Се надевам дека Денес над Македонија се раѓа ново на слободата.... Нека е за арно, за убаво. Како и да е , го допревме дното изминативе години па полошо сигурно нема да биде. Не верувам дека Заев истрпе толку многу за да се заебава со државата. Му се восхитувам колку трпение и верба имаше,и колкав оптимист беше.Со среќа нека му е. Спојлер Многу ми се јаки ситните вмровчиња по темава што од мака само нафрлаат по некој плачлив пост.Ама тоа се тие, та на нив им личи на кој друг
Јас си стојам на тоа "рипни па кажи оп". Сум за промени, ама дур не видам каде ќе тера оваа влада се оградувам од толкав позитивизам. На невидено не верувам, а на ветувања уште помалку.
Епа ај честито нова влада Како што еднаш имав спомнато , не се мешам во политиката многу многу , ама ете се надевам дека овие сега ќе направат нешто барем да се подобри здравството и да се покачат плати (пензии) како што ветуваат.. За жал , досега никој немаше направено ништо за државава , кога сме кај здравството се е со врски , мито , и тоа не зборам само за минатите 5-10 години , туку така е уште од времето на Југославија па се до денес.. Криминали направија многу и ВМРО и СДСМ со минатите владеења. Како и да е , баш ќе видиме дали ветеното ќе се исполни
А знае ли Груевски дека веќе не е премиер? И јас сум некако воздржана за новата влада. Имам големи барања и големи очекувања, ако продолжат слично како досегашниве, клоца не им бега. Правен систем еднаков за сите, здравство, образование, толеранција, има многу да се работи. Не снижувам стандарди. Сакам функционална европска земја. Песимист сум дека се тоа ќе го добијам, ама сакам да видам дека на тоа ќе се работи.
Се согласувам. Сепак, првиот чекор е направен. Го срушивме режимот. Тоа за мене беше најважно, затоа и ги гласав СДСМ. Следно е да ги затворат криминалциве на чело со Гвујо и братучедите. А за понатаму? Ќе видиме... ако се и малку слични како криминалциве, гитла.
Силно светнал ден Збогум на паторот, збогум на бандата криминална, никогаш повеќе такво зло да не се повтори, веќе полесно се дише во слободна Македонија. Толку е убаво што не ми се верува. Честитки до новата влада, многу работа ги чека, но јас сум оптимист.
Надевам се дека оваа Влада ќе вработи по болниците медицински лица со завршено 3 годишно високо образование, а не само со средно како што претходните правеа. Барем да знам за што сум го учила тој факултет. На тоа најмногу се надевам.
https://www.facebook.com/gledytv/ Седите море луѓе, седите ејјјј Најинтересно е што дисциплинира пратеници од сдсм, ги заприметив Пендаровски и Шилегов. Му стануваа да ракоплескаат, затоа велам, не треба многу лижење, штетно е. Интересни се и коментарите под видеото, хахаха.
Мене не ми е јасен Груевски со предвремениве парламентарни избори што ги спомнува. Точно дека ВМРО ги поддржувам повеќе отколку СДС, но тоа не значи дека прифаќам како добро се што прават или дека ги фалам какви политичари се. Она што е за критика го критикувам, а мислам дека на Груевски му е време да се повлече од својата функција претседател на ВМРО ДПМНЕ и да отстапи место на друг. Груевски е навикнат на власт, ова опозицисково место не му прија. За новава влада не коментирам ништо. Се изјаснив во друга тема, со само еден збор, но сега чекам да видам што е она за кое толку жестоко се бореа да добијат власт. Едит: Изразувањево на Т.Џ е очајно... на вакви луѓе да им се дава функција Претседател на Собрание и втор човек на државава... жално.
На нероден Петко капа не се крои. Времето е најдобар показател, па ќе видиме. Се надевам дека малку повеќе ќе мислат на народот. Треба да внесат нови кадри, а тие постарите од СДСМ што ја уништија и партијата и делумно државата треба да заминат во историја.
http://infomax.mk/wp/бомба-број-еден-фрчковски-го-учи-геров/ БОМБА Е Фрчко Фрчко Харам да ти е векот што го живиш!Предавник
Веста е објавена од Горазд Велковски, новинарот на МИНА и Инфомакс што го објави лажниот Викиликс што уште го чекаме. http://www.minareport.com/2017/06/0...said-medium-discuss-making-albanian-official/ Пред 1-2 недели дури и почитуваниот ви Миленко ги нападна МИНА дека лажно известувале. Дај од друг новинар, или барем викиликс линкот дај го
http://plusinfo.mk/vest/116616/pukano-vo-todorov-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo- Ова вистина е или пак некоја лага е во прашање
Барем ќе биде поинтересно за гледање седници во живо со Талат Ко професор кај немирни деца да предава... Седите луѓеее, седите морееее ејј Ко излезен од скеч од к15 Го гледав вчера Николче и неговиот последен говор пред да оди во затвор Трагедии... Уште се правда, уште кажува што направил и што би направил во иднина уште не е свесен што му се случува. Ќе си лежите море вмровци ејјјј