Тепачиве барем условно добија. Колку толку. Заев ништо не доби. Ако си за правда - нека има за сите по ред. Пола држава в затвор треба да се напика.
Момци?! Еден од тие горили убил 3 годишно девојче! Еден од нив е педофил. Еден од нив има извршено убиство, притоа слободно си шетка околу нас. Не заслужуваат никаква казна?! Ау не, ќе си платат дебело!
Нека се формира влада и ќе видиме кој ќе помине со условно. Се заебале ако мислат дека вака ќе завршат тие малоумни психопати. Најмалку 10 г. за обид за убиство ќе си лежат Оној старецот ќе умре внатре за жал Само бидете сигурни дека не поминуваат така лесно.
Ќе ги осудат може пензионерине и тие од улица и од некој локален штаб собрани, ама на Мијалков син му ,началници од полиција и други функционери (ако стварно биле таму) да не ќе лежат во Идризово, пазете па да не тоа може во некоја утопија само.
Дај кажете ќе го смрзнат имотот на вбро или не? Дали ојо ја прифати иницијативата на Сјо? Тамам кога им стигна информацијата на 24 вести, се замрзна екранот па ја промашив. Знак ли е, што ли е?
Ама сега пред 10тина-15 мин. завршија вестите. И пред крај им стигна информацијата што се одлучило по тоа прашање. И баш тогаш екранот замрзна, да биде иронијата поголема
Што побрзо реизбор на суудии ! Овие судии на клоци да летаат и кривично да одговараат за соучесништво !!! Едвај чекам да дојде новата влада и да затера државава како што треба! Правда!!!
Тоа е приказна пуштена за рајата. Да се порадува малку. Цели две години слушаме како ќе имало правна држава. Изгледа уште две години чекање ќе треба, па после може ќе тргне, а можеби и не.
Aquamarine93 не може од преку ноќ да се решат работите. 2те години шот ги слушаме се од старата криминалистичка влада, нормално дека ке се држат за тоа дека имало или ке има правда у судство. Не верувам дека овие разбојниците лесно ке се извлечат чим овие ке оформат влада.
Не ги глобализирајте работите во целост и крајности. Вакво судство ,онакво обвинителство или полиција. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ само ве молам нешто.Бидете малку реални. До неодамна дел од тоа правосудство и полиција беа и сегашниот состав на СЈО,работеа исто како и другите колеги нивни и немаа проблем со тоа,што поважно дел и беа избрани и вработени во состав на претходно владеење.Запомнето го тоа.Никој не се преродил преку ноќ.Нам не ни требаат спасители ,самите себе ќе станиме спасители доколку гледаме малку пологично а не што ни сервираат и едните и другите. Меѓудругото и делот што упорно се избегнува:Како ДУИ како дел од претходната влада "обвинувана" за криминал со цели ресорни министерства и на големо опфатена со снимките(барем тие што ги пласираа на интернет и сите ги слушаа) ке ја спаси и прероди државата?Против што би се бореле,тука нешто не ми е јасно?? Некако сите ја заобиколуваат оваа тема чинам.Или онаа старата со својот камен по глава.Како и да е ,времето ке покаже многу одговори,живи биле.
На канал 5 на емисијата Само вистина, овие од вмро не се појавија Шеќеринска е тука, и требало да имаат дуел со Милошоски (или Тодоров) и тие нормално одбиле. Пошто се праведни и знаат да зборуваат, затоа одбиле. Поарно ќе си седиме скриени кај мама по сукња, отколу Шеќеринска подот да го брише со нас.
Нискоинтелигентните горили со дебели вратови поминаа само со условно. Тие треба да одговараат за ОБИД ЗА УБИСТВО и да си одлежат. Од една страна ја гледаш оваа неправда од која секој нормален би се наежил од бес, а од друга страна имаш затворени за украдени ќебапи и гледање на кафе. Само нека се формира новата влада, потребни се темелни реформи во судството, овие да одлежат, а уште поважно, да си лежи целото раководство на злосторничкото здружение што пред некој ден си ја организираше најодвратната, најбизарната партиска журка во Филхармонијата. Имаше еден добар коментар на Фејсбук за ова, симболика на Титаник-оркестарот свири, бродот тоне.
Сите работи се одолговлекуваат. Народот е изморен и губи надеж, исто така се сели. Дали имаат живци уште две години да очекуваат реформи, или ќе има континуирано незадоволство?