Леле со ова говорење во име на народот како Грујо си, жими се. Шала, шала. Ако се даде шанса на новава влада да покаже што знае, ама вистинска шанса, без сопки, кочења и ниски подметнувања, верувам дека состојбата ќе се среди и побрзо од очекуваното. Песимизмот е оправдан само во поглед на тоа колку длабоко и широко одат корењата на груевизмот во сите сегменти. Новава влада не може ни да пркне од сите тие полтрончиња и партиски послушници напикани во сите општествени институции.
Не треба да бидеме песимисти, ајде ќе биде подобро! Ќе се среди се, само треба време, трпение и многу работа!
Хаха, споредба со Гвујо? Не ти требаше душичке. Вие бидете си оптимисти, јас ќе си бидам реалист. Може така? А пошо реалноста боли, ќе си ставиме розевки наочарчиња и ќе си чиламе.
Дај боже тие тепачи да лежат, дај боже да се преквалификува делото со новата влада. Ова веќе нема крај и не знам кој може да ги брани. Битанги. Свој народ тепаа, Македонија ќе ја бранеле болни идиоти.
Најзабавен ми е делот каде упадот на народот во Собрание е карактеризиран како терористички акт. И тоа од истите луѓе, кои веројатно имаат амнезија дека беа амнестирани за воени злосторства. И притоа заборавајќи на нивниот терористички чин не така далеку на планините. Избраниот ни Собраниски Претседател, се чини дека страда од висок степен на амнезија, па така од командант Форина, на магичен, но не и легитимен начин, стана втор човек во државата. И се тоа, ич не е државен удар, обид за менување Уставен поредок, тероризам. Амнезијата е страшна работа.
И ова е многу лошо. Многу лоша порака. Не е крај на светот што е Албанец, иако не би сакала да е спикер Албанец, ама па што е терорист, ууфффф. Кога ќе ми текне дека Заев се гушкаше со него, ако му се двете столици по глава си викам, ама и од овие вмровски битанги не не бива. Од своите најмногу си страдаме. А мораат и тие да прават отстапки, кога ние како народ не сме свесни дека ни треба држава. И да не сакал Заев Талат да биде претседател на Собрание, ДУИ ќе инсистира за него како решение. Ова најмногу ме разочара во старт. Ќе градиме едно општество, ветувања дека ќе биде подобро, ама како?Со наградување на терористи ли?Едноставно можеа да изберат некој друг. И на крај ДУИ ќе крадат и со едните и со другите, а само Македонци ќе одговараат?
Мене ме интересира бабичката што гледаше на кафе или како и да беше или оној што украде ќебапи дали се на условно? Или кај нас во државава само првокласните криминалци добиваат условно?
Уште еден КРИМИНАЛ по големина сличен на ќебапите и гледањето на кафе. Треба да извршиш обид за убиство на пратеник или уште подобро ДА ГО УБИЕШ, па тогаш ќе добиеш условно....инаку ако си вадиш поштено леб, тогаш може да добиеш 10тина години в ќелија.
Може е, не викам не...Нема доказ каде е сликана, ама случките со ќебапите и кафето се 10000% од Македонија.
http://top-channel.tv/lajme/artikull.php?id=321605&foto=1#g И марулите, и ајварот Се изнагледавме небулози последниве години... ама јбг...
За ова тепаа студенти? http://novatv.mk/kiril-spirovski-treba-da-vrati-pari-vo-kasata-na-studentski-parlament/
Сега прво да се расчисти кој од кои причини се лигавеше по протести, па ќе биде забавно. Полуписмените кога ќе наседат кај што не треба. Па да направиме една смена сега едните да живеат другите да трпат. Ние не сме народ, ние сме хиени. Со чест на исклучоците и другарчињата од Шарена, сем онаа чик татко испокраде во Интеримепкс на времето и Аларова им изиграваше спонзор за уредување на двор. Криво ми е некад шо не сум у партија заради достоинство и лична слобода...бар да лижам од медот.
Па Канал5 почна да се "врти". Да кажам дека е чудно.. ниту е, ниту верувам самата во тоа. Ма да почна да ротира малку подоцна од очекуваното додуша
Хорхич остварил средба со Путин. Грујо неколку години барал да се организира средба, Путин го одбивал. Дали се свесни и дека Русија им се смее и ги подје*ава. За да им бидат чисти сметките, Заев на вечера кај Могерини. И едните и другите бараат поддршка од спротиставени страни. Ко то тамо пева? Да не беше трагично, ќе беше комично.
Ме интересира која е персоната? Учествував во шарена и прилично ги знам главните ликови, ама овој податок не ми е познат. Престанав да одам заради очигледните причини, партиска обоеност и “хипи“ ликови желни за внимание по медиуми.