Јас мислам дека Милошевски само-иницијативно си ја напушти министерската фотеља. Притиснат да го смени името ,а неќе да сноси кривица. Не гледам ради која друга причина човекот би напуштил министерско место за да биде пратеник
Ајде сега пуштете ја фантазијата на полна пареа и дајте интересни одговори зошто Милошевски напушта...Од старт се елиминира неговата изјава (што на мене ми е скрос логична и на место), но нејсе... Абе Немеш style батали кариера all you need is love...И мојот да работи 24 часа (памтите нели дека владава работи 24/7) не го трпам ич...Па си сакам и во спална, и ово и оно ...не ќе го гледам нон стоп смрштен и уморен...
ОК може и да проработил татковскиот инстикт кај него, ама не верувам дека доброволно напушта министерско место...се знаеше дека ќе биде сменет ама одма...како што и прочитав, непослушно војниче. И од кај па сега излезе дека имал станчиња во Германија...тоа не е точно...А.Милошевски нема ништо, не да не е пун ко брод, туку и станот во кој живее тука во МК е на неговата сопруга, го имаат купено нејзините родители.
Камо да бев од антикорупциска, нисам ја такве срече Знам затоа што се знам со негови блиски луѓе, кои успат се мои блиски пријатели...капиш Не би да навлегувам во детали. А дека не сум дел од д`фамили веќе се знае...кажано е, да не дојде до збунка.
аха значи држ му се Македонијо и македонци, за наредни 6 месеци сме званично по Устав и Закон ФИРОМ, епа ајт нека ни е на здравје и за многу години. ако е така Милошоски навистина е патриот и прав македонец, овој кој ќе дојде чисто сумјам дека ќе е со ист дух, за дебели пари има три пати да го препродаде името, а ние ќе си свириме.
А бе ни онаа со брковите, ни Г‘ујо, ни тој предавникот Бранко, ни Тачи и Али терористите ... Сите Господ да ги земе. А за тие од странство не сакам ни името да им го спомнам ко они за нашето што прават... Они на нас демократија ли ќе продаваат кај нив во странство не смееш да мрднеш бе. Што ќе ми е демократија ако немам леб да јадам да им се плукнам во демократијата. Демократија кај нас е секоја будала да излезе на телевизија и да каже што сака . Уствари во последно време и не кажува што сака тој туку тоа што сака тој што му платил да излзезе на ТВ. Не нашле Македонците мирен народ овци за стрижење и ќе не стрижат. Сами сме си криви кога сме такви. Да беа во Грција или Германија да видиш дали така ќе правеа клошари едни. СЕ фалат сите со изборите и ВМРО И СДСМ а не кажуваат оти имаше над 30000 поништени гласови.
kikikikirika ти мислиш дека цело време некој од страна ни ги меша лончињата .......јас не верувам во тоа тоа е само алиби на нашите неспособни политичари
ццццццццц димитров(политичар од бугарија) македонија да продолжи да става споменици на бугарите ццццццццнемам коментар имаме ли ние мнр
Село гори Грујо се чешла........ Новинарите протестираат а во утрински паралелно отпуштија уште 3 новинари. Баш ме интересира сега овие експертиве на форумов шо носат портокалови наочари каква стручана експертиза ќе дадат односно што им рекле во партија да пласираат. Оф леле аман веќе нека се отрезнат луѓево не се трпат веќе ко глобана лудница сме само не знам кој се пациент а кои доктори. Јас за мене знам дека сум терапија ама за овие помаранџите лек само лоботомија или шокој да им се маваат оти друго тешко ги напраиле споменици и нив...марионетки. Греој.... Имаме МНР како не!!!! Цела влада ни е МНР- МИНИСТЕРСТВО ЗА НЕРЕШЕНИ РАБОТИ! Још питаш па ти........
Еве ти експерт со портокалови очила Еве што ми кажаа од партија да кажам: Протестираат? Ама ич не сака да ми чуе зошто протестираат затоа што знам и јас и сите зошто е овој протест... Испуштиле 2 новинари, па тројца? А, да, и оние од а1-али тие нека одат пред Шутка нека протестираат...Зошто немаше ваква бука кога пропадна НИП Н. Македонија, секојдневно згаснуваат локални телевизии и радио станици, кога Велија избрка цела редакција на Време? Подржувам протест на новинари кои си ги бараат своите права...али оние од а1...пак ќе кажам-пред Шутка од Велија нека бараат...Уствари нема што да бараат, ако сакале правда и правилен однос кон нив како вработени, зошто не се бунеле тогаш кога земале пари на рака...или за тоа пу пу не важи!
Мене искрено протест на новинари кои останале без работа и не ми спаѓа во актуелни политички настани. Нека не ме разбере некој погрешно сум за тоа да има земјава квалитетни и необоени новинари кои непристрасно ќе не информираат но овој вид новинари е на изумирање како сивиот кит. Само дали ќе се крене олкава галама околу останување на улица на луѓе од различни професии? Поентата ми е - токму тоа што станува збор за новинари ја пумпа целата ситуација до невидени размери, со тоа доведувајќи ги другите професии во дискриминирачки, да не речам небитен фактор со машки полов орган помеѓу последните два збора. Јас не сакам дискриминации од било каков тип и ова ме потсетува на драматизацијата околу малтретирањето на ќерката на Велија дали доколку немаа сопствен медиум ова ќе беше вест достојна за емитување во ударен термин и зошто никому не му текна претходно да прави сторија за малтретирањето на толку нападен начин?! И наједноставен реципроцитет ќе направам колку што е тој и тој новинар загрижен за мојата егзистенција во моментов исто толку сум и јас за неговата! Не е ‘70 и некоја па да гаам илузии дека работното место ми е зацементирано до пензиските денови.
Па тоа и сакав да кажам дека никој не го бидува. Не сум некој стручњак да зборам ама мислам оти се што доаѓа е од страна. Ние гласаме ама они одлучуваат кој со кого ке коалицира. А нашиве ( сите наведени во предходниот пост и нивни сопартијци) за пуста власт се ќе дадат па затоа ги слушаат тие од страна. Нема нешто каде овие од страна не се мешаат. Сега за името и за Милошевски мислам дека тој направи се што е во негова можност кој и да беше друг од која и да е партија ќе го сменеше името. А се повлекол изгледа дека видол оти ништо не може да направи. Инаку способни се нашиве политичари ама за крадење Во Македонија се почна наопаку после конфликтот. Еден Борис Трајковски само им се спротистави на странците кога им рече ако им е жал за косовските албанци да ги пакуваат во авион и да си ги земат на запад и него го скинаа. За економијата само мислам дека може да се направи нешто без да зависиме од страна инаку за сите други прашања старата к*рва Европа има вмешано прсти.
Вранишковски се легитимирал дека бил од СПЦ, грабеж на сеф од спална соба пријавила жената на Бошковски кога се вратила од Хрватска, најжалосното: прегазена студентка од економскиот од Штип биле со уште 300 студенти таму на работа, тестирање на полиграф, добро е што не е тоа доказ во суд зошто не ми е ни за верување таа чудна направа.. и други Вестиве од ден во ден се се` полоши, пострашни и позачудувачки
Да? Ова Латас изгледа ти го кажа оти овие сите зборови се негови кога разговараше со Насер Селмани претседателот на ЗНМ и види жити се и ти ги пишуваш! Браво за вас многу сте еднинствени до толку што некој ден сите ќе станите восочни фигури и ќе ве нареддат во музејон до еден уствари цела држава гледам имаат намера да ја направат музеј оти сите стануваме восочни фигури од ден на ден. Вие сте врв на човековата глупост кога А1 ви идеше по газот и ви ја исполнуваше агендата и праевте хајки против успешните корпорации Велија ви беше херој се крстевте во него, беше најпоштен кога истиот тој не му седна в скут на овчарот ваш Грујо и не дозволи ограничени будали од ДПМНЕ да им ги уреуваат вестите и реши да му го извади прљавиот веш на виделина....наеднаш сите станавте борци за правда. Јас не викам да се штити криминалот него ако имаш борба не селектирај- овие ја затвараат А1 за да Сител прави криминал.....ма немој жити се ова е исправно? Ако треба некој први да идат у затвор и да се затворат тоа е Сител оти прави злосторства против човештвото- пере мозок гледам тебе те светнале за мерак или си приморана да го пишуваш ова и те разбирам и не те обвинувам. Не си ни ти крива и ти се бориш за леб па мораш да пееш како што ти свират. Не ми делуваш дека си глупа проста и слепа баш на против ми делуваш интелегентна затоа ќе заклучам само дека зависиш од овие олошите егзистенционално дали ти или фамилијата твоја не е битно затоа мораш вакви глупости да тресеш. Имало отпуштања точно Велија ја отпушти цела редакција на Време затоа што Грујо овчарот така сакаше пошто тогаш со Велија беа газ и гаќи и затоа никој не се бунеше. Имало отпуштања да, но никогаш не биле на база на овие мотиви и до толку очигледни и режимски. Така да те разбирам јас тебе проблемот е ти што не сакаш да се разбериш себе а ни мене. Оди на плоштад, симни ги наочарите и ќе видиш дека околу тебе има само- ТЕСТИСИ! Може тогаш ќе ти е јасно во што е Македонија претворена.
Коментари (12) 04.07.2011 16:03 Додека траеше протестот уште тројца новинари во „Утрински весник“ добиле отказни решенија. Претходно откази во „Утрински весник“ добија двете новинарки Билјана Јовановска и Оливера Војновска, поради тоа што јавно и најгласно проговориле за проблемите во нивната редакција. Поддршка од германските новинари Поддршка за новинарите стигна и од германскиот синдикат на новинари Вер Ди. „Со голем гнев и разочарување слушнавме за проблемот и последните настани што колегите и колешките ги имаат со раководството на ВАЦ. - Бараме од бордот во Македонија и во Германија, во Македонија да се однесуваат согласно германските стандарди на цивилизираност и коректност. - Бараме од менаџментот веднаш да ги повлече сосема непримерните и несоодветни откази и да ги врати новинарите на нивните работни места. - Останете борбени, не дозволувајте да ви ги одземат вашите права и одбранети ги вашите работни места, етичките и правни стандарди на нашата професија и нејзината општествена одговорност“, се вели во дописот со поддршка од германските новинари.
Masnolio Пак се консултирав со партијата и ми рекоа ова да го напишам: Прво да не ни го викаш Грујо овчар, оти тој овца во живо никогаш нема видено... Друго, Велија мене никогаш не ми бил херој... Трето, немам против да ми направат восочна фигура, згодна сум па има и што да се види... И четврто, ако ти низ Скопје гледаш само тестиси, може треба да се запрашаш ти да не имаш некој проблем...
Паааа.... Зошто изборите ги сметам за наместени? Дата на објава: 01.07.2011 10:30 | Прочитано: 1222 Како и целата јавност, и јас сметам дека изборите на денот на гласањето се одвиваа мирно и граѓаните на демократски начин го изразија својот политички став преку слободно гласање. Исто така, сметам дека на овие избори немаше проблеми околу крадење гласови и полнење кутии или неправилности во броењето. Но, сепак, мислам дека изборите беа наместени и дека власта, пред се, користејќи ги државните разузнавачките ресурси, изврши изборна манипулација во своја корист и тоа на повеќе полиња. Јасна е вмешаноста на разузнавачките структури во местењето и апсењето на лидерот на Обединети за Македонија преку негово следење, прислушкување и подметнување на лице кое му се претставило како негов богат поддржувач, спремен да ги финансира предизборните активности на неговата партија. Веќе е објавено дека на Бошковски тоа лице му дало еднаш 10, вторпат 20 илјади евра, а токму на денот по изборите, Љубе (чија наивност, впрочем, јавно ја признава и неговата сопруга) кога требало да ги прими последните 100 илјади евра за да ги намири сметките од кампањата, паѓа во рацете на полицијата која подготвено чека да го уапси на лице место. Само уште по наивните од него можат да помислат дека не станува збор за разузнавачка операција, зашто инаку полицијата никогаш не би дознала за овие пари (за такви работи не се зборува) , а ако по некое чудо и дознала, тогаш сигурно немаше да го видиме уапсен само Бошковски, туку и лицето кое му ги дало парите. Со оглед на тоа што тоа лице го нема никаде, го викаме „лице”, не му го знаеме и нема ни да му го дознаеме името и не е уапсено во полициската акција, иако е еднакво виновно како и Бошковски според законите на земјава, сето ова јасно покажува дека Љубе е наместен уште пред почетокот на изборите – или за да биде уапсен ако ВМРО-ДПМНЕ победи (што и се случи) или истата партија да може со овој случај да го уценува лидерот на ОМ, ако по некоја случајност тој добиеше доволно гласови да основа влада со СДСМ и ако им го преземеше на вмровците разузнавачкиот апарат во земјава и почнеше да го користи против нив, како што и самиот најави со неговите славни зборови „бандо криминална” (што не се случи) . Кој денес може да претпостави како Љубе Бошковски би се однесувал, доколку не се појавел овој полициски шпион, кој му се претставил како поддржувач и добродетел. Љубе ги имал во свои раце првите 10 илјади евра државни пари што тој му ги дал, и тоа уште пред почетокот на кампањата, што на ОМ и овозможи да организира јавно палење на книшките на разочарани членови на ВМРО-ДПМНЕ и други активности на терен, потоа и дополнителни 20 илјади евра, па Љубе во својата наивност поверувал дека „добродетелот” ќе го поддржува до крај, без оглед на резултатот, нешто во што полицискиот доушник сигурно го убедувал. Потпирајќи се на тие првични впечатоци, а во текот на кампањата говорејќи и за некаква интерна анкета на партијата, според која таа ќе постигнела голем успех на изборите, (анкета, која, можеби, исто така, му била подметната од полицијата) , истовремено знаејќи дека има добродетел кој ќе му ја финансира кампањата, сите овие добро испланирани моменти, го тераат Љубе катастрофално да погреши и да оди сам на избори без да направи предизборна коалиција со никого – ниту со СДСМ, што, признавам, би било многу малку веројатно, но ни со ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, што, дознавам, било до некаде веројатно, зашто овие два лидери имале контакти пред изборите. Сметајќи на 150-те илјади гласови кои ги доби како кандидат на претседателските избори и на „доброчинителот” кој успеал да го измами дека ќе му ја финансира кампањата, Љубе, поттикнат од овие две работи, а можеби и некои други „охрабрувања” од други полициски шпиони, за кои не знаеме, решава да ја направи кобната грешка и да оди сам на избори. Сега, за момент, заборавете ја сета предизборна кампања и се што се случи на изборите и замислете една сосема поинаква ситуација. Замислете го Љубе како седи во својата канцеларија, чудејќи се што да прави самиот со себе и од каде да најде пари за изборите. Замислете како решава, заради недостигот од финансии и неможноста да плати ни бина, ни озвучување, ни кореографија, ни плакати, ни билборди, ни автобуси, да реши да направи коалиција со ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, кого го познава и чиј министер за одбрана веќе бил, и замислете како на тоа се приклучува и новооснованата политичката партија Достоинство, па и Демократската десница, што не би било невозможно зашто овие две мали и новоосновани партии против себе сега ќе го имаа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и уште една десничарска коалиција поголема од нив. Замислете билборди низ градовите на кои не ви се смее само Љубе (со својот приглуп шал во јуни) и неговите кандидати, туку како сите четворица лидери на оваа коалиција со рацете склопени во заеднички поздрав ве гледаат од големите постери закачени на високо низ цела Македонија. Замислете кампања во која нема куп различни митинзи, туку кампања во која јасно се изделуваат три големи митинзи во секој град, оние на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и на оваа десничарска коалиција. Замислете дека, овојпат, пред владата не се случиле само два големи митинзи, туку три, при што тешко е да се каже кој бил најголем, како што и денес не знаеме дали повеќе граѓани имаше на митингот на СДСМ или на оној на ВМРО-ДПМНЕ. И, конечно, замислете поинаков изборен резултат од актуелниов. И вака расцепканите мали десничарски партии заедно имаа 55 илјади гласови. ДПА со 100 илјади гласови (во ред, признавам, сконцентрирани само во 3-4 изборни единици) има 9 пратеници, но којзнае каков ќе беше исходот ако ваквата коалиција настапуваше заедно. Дури и да добиеше само неколку пратеници, тие ќе беа одземени од ВМРО-ДПМНЕ, зашто тешко дека гласач на СДСМ би гласал за десница, колку и таа да се разликува од другите десничари на власт. Потоа, кога ќе се видеше дека ВМРО-ДПМНЕ против себе има силен и обединет противник на десницата, прашање е дали ќе можеше да смета на овие гласови што ги доби во актуелнава ситуација. Можеби и народот кога ќе ја видеше десницата поделена, во поголема мера ќе се свртеше кон СДСМ, како единствена обединета сила, која во својот двор нема делби. Она што сакам да кажа е следново. Да не се појавеше „добротворот” кој, користејќи шпионски техники и кеш пари, го убеди Љубе да направи кобна грешка и да отиде сам на избори, резултатите можеа да бидат сосема поинакви, зашто и учесниците на нив ќе беа поинаку распоредени и многу подобро позиционирани да ги искористат придобивките од изборниот закон, кој ги фаворизира предизборните коалиции и големите партии. Настрана фактот што за оваа манипулација знаеме. За разузнавањето е својствено дека неговите неуспеси се јавни, а неговите успеси се тајни. Којзнае со што уште се занимавале македонските шпиони во манипулација на изборите и кого се не уценувале, лажеле или охрабрувале да направи вака или онака. Не ли ви е чудно што Љубчо Георгиевски веднаш по изборите го снема и што тој не кажа ни збор по нив, иако беше главна фигура на сите митинзи на ВМРО-НП? Не ли ви е чудно што едно релативно небитно здружение на бранители одеднаш се претвори во политичка партија, непосредно пред изборите, без посериозна структура и без посериозни шанси за каков било успех? Не ли ви е чудно што припадник на најобучената униформирана ударна полициска единица во земјава, „Тигрите”, во цивилка обезбедува партиска прослава вечерта по изборите, иако тоа во никој случај не му е во описот на работното место. Што правеле другите негови колеги на митинзите на другите партии и надвор од нив, кого се уценувале, бркале, тепале, подметнувале, се заканувале. . . Којзнае! Се додека изборите се предмет на разузнавачка обработка за потребите на една политичка партија, која е на власт и која ги користи шпионите за свои цели, а со цел да ги манипулира изборните резултати, таквите избори јас ќе ги сметам за наместени. На шпионите не им е место во демократскиот натпревар. Извор : time.mk