Да, стварно бе, а шо не ја пратија во времето на Тито пред да се роди, ене на секој ќош има временска машина А ти знаеш дека се собираа пари по социјални мрежи и преку телефон во тој случај и дека престанаа со тоа затоа што ЛИЧНО им вети пастирот и министерот дека за брзо време ќе ја прателе на операција во Турција или каде и да беше после што се прекинаа донациите пошто сметаа дека е завршена работа и нема потреба да се собира? Или само да колку да се напише нешто. И тоа како може сите да се пратат на лекување. Пред некој ден отидоа 800,000 евра на фантомски невладини, 700+ милиони за Ск-2014, галии во гомна во вардар, врби, патни трошоци од 26,000 евра, 5% или 18 милиони кинески провизии за пат, нејасно колку милиони од Актор за градењето на патот. И уште мал милион срања од тој тип. Само стварта е што е приоритет. А и ти запрашај се што особа си ако релативизираш вакво нешто. Не знам ама има нешто нејасно во луѓево, некој глич во перцепцијата. Ете не верувам дека си некаква злобна особа или било што слично, сигурно си фина и културна, но кога ќе види човек како комотно си релативизирате смрт на деца, сфаќа дека нема надеж. Па млада особа си бре, наместо да те револтира и да ти врие крв од такви постапки и неправди ти им бараш оправдување
Иако не го сакам Тодоров тоа не ми дава право да му посакам смрт. Посакувањето смрт на било кого, колку и тешки злодела да направил е ниско и греота! Башка и поттикнуваме насилство. На што личи млади разумни луѓе така да коментираат, па да се ситат, повеќето коментари на фб беа такви. Тодоров требаше одамна да се повлече. Го нарекуваа со најпогрдни имиња што не доликува на еден министер за здраство, народот не го сакаше, за да си го сочува достоинството требаше да се повлече. Знам дека ветуваше и дека ќе се отвара некој спинален центар, па да почекале, а ситуацијата беше таква што секоја минута беше важна. А и здраството да се прочешла, пијани доктори, купени дипломи, доктори без знаење, премногу згаснати млади животи. Револт има, ама не е решение тоа, секој нека си одговара.
Законот е тој за сите, ти следуваат тие пари без разлика на националност, ама за Македонец 8000 се деградирачки, тие за сметки не стигаат а не па за дете (односно 3 деца), а на Ромите им е ко кец на десетка пошто и овака и онака се котат, ама за стимулација, не се стимулација 8000 во никој случај ама бар знаеш дека за човек се, а милијарди и милијарди се лупнаа на споменици, врби, галии и остали стиропори со кои во секој град нов клинички ќе се изградеше, е тоа боли вистински, и законот за абортус кое е прекршување на најосновните лични права на жената, комисија да ти одлучува дали да (не) родиш, ејј на ниво со Северна Кореја стигнавме
Па оти ја знам подобро од вас целата приказна околу Тамара, можам само да кажам дека ја да бев на местото на мајката , дедото , таткото сеедно, немаше никој да убијам. Никој не заслужил да умре оти нема никакви морални вредности и образ, или пак оти е лешинар. Едноставно на поединци ќе им ги искршев рацете и нозете, па цел живот да не можат леб да јадат сами, децата нивни да ги ранат. Да видат како е, да се помачат и они малце...
Тодоров има крв на рацете. Новиов не очекувам дека ќе биде поарен. Не ја бидува работава. Целава држава е една голема заебанција. И жал ми е и бесен сум и ќе бидам тука до крај.
За случајот на Тамара ми е излишно да коментирам веќе. Имаше отворени линии, се донираше. Ама се затворија линиите оти лично Тодоров и вети дека ќе оди на операција во странство и дека фондот ќе одобри пари. Ама тоа не се случи и детето почина поради бронхопневмонија кој е животозагрозувачка кај таквата дијагноза. Прашајте ги девојките кои постојано организираат вакви акции дали ова не е вистина. Да не спомнувам имиња. Па и мајката да ја коментирате оти излегла на протести или дава изјави. За секој друг министер ќе сфатам да го бранете ама немојте бре бе за овој кој е виновен за многу починати деца и за целосен распад на здравството. Друго, сигурни сте дека Заев дава толку плата или ова е уште еден спин на Вмро. Оти во Струмица по конфекции најниска плата е околу 12 000 ден, плус во Џонсон фалт работници, а ваму ќе ти работат за 6000 ден. Не работат струмичани за таа плата.
Точно,ги затворија телефонските линии зошто Тодоров вети дека лекувањето ќе биде покриено од државата. Дали тие луѓе имаат жал,грижа на совест? Па која пара ја опљачкаа за свој гз,а за кутрото девојче не покажаа милост. Абе со наочарите на Грујо,мерцедесот и една скулптура помалку да направеа ќе се обезбедеше фонд за дечињата на кои им е загрозен животот. Дедото да сакал да го убие ќе го убиел,како Викаше Грујо "да сакаа да ги убијат Заев ќе го убиеја"! За Тамара се дозна во јавност за време на владеењето на ВМРО,а и ступидно е одговорноста за смртта на Тамара да се префрла ,не е крив ВМРО, СДСМ не и помогнаа сега и тие немаат потреба. Се родила болна,дај да префрлиме на Киро Глигоров одговорноста и готово чист е Тодоров! Луѓе,кога се работи за животот на дете најмалку треба да гледаме политички партии и симпатизери! Да не сме им во кожа на родителите............
Ех Јуле работат и тоа како. Дојди и види ако не веруваш. А услови повеќе од мизерни, како и кај повеќето конфекции. Ама добро вие знаете се најдобро. Оти Заев е безгрешен.
@joy1 За една земја економски да заживее потребни се домашни фирми, а странските инвестиции не придонесуваат за развој на економијата, затоа што ослободени се од даноци, не плаќаат земјиште, минимална работна сила, баш тие услови се примамливи за странските инвеститори, заради тоа нема смисла да се споредуваат домашните фирми и странските инвестиции. Тоше дур бил жив демек никој не го ценел, а кој наш изведувач собрал толку многу народ на своите концертите? Греотичка за малата и за сите прерано зграснати животи, тоа префрлување на вина е доказ колку е гнасна и валкана политиката- особина на нашиве политичарите, што во никој случај не смее да каже такво нешто обичен граѓанин, зар ќе се навраќаме кој требало да го спаси девојчето?? Се знаеше кој ги "држеше конците" Да беше толку паметен тој Нинче, веднаш после случката ќе поднесеше морална оставка-одлична тактика да си превземе вина (макар и тоа било за пред медиуми) и да се повлече, народот посекако има кратка меморија. Коментарот никако не ти беше на место
Правилно збориш, Тања ама за кого. Луѓето не ја сакаат вистината, им тежи и ги боли. Повеќе сакаат да слушаат чисти лаги, за како тоа некогаш ќе биди подобро. Искрено, се сомневам дека ќе биде. Не ми е грижа што пишуваат партиските поддржувачи овде. Јас, ти и било кој друг имаме право на мислење. За гласањето и тука си во право. Ни од мене не би добиле глас. Никад више. Ама знаеш што? Има еден голем процент на луѓе кои нема повеќе да гласаат за нив. Ама мудро си молчат. Според мене, тие локалните, кога и да ги закажат, ќе бидат фијаско. Прочитав и некаде низ коментариве за Струмица, за високи плати. Смешки. Немам допир со градот, само еднаш сум била таму ама имам познаници кои живеат таму. Со едната се запознав баш на аеродром, ми кажуваше дека и двете ќерки и биле заминати во странство. Платата и била ниска, па морале да и праќаат пари. Ми спомна и за иселувањето на млади од струмица и за бугарски пасоши. Во еден момент си реков да ја прашам за Заев, ама се премислив можеби би звучело некултурно. Жената беше толку меланхолична, што се сомневам дека било која партија ја интересираше. Разбудете се од сонот, да не ширам негативна енергија, како што би рекла Спенџарска, ама никој политичар нема за вас да се бори. Да ви го подобри животот и слични партиски реклами. Тие што се радуваат, чекаат место во администрација или унапредување. За другите кој знае дали и трошките од колачот ќе останат.
Се кренаа поддржувачите на режимот зошто некој пробал да го убие Тодоров.За осуда е и те како, ама и Заев пробаа да го убијат и крв пролеја, и други пратеници од Сдс, а вашите пратеници ги гушкаа насилниците, врати им отвараа за побрзо да ја завршат работата, и тогаш каде бевте вие вака да скокате ? Наместо тоа, на сите вести по фб каде ќе се појавеа пратениците со крвави кошули неранимајковци од Вмро се ситеа на вестите ставајќи смајлиња што се смеат под вестите и коментирајќи како не ги докрајчиле.Грдо ми е дури што пишувам за ваквите монструми, а сите поддржувачи на Вмро. И вчера форумот го напнавте каде да пишувале за да ја критикувале новата влада.Ма немој, а бе големи критичарки владата која толку сакате да ја критикувате вчера немаше ни 24 часа, а искритикувавте ли нешто од владата која беше на власт 11 години.Или на многумина од вас убаво им доаѓаа паричките на сметка седејќи си дома, постирајќи манипулативни курирски вести.Или 11 години немаше што да се критикува, мед и млеко ни течеше, Швајцарија не ни беше рамна.Ама за влада со неполни 24 часа ќе критикувале.
Дафи, ниту мислам дека Заев е безгрешен, ниту пак слепо ќе го бранам и ќе бидам слеп подржувач на оваа Влада. Јас сум нивни подржувач и не кријам, ама не сум заслепена. Само коментирам од она што знам. Кај нас, каде што е далеку помизерно основна плата беше 8000, ама тоа ретко. Обично конфекции даваат по 10000 или 11000, ама сега покачуваат оти Џонсон им е конкуренција. Плус нема работници, а има потреба од нив. Работев во текстилно и ми се познати овие работи, па оттаму и ми се коментарите. Плус многу од луѓето не сакаат да работат и за помалку 12 000 ден, наводно не им се исплаќало оти можеле на нива да вадат повеќе. Не зборувам на памет и оти Заев е безгрешен туку од што подобро ги знам состојбите во текстилната индустрија.
@JuLleE да скокнеме па да кажме оп. Струмица је богат град ама не од Заев,туку од земјоделството,од вредниот народ. А наспроти тоа ,има луѓе не за 8000,со 5000 се задоволни за корка леб. Како што ти имаш информации имам и јас,тука живеам.
Се котат бре, колку грдо. Па луѓе се или животни Некоја супериорност сакате да нагласите или што? Треба да им се помогне на тие жени, да се образуваат и напредуваат во општеството. Образована жена значи образовано семејство. И не, не мислам на некое високо образование
Во ред нека е и така. Пак ќе кажам чудно е и ќе го земам со резерва. Не ми е верно да има фабрики кои нудат дупло, а овие да работат за 6000 ден. Џоносн почетна е 13 500, плус јадење и превоз. Немаат доволно работници. Што ги држи тогаш кај Заев? Да Струмица е богат град, точно дека во таква општина е полесно, ама има и други такви градови во РМ, ама имаа лоши градоначалници. Разликата со вашиот град и со останатите е огромна. Сакале вие да признаете или не.
Далеко од тоа дека не е огромна. Ама невработени има и тука. Еве јас сум ти пример. Кога веќе друго не ти е за верување .
Дафи па не велам дека нема невработеност. И Струмица е можеби посредена општина, но далеку е од совршена. Јас не велам дека мед и млеко ви тече. И ако навистина толку се платите кај Заев што бараат таму вработените кога имаат можност да работат и на друго место.
Струмица е мал Париз, европски изгледа. Мене ми е поубав од Скопје, а мојот град е канта за Струмица.
Или ќе биде подобро или уште полошо ќе биде, трето нема. Јас се надевам дека ќе биде барем малку подобро, но времето ќе покаже. Укинувањето на екстерното е во ред. Затоа што немаше никаква корист од него освен стресови и нервози кај помалите ученици. Да се надеваме дека ќе има и нови корисни реформи. Само ЕУ не ни треба по никоја цена. А во врска со обраќањето и зборувањето во собранието на два јазика е тоа ми боде и во очи и во уши! Во законодавен дом на МАКЕДОНИЈА да се зборува на албански е циркуз! ДА и албанците се луѓе и они се човечки суштества од крв и месо како и ние. И они секако си ги уживаат сите права како и нас, дадено им е се, во ништо не се помалку ускратени од нас, дури некогаш се и повеќе привелигирани од нас. Ама оваа го нема во никоја држава. И кога во Албанија вака ќе биде и за македонците како тука што е за албанците дојдете кажете ми.
Полошо од оваа ситуација е С.Кореја стил на владеење, ама бидејќи Вмро се срушени, нема да биде полошо. Со новиве може да биде само подобро или исто, во никој случај полошо не може. Еве со укинување на екстерно веќе расположија повеќе луѓе него вмро за 11 год, сега уште да ги пратат во затвор криминалците и да расположат уште повеќе, како и да ги остварат ветувања кои ги дадоа. А за тоа дали Заев вистински си ја врши работата ќе ми биде мерило форумов, колку повеќе вмровциве плачат и трескаат глупости по темиве , толку добро и коректно си ја врши работата Заев.