната мрежа. Согласно договорот за заедничко вложување и трајно користење на радиодифузниот објект Горенци кај Охрид, во односите со трети лица МРД и трајните корисници се јавуваат како соинвеститори. По А1 ТВ, радио Канал 77 е втор медиуми кој овој пат директно е блокиран од власта, во случајот ЈП Македонска радиодифузија.
Кое е вашето мислење за случајот „Злетовица„ Три години потоа, за средбата која траеле час и половина, сведочи тогаш високиот функционер во партијата на Ѕинго, кој денес е далеку од политиката. „Лично премиерот, кога ги прими документите, кога ги разгледа, премиерот експлицитно ми одговори дека за тоа не е заинтересиран, од проста причина што на него му треба Сител Телевизија и дури се зачуди како можам јас да се дрзнам да отворам афера против сопствениот лидер, демек во неговата партија било незамисливо, некој против лидерот, против хиерархијата, на некој што е над него, да отвори афера, тоа било чин на непослушност“, изјави Зоран Витанов. Документите Витанов ги добил од Минчо Јорданов, газдата на „Бетон“, една од двете фирми градежни фирми избрани да го градат хидросистемот. „Ме замоли човекот, бидејќи не можат да си ја гледаат работава во „Злетовица“, заради упадот - тоа се негови зборови, на новоформираната фирма, со тогаш нула вработени според информациите на „Бетон“, „Силекс Неметали“, со пет илјади евра основачки влог, се јавува како подизведувач, за градежни работи, на двете градежни компании „Бетон“ и „Гранит“, вели Витанов. Меѓудругото во регистарот со документи, што го добил Груевски, имало и слики кои директно потврдувале дека во случајот се работи на сомнителен начин. „На лице место, на терен се гледаше дека на механизацијата имаше ознака на фирма, која што никаде не се јавува во документите. Тоа е „Мак Метал“, ако не се лажам од Свети Николе, која што патем, сега дознав, ни таа како подизведувач на подизведувачот не си ги добила парите за изработеното од „Силекс Неметали“. - По Закон за перење пари, подизведувачот не смее да ангажира подизведувач за иста дејност, особено кога се работи за тендер распишан од страна на државата, буџетски корисник“, рече Витанов. Витанов по разговорот со Груевски, разочаран од исходот, ја донел одлуката да ја напушти политиката. На неа влијаел и ставот на социјалистите во очи Букурешт, дека влезот во НАТО не и потребен на Македонија. „Оттогаш јас се разделив и од премиерот Груевски, и од Ѕинго, но и од политиката, бидејќи да бидам искрен, не гледам алтернатива, во оној што се наметнува како алтернатива на Груевски, дури ценам, дека тој функционираше на исти таков начин, како што сега селективно против борбата со криминалот функционира и Груевски“, додава Витанов. Досието „Злетовица“ веќе четири месеци се наоѓа во Обвинителството. Им го испрати Антикоруциска, со барање за кривично гонење на Спасеновски. Витанов сепак е скептичен. Убеден е дека ниту еден од надлежните органи нема вистинска волја да го расчисти случајот. 3 години после предаденото досие Витановски одлучува да зборува за тоа јавно.. Извор А1
^^Полека полека вистината ќе почне да излегува на виделина. Не дека до сега не знаевме, ама ете се најде некој и јавно да проговори без страв дека ќе биде тужен за клевета. Впрочем, и не може да биде тужен за клевета, зошто очигледно е дека она што го кажал е вистина, инаку не би се истрчал и не би ризикувал да добие тужба(а познато ни е на сите дека премиерот се занимава со тужење на обични млекари, на обични граѓани итн). Факт е дека Сител му треба на Груевски посебно во предизборната кампања. Факт е дека А1 му пречи на Груевски. Аналогно на тоа се и случувањата со А1 и премолчувањата за Сител.