@ADOKI кај виде дека го поддржувам овој човек што пукал? Ама знаете да испревртувате зборови, секоја чест. Ќе си оди во затвор кој и да бил. Јас Тодоров не го гледам ко вмровец туку ко човек. Никаде ама баш НИКАДЕ не реков дека го поддржувам ова. Очигледно ти треба да се лечиш... На очно под итно.
Ај кажи ми кој медиум сакаш да го следам и кој според тебе е навистинит само да не е финансиран од сорос кажими еден и јас ќе прифатам
Според информациите, велешанецот Љ.С. според се уште непотврдени информации со уште две лица од рано наутро го чекал Тодоров пред министерството. Откако не дошол, напаѓачот се упатил кон домот на Тодоров. Тропнал на неговата врата, но откако видел дека тој не дома заминал назад во Министерството за здравство каде што го извршил нападот. За среќа, никој не е повреден, а напаѓачот е приведен. Од полицијата се уште нема потврда за вмешаноста на други лица во нападот, но очевидци велат дека Љ.С. заедно со уште две лица село утро бил пред Министерството.
Ти реков АДОКИ, дај ми ја истата вест од Курир или Сител, или Република, или Нова на Кочан или било кој друг медиум освен Инфомакс и МИНА.
Јас тоа го заклучив според твоите постови во кој ти си најактивана особено во политика.Па ако не е така тпгаш се извинивам ама мислам дека се гледа од Небо!
Само ако тоа навистина е дедото на Тамара (што искрено не ми се верува), зошто да чека дури до сега ?! Ми нема логика. Плус што принципот на талион или Око за око - заб за заб е карактеристика на прастарите правни системи... Во денешните малку посовремени правни системи тоа го нема затоа и ќе одговара за обид за убиство, исто како што и Тодоров ќе одговара за се што направил.
Јас незнам зашто чекал,јас не сум во неготово тело,јас незнам што размислувал тој човек. Само едно знам ако е стварно дедото на починатото девојче,тогаш ми е јасно зашто го направил ова,но ако не е тогаш незнам.
Не сакав да пишам бидејќи Еден Член сакаше да ја прекине дебатата, ама и да е дедото на Тамара, зарем семејството, покрај смртта на своето чедо, треба да пати и по таткото/ дедото/ сопругот кој ќе биде в затвор бидејќи убил човек- нечовек?!
Немој, не гледај толку од Небо... Спушти се на земја Мислам уште не се родил некој идиот што ќе поддржува насилство. (освен тие што го поддржува старецот). Јас сосема друго нешто пишував ама кој има капацитет ќе сфати, кој не, ќе си испревртувате зборови. Ми значи што се извини дека ми ги испреври зборовите Извинувањето се прифаќа.
Може моево мислење нема баш да звучи убаво, ама факт е дека многу луѓе попуштија со нервите последниве 11 години. Имам прочитано и дека е нагло пораснат процентот на луѓе кои страдаат од депресија. Антидепресанти и слични срања се купуваат како бонбони. Јас тоа го поврзувам со очајната економска и политичка состојба. Од една страна имаш депресивни луѓе, без волја за живот. Од друга, новокопонирани криминогени структури. Ако е информацијата точна, дека станува збор за дедото на Тамара, искрено ми е жал. Имаа огромна трагедија во семејството, уште ова им фалеше. Пред да го земи пиштолот, дедото требало да се праша дали вреди да лежи во затвор за ѓубре како Тодоров? Во вакви околности никој нема да го брани, без разлика дали е воопшто член на некоја партија. Нападите во собранието, кражбите кои се честа појава, настани како овој и лични пресметки меѓу цивили со оружје, некако потсетуваат на настаните во Белград во доцните 90-ти. Уште кланови фалат и се ќе биди комплетно.
Абе ќе каже се кае што го направил делото и ќе го пуштат дедото на слобода. Полека со изјавите , човек ќе помисли крстоносните војни се започнати против вмро. Дотолку има вакви случаеви , тие се изолирани , не шарени , не сдсм , туку граѓани кои сакаат да ја земат правдата во свои раце, претпоставувам сега бидејќи ги нема вмро на власт , ќе земат поголем замав, тие нека бидат пример за добро судство и нека бидат казнети согласно со законот. @ADOKI После твоите лаги за викилис линкот , не ни очекувај некој дека ќе те рецка 2% ... edit: Не би ме изненадило и да е наместено од вмро ова, и така се познати по местенки
Добро бе луѓе, аман. (за оние кои мислат дека СДСМ се кривии вмешани) Дали мислите дека СДСМ се толку глупи што одма утредента ќе извршат атентат на некој екс-министер? Уште одма да го загубат достоинството? Да им бодат очи на ЕУ и НАТО? Не би рекла. Сите знаеме како се извршуваат атентатите... Почнувајќи од оној за Глигоров, па успешниот на Борис Трајковски... Влегуваме премногу во филм, небаре сме во времето кога е убиен Џ.Ф.Кенеди... Оние кои се обидоа/извршија атентат не се уште пронајдени (зборам за горенаведените), а овој одма на лице-место. Ајде, малку смирете страстите. Меѓу членовите на форумов, има доста Албанци и Албанки. Покажете почит спрема нив! Не навредувајте!
Тебе те прашав не ми одговори кажи ми ќе ти ја исполнам желбата кој медиум да следам за да бидеш задоволна...!
И јас те прашав да ми дадеш викиликс линк и уште чекам... Те прашав и линк за фамозната твоја бомба од БИЛО КОЈ ДРУГ медиум... и уште чекам...
@DAngel тоа што го споделив е тоа ако не ти се допаѓа како информација можеш да ја игнорираш.Крај на крај јас нема да седам дежурен по портали па да видам што е точно а што не искрено и не ми е гајле дали е вистина ам кај шѕо има чад има и оган...
Се јави и мајката на Тамара, го осудува нападот иако и е татко. @ADOKI жал ми е што си просветно лице. Учители, наставници, професори, не смеат да пласираат непроверени информации. Утре и децата нешто непроверено ќе ги учиш.