Проверив даре, ист процент со Либан и Кувајт имаме. Провери и ти ако сакаш, има достапни статистики на интернет.
Никола битно на вистинско место #иметонегодаваме Шала на страна, типот е и умен и згоден и добар дипломат и знае англиски
Нели пред избори ветуваа влада со намален број на министри до 20 а денес предлагаат 25 !! Министри , ај да те видам биди будала и верувај им на овие црпковци http://telma.com.mk/vesti/sdsm-kje-gi-namaluva-brojot-na-ministri-i-pratenici
Тевдовски браво на право место! Подобар избор мислам дека не можеле да направат. Еден од најдобрите професори на економски. Не се сомневам во неговите способности , само мила му душа со оглед на тоа каков буџет го чека и што се треба да исправа. Се надевам ке остане доследен на себе си.
За Тевдовски големо браво имаат. Скромен и посветен на работата. Ако си состави добар тим околу него се надевам дека ќе биде добро, макар што презадолжена ни е државава.
Незнам дали е време да си честитаме нова влада.Вчера пуштив онака случајно сител да видам што има оп Ивончето чита вести,па кај си птицо нешто ми е глупо без Латас и Тебе мислам не ми течат вестите убаво без вас.
Синоќа го објавија составот на владата и види го сонцево Сонцево.. предавник Шеќерка бе за одбрана...шо да е, испаѓа,некаде да е. Госпожа министерка. Не идело за евроинтеграции ај, со НАТО као ќе се замара. Ој човече.
Заев ја објави листата на идни министри. Следува период на мала еуфорија и тивки разочарувања. Следува период кога ќе се обелодени кој бил борец за граѓански права, кој за функција. Нема да шпекулирам како ќе коегзистира оваа влада, останува времето да покаже. Сакам да прочитам во иднина за реформите во образование и здравство, од клучно значење се. Сакам да видам конечно позитивна промена, барем до наредна година кога планирам да се враќам. Сакам да видам насмеани и позитивни лица, не тажни и депресивни. Искрено, се надевам и дека некој од младите ќе се врати, премногу се испусти и онака малата држава. Најмногу ми е криво што паметните први си заминаа. Се надевам дека репер за успех нема да биде селењето од Македонија. Се надевам и дека натрупаната администрација ќе биде испразнета. Ова се моите скромни желби.
Провери кои стои на чело на министерствата за одбрана во Италија,Франција,Холандија,Шпанија,Германија и кој е висок претставник за безбедносна политика во ЕУ. Жени. Гуглај,New face of european defence.
Не ми продавај молимте феминизам,баш најде кому. Не ми ама ич гајле што е жена. Друго,друго ми е битно со Шеќерка.
Е што е толку битно,кажи сите да знаеме. Околу министерските места,ми се допаѓа изборот на Рената Десковска за образование,на ова поле реформите му се и повеќе од потребни.Исто и за здравство,Таравари е одличен лекар кој да се надеваме ќе ја оправи очајната ситуација во здравството. Тевдовски ќе има најтешка задача,со празна каса и презадолженост. Да оставиме времето да покаже и да се докажат новиве.Промениве се добри,да видиме што ќе донесат.