Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    За нив зборуваме мислам.
     
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.719
    Пол:
    Женски
    Работа во конфекција е и те како лоша, полоша и не може да биде. Почни од самата работа, па од условите за работа, платите, прекувремено кое не е платено итн.
    Јас не сум слушнала, ама баш никаде во државава дека има добри услови за работа во конфекција, па ни кај Заев.

    Логично е дека платите не се 100 евра, минималец е 10,050 денари, ама, она едно огромно АМА, дали знаеш дека прекувременото не е платено? Дали знаеш колку дена годишен одмор имаат? Дали знаеш дека некои работници враќаат пари на газдата кои се пуштени на сметка?

    Искрено, не сум убедена дека газдите се толку добри работодавци, па на вработените им пружаат добри услови за работа. Ова важи и за Заев. Просто е - кај нас може да бидеш газда само доколку платите на работниците се минималец а работната сила е употребена до максимум.
     
    На IronLady, Rama, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Во секоја фирма скоро постојат работници на Црно,хонорарци,плстени на рака. Кога сме околу тој дел.
    Тоа е пропуст пред се и на досегашната власт,да бидеме реални.
    Ако е вистина,значи Ако е?
    Што не го прочешлале досега?
    Што им беше работа?
    Како што љуби една членка да повторува: Оти не го пријават?
    Нели функционираа институциите безпрекорно?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    @Rebecca_R знам, мајка ми со години по конфекции работеше, тогаш кога платата беше 4000 денари. Ама единствено што рече галапче е дека платите не се 6-7000. Значи тоа. Само за тоа рече не е така како што викате. НЕ дека е добра работата или било што.

    Плус, ако е така зошто ВМРО не превземале нешто, нели тие беа на власт?
     
    На JuLleE, Sesil и galapce им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.719
    Пол:
    Женски

    Јас нема да коментирам "како и зошто" а "зошто и што не" направиле ВМРО или СДСМ, можам единствено да критикувам конкретни недостатоци и проблеми.

    Мене муабетот ми беше дека во секоја конфекција условите за работа се исти. Ниту платите повисоки, ниту условите за работа подобри.

    Платите никаде не се 6-7000, ама се додека со свои очи не се уверам дека вработен кај Заев добива повисока плата од останатите вработени во други конфекции во други градови, нема да кажам дека кај Заев е поарно а кај другите полошо.
     
    На Rama, ADOKI и Victorian им се допаѓа ова.
  6. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Како газда нема да го коментирам Заев, не знам и не ми е познато.
    Од аспект на премиер, ништо нема да смени, со децении е исто, сега ќе стагнираат со вработување на кадри на ВМРО, ќе има навалица на тие од СДСМ. Не за џабе партиските активисти ко хиени се први по штабови, ќе ги препознаете секој статус им е со Заев, дури и профилна фотографија. Истите може два пати повторувале средно, ама сега ќе фатат фотелја, а квалитетот за жал ќе работи во конфекција.
    Ова е Македонија, а Заев не е поразличен од Груевски, со години е иста песна, а во државава и Трамп да дојде нема да ги оправи работите, таков ни е менталитетот.
     
    На IronLady, Rama, macysh и 6 други им се допаѓа ова.
  7. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Работат и за 6000. Една комшика кога од породилно се врати назад во конфекцијата два месеци по 6000 и даваа и напушти нормално.

    Работникот денес е никој и ништо. Наместо газдата да зависи од работникот, работникот зависи од газдата. Кај нас има фабрика за колачи и чипсови прават исто, позната е фирмата ја има и во Скопје. Сигурно ги имате сретнато чипсовите, за колачите незнам. Ама тука баш кај нас работничките работат за 420 денари дневница, четири дена, за во саботата фактички гратис да работат, наместо саботата да им е плус платена тие 80 денари што и ги крати секој работен ден и ги дава во сабота. Немаат одмор, клими, маски за коса и уста по една недела носат, за униформи и хасап систем муабет да не правиме.
     
    На Јаневски, Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  8. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Гуштеров рече,да го оставиме Заев,најмалку 6 месеци:)
     
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав постов се насмеав саркастично, без навреда кон тебе ама лошо си информирана. Во најотепаните градови во Македонија се среќни ако работат за 100 евра. Имав другарка која работеше како касиерка за 6000. Требаше да зема 8000 ама газдата и кратеше. Во тиквешкиот регион работат за 8000 тешка физичка работа, некогаш прекувремено, некогаш и во викенди. Ако им ја покачат до 10 000 се пресреќни. И пак, без навреда ама од сите отепани градови во мк, метрополава ми е најотепана.
     
    На Elen4e_sonce, realGirl, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Баш во Тиквешкиот регион колку што знам откако се отвори Дрексел, платите на продавачките и во конфекциите се покачени, пак е малку ама не се 6000. Е сега ако збориш за некое уште поутепано село во регионот за продавница со 5 артикли е друго.
     
    На theowndemon, JuLleE и dunika им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    138.308
    Пол:
    Женски
    Јас немам слушнат дека некој земал 6000 плата таму. За тие пари лозјето ќе си го работат ама нема газда да трпат. Продавачките стигнаа до кај 14-15000 не па за другите вработени. И конфекционерки познавам, и вработени во некоја од странските инвестиции, и продавачки. Никој не зема испод 12000. Епа за овој стандард и нивните квалификации, толку е. На аргат дневница му е 1000че а аргати нема. Па верувам дека некој ако не е осигуран нема ни за 8000да работи некому, ако му се доволни тие 8000, аргат ќе отиде некаде 8дена другите денови ќе се легачи.
    Не цветаат ружи, далеку од тоа ама да бидиме реални, во тиквешијата место во кафич и кафана многу тешко да најдеш. Отиди во туристичка агенција, ретко веќе некаде место за одмор а тек почна јуни, отиди некаде на свадба сите пари лепат ko од у џеб да им извираат. Епа тоа со 6000 плата не се постигнува.
     
    Последна измена: 2 јуни 2017
    На MilaP, theowndemon, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Ти може немаш слушнато и плативе ги рамниш на стандардот во Скопје, ама јас си имам пријатели таму, па знам како е од прва рака. За градежни работници, да не спомнувам во какви услови работат.
    А да, не секој има свое лозје таму. Тие што имаат, сигурна сум дека живеат добро, ама другите да не ги спомнуваме, ни го кварат просекот.
    И стандард на живот мериме по тоа дали има места во кафич и кафана?
    И во Битола нема да најдеш место, посебно за викенд. Ама тоа е за да се покаже лажен сјај, не од големо богатство.
     
    На joy1, Rama, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    За Кавадарци зборам, колку што знам град е сеуште. Си слушнала за Дрекселмаер, ама не си разбрала. Ужасни се условите за работа таму. Двајца мои пријатели по две години работа таму се откажаа.
    Еве, да не пласирам лажни шпекулации (ако воопшто се лажни), ама имам слушнато дека за одење во тоалет имале посебно време, не кога тие сакале. Минатата година жена почина, заради тоа што не и виканале прва помош на време. Ова веќе не е шпекулација, прогуглај ако сакаш. Тие што одат таму, одат за корка леб и плаќање сметки. Не дека платите им се високи.
     
    На Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.000
    Допаѓања:
    14.647
    Сегде е отепано и ако Заев ги плаќа по 10000 или 12000 денари луѓето ќе бидат среќни. Во малите места се работи за многу мали пари, не се чудете. Во вториот по големина град во земјава продавачките по маркети земаат 10000, а во бутик има и непријавени кои работат за 8000. Во сендвичара една жена кога ме праша земаш ли 200 евра, се зачудив. Тоа го кажа како демек голема плата, и најверојатно работи за 9000 или 10000 и затоа така мисли. Слаткарите кои се поутепани исто 8000, а ако те пријават, на пола работно време.
     
    На friendy, Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Епа има инспекторат за труд, ама ете, им дал некој па си работат како сакаат. Чист доказ ви е дека институциите не функционираат.
     
    На Mishela, theowndemon, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Инспекторите се корумпирани, си земаат мито од газдите и се прават глуви и слепи. Епа еве шанса да се докажат новите, дека нема да има експлоатација на човечки труд.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Знам дека се, знам и овде како е. Се разболува жена, оди на операција дознава дека последните 4 месеци нема платено здравствено. Ама газдата огромен ВМРОвец и никој ништо не му може. Од друга страна, некои на секои 2-3 дена ги тресат инспекции.
    После имаме превозник на кого секој ден му се по 2-3 пати расипуваат автобусите и претовар прави од по 20 луѓе кои стојат во автобус на релација од 200 км, и никој никогаш не реагира. Денес еднаш се качив во друга команија, кондуктерката и шоферот сто пати ги проверија патниците, не дозволија ни еден повеќе да се качи, и оп, некаде на пола пат - еве контрола. Значи контроли има, ама не важат за сите. Тоа ти е селективна правда.
     
    На Elen4e_sonce, theowndemon, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ветувам последен ден ми е , нема веќе да фаќам сеир на прогнозите вмровски.

    [​IMG]
    -------
    [​IMG]
    -----------
    [​IMG]
    -----------
    [​IMG]
    И мојата омилена Ветрушка
    Македонија вечна
    [​IMG]
     
    На Elen4e_sonce, sweet-cherry, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.508
    Пол:
    Женски
    Во Кавадарци нема плата под минималец 10 700 е мислам,и е град со најмалку невработени.За условите нема да коментирам,работа на празник,исплата на прекувремени,мобинг и сл,не сум осетила на своја кожа.Факт е дека од кога се отвори Дрекслер градот е живнат,се вработија еден куп жени што животот им беше сведен на дома-маалска продавница,и со ноќни смени,викенди, стигаат до 15-16 000 плата,зборам за оператори на машини без никакви квалификации.Платата е таа што е,ама се одразува на градската економија,кога примаат плата ,бутиците се полни,и речиси и да нема жена без фризура и нокти.Угостителските објекти и локалните бутици имаа проблем со наоѓање персонал,сите "бегаа во фабриката за 2-3000 плус,и обезбедени превоз и храна.Сега за бербата на грозје доаѓа најтешкото,нема аргати,а ромите си дигнаа цена од 500-600 на 1000ка плус храна.Сакаат-неќат мора да им платат,грозјето брзо скапува кога е зрело.Значи не викам дека е мед и млеко,ама ете јас имам слика дека градот е "жив",со оглед на целосната ситуација во централно-источниот регион.Постов ми е офф,пишав само за надополнување на дискусијата погоре,преместете ако треба:)
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Таквите инвестиции го чинат буџетот најмалку 24.000 евра по секој вработен, тоа го плаќаме сите. Тотален идиотизам.
    Подобро на секој невработен во Кавадарци да им ги даделе тие 24.000 евра на рака :D економијата секако ќе се дигнела, дел од нив може ќе отвореа нешто свое и ќе вработеа нешто раја па и назад ќе се слееја парите од ддв и остали давачки. Вака бегаат во екстра профити за иноземство.
    Но тоа е кога премиер беше лице-реклама за последиците на родосквернавењето.