Нападот на дедото најсилно го осудувам. Тамам работа ако сите ние така понесени од емоциите си ги земеме работите во свои раце и секој по свое списоче. Никој не смее да оди толку далеку. Има институции и да се надеваме дека ќе почнат да спроведуваат правда. Она што ми боде очи, е она што пак е дедо. Пак е повозрасна генерација, баш како оние мнозинството што упаднаа во собрание. По не знам кој пат се докажува дека пензионерите се најлесно манипулативни и најлесно потпаѓаат под влијание на сопствените или туѓите убедувања. Верувам во неговата болка и сочувствувам, ама тоа не е начин.
Си мислам... најсигурно за ова криминалциве ќе да е Шутка Оти... еден по еден ќе ги ништат ко' што ми изгледа. За собранискиов спикер што ве чуди. Сите до еден до сега беа бисерчиња Кој од кој позабеган. Традицијата продолжува. Како ќе ви биде забавен парламентот инаку Иако мислам дека Стојан Андов е ненадминлив
Јас имам впечаток дека вмровциве на форумов седат во сенка и чекаат некој настан да има барем една мала или некаква поврзаност со сдсм/шарената револуција за да почнат со "за ваква Македонија ли се боревте" постовите.... Еве дедово отишол на протест против владата, го направиле како да Заев и шарените го договориле да иде да убива....
Ама ова со бомбава на @ADOKI како разговорот на Груевски и Трамп за ѕидот од вчерашни БОМБА БОМБА Груевски сакал да гради ѕид околу Македонија
Мајка и на Тамара, Жаклина Димовска за Нова ТВ потврди дека лицето кое пукало во екс министерот Никола Тодоров е нејзиниот татко, 57-годишниот Љупчо Стојановски од село Каласлари. Таа вели дека е во шок поради нападот пред Министерство за здравство за што дознала од медиумите. - Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто, не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилство иако ми е татко. Цел живот се борев за правда и еве штос е случи . Во моето семејство никогаш немало насилство - изјави Димовска, мајка и на малата Тамара девојчето кое почина чејаќи да замине на лекување во странство
http://novatv.mk/vmro-dpmne-sdsm-i-zaev-go-pottiknale-nasilstvoto-vrz-todorov/ На тешки дроги се... Јаки спинови...
Hекако брзо се заборава кој е Талат, па смешки ова, она Од циркуз држава си патиме, па и уште ќе ја подржуваме
https://kajgana.com/majkata-na-tamara-go-osudi-obidot-za-ubistvo-na-todorov Ете дека имал приватни проблеми, а не е од ШАРЕНИТЕ. Во секој случај оваа постапа е за голема осуда. На цело семејство им е тешко, ама со пиштол да одиш по улица и да пукаш...не е на арно...си има може и психички проблеми после настанот со внуката. Сега ќе оди во затвор, и им зададе уште поголема болка на неговите.
Не дај боже никој да загуби најмило, болката е преголема. Не можам да кажам дека не го разбирам дедово, но не го ни оправдувам. Обид за убиство се суди, како за него така и за тие што упаднаа во собрание. Ме чуди зошто сега? Зошто не се случи ова порано. Не зошто се случи денес, туку зошто се случи после 3 години. Многу луѓе ги загубиле најмилите, и јас загубив брат, тогаш не било здравството, тогаш била банката која не дозволила парите да се искористат и пропаднале, а мојот брат исто не отишол на лекување, зар во таа мака моите блиски требале да посегнат по нечив живот??? Болката е многу голема, премногу... И само тие си знаат како им е на душата. Ја паметите Фросина? Детето кај католичка? Малата Ема? Зар сите треба да станат убијци и да им се простува... И доста више дека е не знам какво сценарио и испланирано од некого....ниту на едните или другите им одговара ова. Било кој, кој ќе посегне по туѓ живот е за осуда. Само, дај боже да нема повеќе случаи како Тамара...
Не знам дали вие луѓе воопшто следите медиуми. Премногу албанци се јавуваат во контактните емисии, еве конкретно кај Огнен, и го осудуваат пратеникот кој ја интонираше албанската химна во Собранието... Националистичката карта не пали веќе, преку глава им е на сите дојдено, важно им е само да живеат убаво... Провокатори има, да, ама ние македонците не провоцираме? Ако ништо друго,албанците останаа сложни како народ, македонците политиката ги раздели...
Ако целата процедура за Тамара зависела од Никола Тодоров и тој (заедно со целото министерство) ги игнорирале барањата на родителите на Тамара тогаш јас потполно го оправдувам дедото. Но, има цела комисија која одлучува, прави проценка кој да оди во странство на операција. Не е само Никола Тодоров одговорен во целиот случај. Кој да знае. Јас го разбирам дедото. Не му судам.
Не вреди сега да зборам ама.... За случајот на Тамара министерството и таму некои комисии дознаа дури година ипол, ако не и две пред девојчето да почине. Што правеа толку време? Не им беше јасно дека е сериозна сколиоза со 80% искривеност? А министерстово беше тоа кое одлучи случаите со сколиоза да не се праќаат во странство бидејќи овде ќе се отварало спинален центар, а главен во тоа министерство е Тодоров. Туку и јас го осудувам ваквиот начин на одмазда. Сум за да се казнат најстрого, но пресметка со оружје не е разумен начин...
Според мене, нападот врз Тодоров има и тоа како политичка заднина. Зошто сега обид за убиство, а не тогаш кога раната била свежа, болката неиздржлива, и кога може да се препише на афектна состојба? А целта е таа: целосно да се обезглави и уништи ВМРО како политичка опција, да се испрати јасна порака до нејзините челници, да се осуети секој обид за опозициско делување и искажување, не само кај политичарите, туку и кај сите сите про-вмровски настроени јавни личности (новинари, уметници, бизнисмени). Со уцени слушам дека веќе почнале. Сигурна сум дека и нападите нема да престанат со ова. Режимот може да започне!
https://mk.voanews.com/a/macedonia-us-state-department/3882109.html Чекајте само уште малце Трамп да го тргни Бејли и се ќе биди во ред,грујо ќе остани премиер на Македонија вечна