И тоа што викате царица е, нај е,, јака е, жена е, плус и СДСМовка е Зар смее да и фали нешто. Скроена е за одбрана.
Сигурно...штом се задржала во политика толку долго време, мора да вреди нешто...нели ? А вие што викате.?...не вреди? Или е чудно дека од ЕУ интеграции на одбрана ја прешалтуваа.... Нели се навинавте еден исти човек и во образование и во здравство...да го бидува, оти пак Рада да не ја бидува за Одбрана? Впрочем, сеуште не седнала во фотеља а веќе е чудно.. Ами тие што мењаа фотељи , оти за нив не се чудевте?
Јас не се радувам и славам додека не видам да пише дека има влада. Значи 2 години таман ќе биде завршено и Сдсм примаат гол во 93та минута. Утре е закажано собрание за гласање на влада или што и да прават. Кога ќе биде све нај нај нај нај сигурно ќе се радувам. Шеќеринска за министерка бог да чува... можеле и коњ да стават не е проблем....
referentka Шекеринска има јако искуство во врска со евроинтеграции, ја бива тука во тој круг со луѓе. Некако не ми се допаѓа ни што Спасовски е на внатрешни он ми е повише пак за местото на шекеирнска или нешто др повржано со право. Ама сепак сум задоволна од изборот, се надевам ке почнат официјално со работа.
Не ги ни следев муабетите за кој-каде требало да биде, особено кои министерства ги сакале ДУИ.. дали се зборело за одбрана ко и внатрешни работи. Ваљда се. Ама,апла е дека е таму за колку да има министерска позиција под 1 и колку да се пополни местото со МК министер,оти пресекле ете, Албанец да остане за евроинтеграции...и го зеле местото. За евроинтеграции,чак и надворешни работи.. ок ќе беше. Ама одбрана не е само НАТО. Ама така е.... во право сте си вие. Уште не седнала, ние критикуваме,незадоволни,мрчиме. Жената ќе се снајде, ќе и легне. Ќе порасне со функцијата. Паметна е. Другите да не беа поарни крај краева. И ја па,што упоште размислувам. СДСМ се битно. Не е НГ. Трај си.
Работава ќе излезе -се спасивме од Грујо, ќутете сега, кој каде е -не е битно. Утре ќе биде -е добро де згрешил, паметите вмро какви беа? Бетер. И така историјата ќе се продолжи. А нели ветување беше дека отсега натаму ќе се збори, ќе се критикува, ќе се дискутира јавно за веќе ништо да не е ко што беше порано? Не е само критиката за Шеќеринска проблем, туку вака ако се размислува и понатаму -ќути си, било и бетер, нема да е ок.
им го начука трамп, почнува светот да се менува на подобро, следна е германија да се отараси од ненормалната меркел.
Ќе се запали светот Трамп "им го начука" со тоа што не верува дека климатските промени се вистински... Даре појма си немаш од светот http://www.foxnews.com/politics/201...fter-trump-visit-climate-change-decision.html
фарсата за климатските промени е измислена за политички причини, не е базирана на наука, никој не вика дека не постојат климатските промени одсекогаш постоеле, а и кај нас тоа со загадувањето е повеќе политичка битка, луѓето што не виделе вистинско загадување се трескаат од земја на малку магла, хипичка работа.
Вмро имаше поставено албанци за министри на многу побитни позиции, а во новата влада ете видете каде се албанците. На најбитните министерски места нема албанци. И пак Заев е предавник. П. С. Што и се напнавте на Шеќеринска толку? Со години се занимава со политика, и сигурно има многу повеќе искуство отколку вие експертите пред тастатура.
Од новава влада најбитни ми се реформите во судството.На академик ја прочитав новата програма на новата Влада и ми се свиѓа, уште да се превземе нешто и да се започне со реализација. Тоа кој се здобил со титула министер и на кој ресор не ми менува ништо во животот.
Абе го слушам овој,дека новата влада е корумпирана...а што е он!? И понатаму сака да пере мозок,на овој напатен Македонски народ