Јас искрено се надевам дека после екстерново ќе продолжат со укинување на дебилни закони како законот за возачи почетници, за купување на алкохол, радиодифузна такса, Кембриџ програма итн итн...
дај линк од тој закон, дупки сакам да барам и тој за абортусот, тој за 3то дете, пошто со овие закони жените ги направија стока за приплод
За возачи почетници (не знам што е спорно), алкохолот и цигарите треба да си останат. Тоа што нас не ни се свиѓа, а цел свет функционира така, е само наш проблем. Искрено се надевам на посериозни и строги реформи на образованието. Што ако имаше па екстерно, ич не се наоѓаа начини како да се полага со врски... Во една Европа детето смее само два дена да отсуствува од школо во сите години. Ако е болно белешка од доктор, крвна слика со наод. А кај нас глеам да фатат фрст минит аранжманчиња еден куп фамилии со деца веќе се у Грчка. Во Холандија ако те фатат на аеродром те преку граница со дете кое треба да е на училиште због заради шетња без специјално образложение те враќаат назад и има консеквенци од различна тежина. Кај нас у несвести за се нешто...си сакаме лабавко. Не е као све што изгласаа беа глупости. Е Сега сдсм да се удвара ќе укинува се нешто ама дали е во ред...?! Не е дека ќе се раскалашиме сега. Мислам дека не е во тоа поентата.
Знаејќи дека сум мала и дека откако сум "свесна" за политика, речиси половина мој живот, биле само едни па исти, баш сакам да видам каква промена ќе има и дали ќе има и за таа цел со среќа на новата влада. Ако не е добра секогаш има следни избори. Меѓу двете најголеми Македонски партии не беа во мојот избор, но искрено не сакав да остануваме во исто место, па оваа промена ме радува - за сега. Важно е да не поддржуваме партија по секоја цена, туку моментот кога ќе ја прескокни црвената линија да го искористиме нашето Граѓанско право да извршиме промена, на мирен, цивилизиран начин. Во поглед на министерските места и застапеноста на жени во истите, половата еднаквост не ја разбирам како да има подеднаков или приближен број на ете, министерски места, од двата пола, туку од групата мешани мажи и жени да бидат избрани најдобрите без разлика на соодносот. Сакам да верувам дека изборот е извршен така. Уште еднаш, честитки.
@Sesil како ги заборавив тиеуште повеќе ме чуди што жена можела да гласа за такви закони, срамота за женскиот род и човековото достоинство! @Lilit за возачите почетници е тоа што има забрана за возење од 23:00 до 05:00 сабајле 2 години, јас ваков закон немам слушнато да има никаде на друго место на светов, а за алкохолот мислев на ограничување на продажба до 7, односно 9 навечер (општо, а не за малолетници што можат слободно да купат на секој втор чекор тоа е др. тема) нема логика кога можеш да купиш пред тоа, или па да најдеш од негде, или едноставно да отидеш во ресторан/бар/кафич. Едит:почнаа и со трубачитеи кола https://www.facebook.com/shilegov/v...¬if_t=live_video¬if_id=1496273903437922
Конечно државата се ослободи од најлошото владеење епа со среќа останува да гледаме како ќе биде сеа очекувам бар мало подобрување доволно е само што не се тие на власт лом ја направиа државата.
Во администрација работиш? What a surprise Зошто бе го гледате светот црно бело, или се газолизачи или се овцички по пастирот. Освен овие 2 типа има и нормални кои за среќа не сакаа ни во еден од овие да се најдат. Значи има фини, нормални, културни луѓе кои се согласуваат со политиката на ВМРО и си ги гласаат нив, има луѓе што се согласуваат со политиката на СДСМ и си ги гласаат нив, Ме заболе мене за 30к или колку ќе биде просечната плата. Јас сакам само здравството да го средат, само тоа ме занима. И груевски иш... од него сме на ова дереџе.
Еве малку као политичка зезанција ќе му дојде ова (ама сепак е реалност): Македонија се ослободи од лудакот Груевски, сега останува на партијата да се ослободи од него. Спојлер За меѓу другото и таму да дишат слободно, а посебно ова важи за новите опозициски пратеници пошто знам дека они се класични заложници на него. Се користат како пиуни или да не кажам која друга шаховска фигура. Гледано на позитивната страна... треба да оставиме малограѓанштина и партиско убедување на страна и да сфатиме дека европска и реформска влада е за доброто на сите. Со дпне никогаш немаше да видиме никаков аир како држава, освен најтесната група околу нив. Јас мислам дека имаме супер владина екипица полна со желба да се докаже после 10 години суша (со исклучок на ДУИ они се секогаш влажни хаха) и да кажеме бар 99% сум сигурен ќе влеземе во НАТО макар и под привремената референца за брзо време. За ЕУ ќе треба повеќе време, ама ваљда ќе почнеме преговори во овој мандат. Најважно од се' е дека доаѓаат нормални луѓе на власт. Како минува времето Грујо ќе тоне во незаборав, а можеби и во некоја затворска ќелија или психијатриско одделение. Тесно мнозинство е но тоа не е проблем, ако треба да гласаат некој закон ќе дојдат сите во собранието пошто тоа им е работа крај краева. Бар година-две да истера владава пред евентуални предвремени парламентарни избори (може и треба да има во 2019 пошто Хорхе ќе лета тогаш пошто само 2 мандати има право да е претседател) и кога народот ќе сфати никој не го притиска да гласа за никого + дотогашните бенефити од новата власт па + и ако влеземе во НАТО и сме почнале преговори со ЕУ, абе стварно ќе го прегазат Грујо на тие избори и политички ќе го усмртат повторно ќе кажам ако веќе не е во некоја затворска ќелија или психијатриско одделение. Ај да сме само живи и здрави ќе дочекаме многу убави и позитивни моменти. СДСМ се интелектуално посупериорни и кадровски поквалитетни од дпмне, во тоа немам никаква дилема затоа што... во СДСМ сите мислат со свои глави, а во дпмне како ќе каже шефот. Нема слобода со заробен ум!
Не ги направија жените стока за приплод туку треба да размислиме малку колку се множат Албанците во државава а колку се намалуваат Македонците.
@Mr.Awesome да не се правам ненормална, ама се ми се чини дека има шанси Грција да се откаже од спорот со името. Мислам дека и тие веќе инает на Груевски му тераа само. Ама реков, да не се правам пророчица тука
Малку глупаво прашање, али се состави вечерва влада конечно? Пред пола саат се скапаа коли свирење па веднаш на ова ми замина умот.
Не се работи само за намножување на овој или оној, и Албанците сега немаат по мн деца, едноставно старее државата, што значи тоа, повеќе пензионери отколку млада популација, тоа не е добро за никого.
Баш сакав да и го цитирам тоа , не доликува такво нешто никој да каже. *Вмро ете што успеа само да направи, народот мегусебно да се замрази. Сдсм барем од сам почеток сака народот да е заедно, да нема злоба. Иначе мило ми е за новата влата , со среќа нека е! Верувам Заев дека ќе си ги исполни ветувањата што ги даде , му требаше долго време за да стигне до тука и нема тек така да дозволи пак да изгуби.
Чекај @DAngel Спојлер Пробувам да сконтам дали сме на иста страна... Стварно си позитивно луда. Еве вака... замисли ја Грција како мало пекинезерче, а ЕУ и НАТО како питбули. И сега ако питбулите за'ржат нормално дека малото кутренце ќе слуша. Инаку ако сакаш да збориме реално Грујо никогаш не сакаше да влеземе во ЕУ и НАТО пошто тогаш ќе не можеше да краде како клептоман од светски размери. Фала богу дека дпмне беше за да остане Македонија надвор од ЕУ и НАТО за навек за да ја пљачкаат како ненормални говеда. Морам така да се изразам нема друг соодветен збор.
Добро бе,зарем уште има луѓе кои мислат дека Албанците се најголемо зло во државичево? Поголемо зло од грујо и компанија нема и да не дозволиме да има!
За прв пат мнозинството од Македонскиот етникум е во опозиција а мнозиството од Албанскиот етникум во рамки на РМ е на власт. Bella Ciao