Абе го убивам без око да ми трепне,какви затвори какви бакрачи,ке лежам ми е гајле.Јадење,пиење,спиење,све без пари во затвор и готово.
Кога зборите за вмро и сдсм, не знам дали ви е јасно дека не зборувате за луѓе од различни планети. Не знам, вие сдсмовците немате ли по дома вмро-вци? Родени сте во чисти сдсмовски фамилии со чиста сдсм-овска крв ли? Или вие вмро-вците. Дај олабавете веќе со труење ко да е крај на свет што ВМРО не владее веќе или да, секако... од денес еве и сонцево што свети, свети поубаво оти сдсм е на власт. Ако е стварно тоа дедото на Тамара, драго ми е што не го убил Тодоров. Не оти ми е многу жал за Тодоров,не оти пак сакам Тодоров да умре... него оти ќе си го доупропастел човекот животот за едно ѓубре ко Тодоров. На Тодоров друг треба да му суди и досуди. .
Кој и да пукал не е битно, воопшто не требало да се пука Не знам зошто и искрено не ме интересира што направил Тодоров за да се пука во него АМА пукањето во никој случај не е решение. Има соодветни институции кои би го решиле тоа! Како и да е жална беше сликата од човекот што пукал... Сигурно имал некоја мака (не велам не) ама не само што ништо не реши со ова, туку сега и ќе лежи поради обид за убиство. Насилството не е решение
Кој век сме бе луѓе? Шиптаришта, нема живот со нив бла бла. Колку ми се мизерни ваквите националистички ставови и од двете страни. Луѓе на месечина се качија ние уште се палиме ко пијани мајмуни на национална и верска основа. Страшно. Се знае кој беше праќан на голи оток ако размислуваше поразлично од диктаторот. Се надевам дека новиве ќе имаат фер однос кон критиките. И како мислите дека е здраво еден те исти да владее 12 години? Е тој истиот си ја присвојува државата како од татко му и си создава претстава како никој ништо да не му може. И после забегува психички вака ко Грујо. Ја да сума не би дозволила еден ист човек да биде на власт повеќе од 8год. Да си биде свесен дека кад тад неговото време истекува и дека ќе му бидат мерени гревовите.
Мислиш дека вреди?! Кај е тука слободата?? За таков гад раце не би валкала, Тодоров ми е еден од најомразените личности, ама не би сакала да умре...Има некој поголем од сите нас што ќе му врати.
Сега изговор во наредните 10 години за нефункционирањето на здравството ќе биде поради Вмро. Сите забораваат дека Македонија има огромна потреба од квалификуван кадар, а добар кадар не се печати во печатница, туку треба децении работа.
Која црна слобода бараш на починато девојче,болка преголема,гушење,немање воља за живот?каде е слободата? Затоа реков Господ да не даде да ја осетиме таа болка,подалеку од такво нешто.
Во право си, ама животот за жал како таков мора да продолжи...Ако го убие, нема да ја врати неа... Ниту ќе ги врати сите други кои починаа поради лошото здравство... Ова ти е дебата смртна казна или гниење в затвор... Секогаш сум за второто...
Чекајте малку, другари. И за оној напаѓачон се збореше дека имал син што му загинал во 2001 (оној што ја искуба Шеќеринска). Па, после: Немам деца... Нешто ми смрди, ама што... Ајде ќе видиме. Чекам од мајката на Тамара да добиеме потврден или демантиран одговор...
Со убиството ке направи и фамилијата на Тодоров,да пати целиот живот,како што пати тој човек. Јас ке ја прекинам тука мојата дебата,и уште еднаш ке кажам ГОСПОД ДА НЕ ДАДЕ НА НИКОЈ ТАКВА БОЛКА.
Дали ако бил поврзан со Тамара досега неможел да го нападни на Тодоров, зашто баш денес. Мислам дека тука има нешто се меси некоја пита комуњарска
Неофицијално е дедото на Тамара. Инаку таа што пиша ШИПТАРИТШРА, пријавете ја сите... Нека добие бан од темава. Нека лечи комплекси ја друго место. Дно од жена.
Се согласувам дека има многу нејаснотии. Ова го споделив како информација, но се' останува неофицијално додека не се произнесат надлежните.
Зошто сдсм би правеле нешто? Влада формираат и не им требаат вакви прости сцени. Или човекот си има приватни проблеми или е од вмро, платен да се глупира и да прави сцени баш кога треба да се предаваат министерските места. Ама толку може да размислите. Чекате латас што ќе пише... Тој знае
Ако е навистина дедото на Тамара, тоа нема никаква врска со политика и не покажува дека „се почнало со обиди за убиства уште од прв ден на новата власт“. Премногу е жално тоа што се случи со девојчето, ама сепак насилството во никој случај според мене не е решение. Сепак мислам на првични информации околу тоа кој е, не треба толку лесно и веднаш да се верува...
Дали ја слушаше снимката на разговоеот помеѓу Геро и Фрчко. Тоа сакав да те прашам. А изгледа ти сакаш информции само од телма и некои слични на неа.Епа и мене не ми се допаѓаат некои медиуми ама ако се вистинити тогаш ќе замолчам...
Стави од курир макар, или република, или сител... Зошто ни еден друг портал не ја превзеде веста туку само инфомакс објавува? Исто како викилинкс линкот. Не сум го слушнала видеото, еве ти ветувам ќе го слушнам. Му го знаеш на Геровски гласот?
@JollyGirl изгледа имаш комплекси од Вмро и мислам дека треба да ги лечиш.Дали ги оправдуваш ваквите напади со огнено оружје врз политичари , а од друга страна пак цело време плукаше против 85 год старец кој ја искуба на Шеќерка. Мислам дека трееба да се изјаснеш комплетно до крај или си Комуњарка или ептен го мразиш Вмро