ако го обвинуваш само мажот ти си проблемот Не друже виновникот во вакви ситуации се мажи кои размислуваат како тебе кои мислат дека со мавање или ќутек ќе бидат во право и кои се сметаат дека се над жената. Нормално дека сите се караме ама заради тоа постои разговор се да се реши на мирен и цивилизиран начин а не како жената да е стока ќе каже нешто што не ти се свиѓа или ќе ти укаже на грешка па дигни рака мавни ја.
феминизмот е за еднаквост на половите, или еднакви шанси без разлика на пол, а не ние да бидеме негде во животот само поради нашиот пол, не! тоа е исто како охридскиот рамковен договор, албанец сум вработи ме, не јас ако сум бизнисмен ќе вработувам луѓе по квалификации не по пол, за жал и во македонија се пресликува злобниот мажомрзачки фемизам од западот пс немојте да кажувате дека во македонија не се казнува семејно насилство, без разлика од кој пол е жртвата или насилникот...
Не тоа ти е идам на интервју на работа (за било која професија) и статистиката вели дека поише шанси за вработување има некој маж што можеби нема ни факултет завршено ниту има преквалификации за таа работа а јас ги имам и двете и секако мажот ја добива работата пошто е маж. Тоа ти е глава во фамилија мора да е машко пошто нели опресија и стереотипи жена сама не може ништо да прави. Зашто да можат да се делат бесплатни кондоми за мажите а на нас жените никој да не ни дели бесплатни влошки или тампони? Можам до утре сабајле да наведувам примери за да видиш дека ние жените се бориме за РАМНОПРАВНОСТ а НЕ ДА ИМАМЕ ПРИВИЛЕГИИ ПОШТО СМЕ ЖЕНИ. Убаво анализирај ги зборовите со капс и согледај ја разликата.
Не сум феминист, ама си имам свои маки, што сум видела, што сум доживеала и за тоа можам да зборам. Здравството не е лошо само за женските, за сите е. Често ги посочувам недотатокот на гинеколози и апсурдниот закон за абортус поради кој жени по 3-4 дена носеле мртвородени бебиња во себе, или платформата за заштита на жените жртви за семејно насилство затоа што како 26 годишна девојка, тоа се проблеми што најмногу ме тангираат. Секој со своите проблеми, нели? Не ми е гајле кој ќе се вработи во администрацијата и кој ќе вее знамиња на следни митинзи. Ме боли што луѓе кои немаат образование и немаат никаква функција на партиска база ми правеле уцени од типот: "Не може ти тоа, имам девојче од партија". Ме боли што како студент сум седела во ладна соба без парно затоа што ако уклучам греалка ќе останам без струја, додека кретенот на портирница нозете си ги имаше качено на греалката. Ме боли што госпоѓата од типот "Клати врата - земи плата" што ништо не работи, а јас ја плаќам од мојот данок си зема за право да ми се обрати со: "Ако те мрзи да работиш не мораш". Ме боли што други си земаат за право да бараат услуга од тебе на карта "Ќе ти се јави висок човек од партија". "Заврши го ова да не ти се јави ***, ќе ја направиме голема". Ама горда сум на себе, што се сум успеала сама, сум стекнала доволна независност да на "Ќе ти се јави ***" можам да одговорам со "Тоа мене ништо не ми значи.". Затоа секогаш ќе си барам поголеми права, за поубаво да биде. И ако овие не ги бидува, лесно ќе се свртам против нив. Ама никогаш нема да дозволам некој да ме влече за нос на лажен национализам.
јас не сум против вас... но верувам во слободата на бизнисменот да донесува одлуки самостојно, јас сум против тоа државата да се меша во мојот живот, тоа е моја политичка убеденост, и ако сум искрен не верувам дека некој не би зел квалификуван човек на работа а би зел некој глупак, тоа е глуп чекор на бизнисменот, и заради тоа ќе пати неговата фирма, тешко ми е тоа да го замислам како вистина.
Ако ти е тешко да го замислиш провери статистики и информации се е црно на бело. Да не идеме преофтопик сепак ова е тема за актуелни политички настани(се извинувам до модераторите што моите мислења не беа поврзани со темата) ако те интересира повеќе за феминизам или сакаш да ја продолжиш дискусијата пиши и ќе те подучам повеќе.
Ајде бе вмровци доцните со спамот. Заев е реизбран за претседател на Сдсм, ајмоо живо малку што е ова, мора да се заработи платата. Ајде, диктатура, Сдсм, Сорос, Заев.
http://www.balkaninsight.com/en/article/ziadin-sela-outlines-vision-for-a-new-macedonia-05-26-2017 Да се знае на што сме
Ти кажав толку разбираш, ако си сам свесен ќе сватиш дека Аболиција значи нешто кое се практикува за луѓе кои биле до грло во криминал па сам заклучи ваљда имаш нешто во тебе?