Командант Форина се обрати на албански од претседателската говорница. Знам дека не ви пречи. Него, да му објаснеше некој на човекот оти веројатно ги побркал говорниците и оти од неговата смее да претседава исклучиво на македонски јазик. Нека си го прочита законот за јазици. Иако, не ме чуди воопшто. Тотално очекувано. Нелегитимниов, експресно стана легитимен и признат, дури и од меѓународната заедница. Инаку, едвај ги чекам реформите.
нашите пратеници се криви што дозволуваат, ах да бев пратеник... требаше они да се тепаат не народот. не се свесни политичарите какви последици ќе има, луѓето ги гледаат со омраза и сакаат да ги задават.
Според закон смее да се обраќа на албански. Не смее да претседава. Кога се обраќа на пратеници дозволено е. Претседавањето му беше на Македонски. Обраќање и претседавање не е исто.
Те чекав. Фала за објаснувањето. Ама сосема непотребно. Струка ми е. Ги знам работите. Него, од која говорница зборуваше ?! Дека има две. Од едната се обраќа пратеник, кој смее да зборува на албански, а од другата претседава Претседател на Собрание, кој не смее да зборува албански. Оти не е пратеник, а Претседател. Да беше пратеник, ќе беше меѓу нив во редовите.
а колку максимум амандмани можат да се поднесат, за едно 10 години ако може, можеби тогаш ќе се вразумат дека не може двојазичност.
Не ми се чини баш непотребно. Претседателот од својата говорница покрај што претседава и се обраќа. Согласно закон стои дека претседателот на собранието може да се обрати на пратеник на албански. Претседателот може да користи албански кога се обраќа на конкретен пратеник и тој тоа право го користеше, додека претседавањето, генералните говори му беа на Македонски. Освен на 2-3 пати кога се забораи, па се врати назад. Бар се надевам тоа поретко ќе биде.
@Yowannty Плански и намерно. Всушност како и се до сега. И не, тоа што се "заборавил" ич не е оправдување. Има посебна говорница за обраќање на пратеник. Иако сакам да верувам во спротивното, оти и јас како тебе се надевам, ми се чини дека наскоро неговиот говор се почесто ќе биде на албански.
@Lianna Anna Уставен амандман дури и му овозможува да претседава на албански. Затоа сакам да верувам дека во тие моменти навистина "се заборавил". На страна тоа што нашите закони се толку непрецизни, што секој може да си ги толкува во своја корист. За што ми е највеќе криво. Секако, сум против да се претседава на албански, односно да се претседава на било кој јазик освен Македонски. Не ми беше поентата да го оправдам, само така е тоа кога законите се полни дупки.
Пратениците од ВМРО му се обраќаат со пратеникот Талат, затоа збори на албански. Самиот си кажа, ако продолжат да му се обраќаат со пратеник тој ќе го користи правото на албански јазик бидејќи пратеникот смее, ако му се обраќаат со претседател тогаш нема.
Се согласуваме во врска со не прецизноста на Законите. Апсолутно е така. И за волја на вистината, секој во своја корист си ги толкува. Меѓутоа овој, командатов, ако сака да се обраќа како пратеник, ете му говорница за пратеници. Во спротивно, ќе настане хаос и нема да се знае кој која говорница кој ја "ужива". Што важи за него, зошто да не важи и за другите пратеници ?! Значи утре може и некој од друга националност да биде на негово место. Па нека си говори и тој на мајчин јазик. Бре, каша попара. Ич Македонија и македонски, а најмалку пак Закони и Устав. Тој е Претседател на Собрание, иако не легален. Истиов, и онака е не способен да претседава. Па може часови по тероризам да држи. Најголемата грешка е што е поставен таму каде што е. Јавна тајна беше неговото говорење. А да не зборувам пак за начинот на кој истиов се постави таму. Меѓутоа од оној момент кога бившиот Спикер дозволи химна на друга држава, а пратениците на ВМРО не реагираа по основ тоа и начинот на избор на Претседател, сега касно е. Си го имаме Форина за втор човек во државата, по Претседателот. Во која држава го има ова бре човече ?! Во која ?!
Да. Пратеникот смее. Но од друга говорница. Тоа што го пишуваш не е оправдување. Ако е навистина Претседател, а не пратеник, ќе зборува македонски. Нема да си игра играчки како мало дете од Собраниска говорница, прифаќајќи ја улогата на пратеник. Иако навистина и само тоа е. На жалост седнат на погрешно столче.
Четнициве покажуваат невообичаена нервоза. Дека се светско дно од колективен идентитет тоа е општопознат факт но сепак е чудна оваа нивна хистерија после падот на гѕујо. Може да има нешто конкретно од што се плашат, некој криминал во кој се вовлечени заедно со овдешниве арамии?
Т.Џ. рече дека кога ќе се обраќа кон пратеници од вмро ќе зборува на албански бидејќи они се изјаснија дека не го признаваат за претседател. "Ако не сум ви претседател тогаш не може да не признаете дека сум пратеник, а како пратеник имам право да зборувам на албански "...нешто во тој стил кажа.
Нека не си играат како мали деца и нека не плачат од ВМРО, јас стварно не сум видел толкави плачковци, арно вика Павле ни за опозиција не ги бива. Само да се плачело мајката, ама мора да ги разбереме, до лани беа неприкосновени владетели, мислеа така ќе остане засекогаш затоа плачат сега.
Ако немаш ништо паметно да кажеш, немој со фрустрациите тука. Оти многу убаво знаеме кој плачеше цели 10 години. Кој плачеше за избори па од истите бегаше. Немој жити се дека тоа некогаш била здрава опозиција. Оти да беше ќе беше одамна на власт. Легално. Ама не е страшно, јас ја разбирам таа фрустрација, во недостаток на аргумент, тешко е да не излезе на површина. Иначе, дали е тоа оној истиот Павле кој како мало дете плачеше во Собрание, а претходно дивееше со шарените ?! За него ми зборуваш ?! Тој може да биде се, но не и пратеник. Нема тој образ да зборува за здраво или не здраво, оти прво треба со сам себе да си расчисти. Божееее, кој ни ја води државата.
За аргументи зборат луѓето кои бегаат од одговори, луѓето кои не сакаат да ги слушнат прашањата или па ако ги слушнат не сакаат да одговорат. Си ја вртите приказната на ваша страна и само тоа што ви е убаво го слушате. Јас сум немал аргументи а досега ниеден не ми одговори тоа што прашав, па дури и фрустриран сум бил, а не знам кој плаче по фејсбук и твитер како дете мало. Државата ќе ја продавале ова ќе правеле она ќе правеле, плачковци бе, само за тоа сте добри. За изборите, не се плачело туку не сакаа да излезат на избори што ги организира ВМРО, едноставно е ама не можете да сфатите едноставни работи ве разбирам. Затоа се одложуваа изборите, тоа што ВМРО напнуваше дека се бега од избори значеше само дека и тие знаеа дека ќе се тесни изборите. Павле иначе е избран од народот, и е пратеник. И ти да беше изгласана и ти ќе беше.
@Достоевски Што си ме прашал мене, а не сум одговорила ?! Јас радо дебатирам на темава, но се додека е во граници на нормалата. Тоа што ти перцепираш на работите на поинаков начин од мене и од поддржувачите на ВМРО, не ти дава за право да ме ставаш во исти кош со нив. Зборуваш во множина, а јас имам и многу спротивни размислувања од оние кои се за ВМРО. Да, јас сум исто нивни симпатизер, но тоа не значи дека нема да бидам или дека не сум транспарентна. Зборувам за грешките и на едните и на другите, тука јавно. Ќе видиме дали ќе ја продадат државата. Имаат доволно мандат за истото. И за Форина не верувавте, па ете ви го знамето албанско во кабинетот, книгата која го решава албанскпто национално прашање, претседавање на албански. Ама тоа не ви пречи. Всушност, вам тоа ништо не ви менува. Еднаш барем да се погледне реално на работите. Не е тоа по Устав. Слушав оти многу подобри ќе бидете. Да видиме сега со ветувањата. Едит: Павле и нему сличните покажаа колку шарените "немаа" политичка заднина, како што се тврдеше.
Тргнато е албанското знаме од кабинетот. Мене ми е битен криминалот, тој криминал кој не го спомнувате, цело време за продавање и купување пишуваш. На кого ќе ја продадат? Има купец некој заинтересиран за оваа држава? Па ВМРО беа спремни тоа да го направат кога имаше заинтересирани за тоа, ако веќе реално збориме. Најбитно е криминалот да се реши, има 20 случаи од СЈО отворени, тие треба и мора да добијат судска пресуда, па после ќе видиме и Талат како збори, и какви книги има, и се по ред. Најголемиот непријател на македонскиот народ е токму ВМРО, инсталирани бугарски шпиони кои 10 години ја ограбуваат Македонија. Зборат за патриотизам а од џеб бугарски пасош ѕирка.