@Црна Ружа јасно ми е се,тие бенефиции што ги даде државата,од типот на партиципација во превоз/храна,престанаа бидејки беа само за год,две па одтаму и немотивираноста и револтот кај вработените(татко ми првата година земаше 30% поголема плата од сега)и тој ми долови како (не)функционира целиот тој механизам,и дека за 3 дена може да се дигне и исели цела опрема...Не би да навлегувам во анализи,не сум компетентна,целта на постот ми беше да доловам слика на градот и како навидум изгледаат работите,а кога и како ке "пукне тиквата" времето ке покаже
Каракамишева е моментално на тв нова не знам дали е во живо али е крајно некултурна, на соговорников му се обраќа со: Бе?? Вика вселена била за него
Не знам што и стана на женава последниве неколку години. Јас ја памтам од студентските денови, ми предаваше некој период на факултет, и си беше ок професор, посетени предавања, почит од студенти. А сега стана се спротивно. Пред некое време имав можност да се дружам со помлади колеги, и баш се погодивме на муабет за професоркава, се фрапирав колку лоши работи кажаа, студенти нејзини и ги носеле дипломите за да и кажат дека се срамат од неа, и ред други работи.... Очигледно премногу и е паднат рејтингот кај студентите...
Ај да не бидеме заслепени од симпатишење на едните или другите. На страна тоа што владата странските инвестиции ја чинат многу повеќе одошто има корист, ради субвенциите кои им ги дава, ама тие ги живнаа градовите па кој што сака нека рече. 1.Во какви работат? Во некои специфични во кои не работи ни еден друг градежен работник во светот? НЕ! Се знае условите на секое градилиште какви се. И сите имаат превоз и храна, да не се лажеме дека не е така. 2.Мисли си само дека е така. Отиди за време на берба и види во Прилеп колку народ продава грозје. Ако беа неколкумина и проблем со откуп ќе немаше. 3, А ако нема некој за храна и сметки ќе седне во кафана или кафич и ќе порачува пијачка врз пијачка? Сигурно на празна маса никој не седи со саати. Да бидеме реални со еден сок, едно кафе и едно десертче во кафич дома покриваш ручек за 4 члено семејство. Аиии срцки они на друго место претходно имаа работено? Еве од жени што претходно работеле по конфекции или фабрики за преработка на храна никогаш немало подобри услови. Никогаш немале превоз и храна, пешки одеа со јадење од дома. Прекувремен саат ако бил платен бил ист со редовните саати, сабота исто платена ко работен ден. Од 5000вработени колку починаа? Еден. Колку луѓе имаат починато ненадејно? Многу. Ако починеше на улица никому ништо. Ама у фабрика е и ради лошите услови е почината. Не дека им се идеални условите, далеку од тоа, ама и далеку им се подобри него претходно.
Ако си следела мои мислења, би видела дека немам партиски преференции и секад кога напишам критика за сдс, добивам коментари од типот ама вие од вмро, иако ни сум била од таа партија, ниту имам почит за тие ѓубриња. Ајде сега, да ти елаборирам се по ред, оти ми изгледа дека си од Скопје и освен тоа што си слушнала нешто, немаш релевантни информации. 1. Можеби на градежните работници во Скопје им даваат некои повластици, за конкретниот случај немаат. Многу често им се случуваат повреди на работно место, поради неисправна опрема и на никој не му е гајле за тоа. Немој да ја споредуваш оваа Вукојебина со остатокот од светот, ми нема логика. Храна спомна? Еден сендвич му даваат, за превоз не сум сигурна, ама нека каже некој кој што работи во градежништво. 2. Душичке, јас одам таму минимум два пати годишно. Цената на грозјето секоја година е се пониска, да не велам смешна. Тие што јас ги познавам, имаат лозје за свои потреби, а ретко некој и за малопродажба. Од тоа тешко дека се обогатиле, само крпат дупки во семеен буџет. Бај д веј, си слушнала за протестите на лозарите минатата година? 3. Зошто вртиш тези? Каква врска има кафето, два пати во месец, со стандард и луксузен живот? Едно големо макијато е 50-60 денари. Повеќето (без навреда кон никој), го тегнат по 2 саати и ништо друго не порачуваат. Не е тоа слика како “луксузно“ се живее, пиењето кафе е само социјална активност. Со овие пари, не покриваш ручек. 4. Да, срцки се. Не сакаа да бидат експлоатирани и затоа си заминаа надвор. Кога работат тешка физичка работа, барем нека биди добро платена. Ти изгледа немаш поим тие шефовите таму како се однесуваат и како газат човечко достоинство? Подобрени се условите за тие што работат по канцеларии, за работници не ми збори. Срамота е да релативизираш дека од 5000 работници, 1-2 починале. Ја знаеме причината зошто почина жената, не и викнале прва помош, не и верувале дека и е лошо. И сама знаеш дека во нормална држава, некој требаше да преземе одговорност за тоа! Работничките права се на најниско ниво од било кога! Малите места заживеале?! Во кој паралелен универзум се случило ова? Од тоа што го знам, а и од статистички податоци за иселување, баш малите места се најпогодени и испустени. Сподели релевантен податок, за зголемување на стандард на живот и намалување на сиромаштија. Според бизнис инсајдер, Македонија е една од најсиромашните земји во Европа.
I'll just leave this here .. https://www.facebook.com/seir2017/videos/805933636238044/?hc_ref=NEWSFEED
^ Леле, колку е само иритантна и некултурна Ги жалам студентите на кои им предава, како ли ја трпат...
Како професор си е океј, не можам да се пожалам. Ама вчера ми ги дупна ушите значи, како подвикнуваше ...мајкооо
Здодевно е кај неа на предавање. Цел час зборува, плус ако некој од прва клупа се уфрли настанува хаос, зошто не знаеш кого попрво да слушаш, дали неа или студентот. Бар за оцени е коректна и да помогне ако ја замолиш.
А јас како кавадарчанка ќе ти кажам дека си во право за грозјето. Секоја год е се пониска откупната цена,налет на тоа па не го ни плаќаат ни го сакаат. Затоа сите лозари со месеци варат ракија која ја продаваат мин 150ден од кг. Поисплатливо каде каде им е од тоа да чекаат пари од винариите. Оние со поголема декаража си имаат пласман и пари за месец,два. веќе поучени од ВВ.Повардарие која како што знам нема ни почнато со исплата за 2016 и ја спремаат за ликвидација. Истата фирма нема исплатено ни 2014год 20% а за 2015 нема над 50% .На тв,поточно на сител пред да се почне откупот се збореше ако не го исплате грозјето за 2015 нема да смее да собира ама ете,владата,т.е. некој од владата реши да прегледа преку прсти и да збогатува луѓе преку потта на народот. Т.е. реши да се збогатува лично себе си затоа што јавна тајна е дека подрумот не е на србин како што сакаат сите да знаат туку на веќе бившиот министер . Не е дека немаше каде да се даде грозјето ама таа власт одеше по пунктовите и ги затвараше на ден-два. А веке набраното грозје не стое па луѓето беа приморани да го носат во Повардарие затоа што Тиквеш не собира како порано или собира само со тие што има долгогодишен договор. Берачите од 7 до 13ч зимаат од 1000-1300ден со појадок и ручек.Товарачите над 1500се . Нив не ги интересира дали тебе утре за тоа што го работат ке ти платат или не.Важно нив на крајот од работното време парите им ги даваш на рака. Па не би рекла дека малку се платени. Друга физичка работа нема,освен кроење.. Се останато се изработува машински. Друго,градот и без Дрекстер беше добар,ама со таа фирма живна повеќе,се изнапикаа еден куп млади тим лидери,џокери и земаат над 300е плата,менаѓерите,а ги има еден куп се повеќе платени. Останатите под 250е не се.Не дека се тоа многу пари ама кога нема подобро тоа е. 13 плата,к-15 , плата на време ,храна и превоз,ужинка се имаат.Сите што ги знам се задоволни . Оној што не е учен да работи и во канцеларија да го ставеш ке го заболи газ од фотеља. И да не заборавам од што сме многу сиромашни 80% кај нас возат коли од 10000е па нагоре и секоја ден се чекираат надвор од градот или државата. За жалење..
Ако вчера сум пиела кафе, а при тоа сум честела другарка, кошничката за дома ќе биде попразна. Парите се тие. Ако одиме често на кафе кратиме од нешто друго, од облека, од излет, од такси превоз, па ќе одиме пеш итн. Сите седат на кафе, ама па едно кафе е 60 денари во помалите градови и точно е дека сите седат по саат два со едно кафе, колку да излезат од дома. Не е тоа мерило за богатство. Една постара жена, директор кажуваше дека нејзиниот син бил во Италија да гледа натпревар, и раскажувал како таму се пие кафе за 15 минути и си стануваат луѓето, а овде со еден чај се седи повеќе од еден час.
Па јас баш на тие “административци“ алудирав, кога пишав дека за нив е добро. Ама и јас и ти, знаеме како дошле до високи финкции, иако е странска инвестиција. Жмро си имаше сфера на влијание секаде. Друго, ти верувам и за плати и се останато, ама ете тие што ги познавам не сакаат да чујат за дрекслер. Ги познавам и не е дека не му се работеше, туку имале некој друг проблем и си заминаа. Можеби било и нивна вина, не знам. Знам дека се сега надвор и земаат астрономски повисока плата, за истата работа. За тоа дека 80% од Кавадарчани возат скапи коли, незнаев ама сепак мило ми е. Мене ме загрижува отсуството на работнички синдикати, потценување и занемарување на права, како и лош однос кон работници. Кое што реално секаде го има, во помала или поголема мера.
@Nigredo Odor Фала. Го изгледав вчера до крај. Него, од правен аспект, целосно се согласувам со Каракамишева. Иако во неколку наврати знаеше да биде да не кажам дрска, или можеби повеќе импулсивна, не дека секогаш дозволуваше соговорникот да се изјасни. Како и да е. Очекував нешто пожестоко, имајќи го предвид извадокот од погоре. Бог да чува. Него, од целата дебата, најмногу ме интересира што значи изјавата на командант Форина, која ја потврдија и двајцата соговорници, а која гласи дека истиов ќе претседава на македонски се додека не се створат услови за албански. Дали тоа значи дека ќе се створат, дали тоа значи дека ќе го менуваат законот за јазици ?! Ова ме потсетува на изјавата на Заев: "ќе го смениме Уставот кога ќе се створат услови за тоа". Не би ме чудело ниту едното ниту другото. Како што немаа потреба од правни закони, Устав и Деловник за избор на Претседател, нема да имаат потреба ниту од 2/3 мнозинство. Македонија, правна држава.
Ако мислеше ради изнапикано партиски луѓе со психички проблеми што се иживуваат брз работниците...имам слушнато и јас за такво нешто. Инаку џокерите,тим лидерите не се администрација.Работници се,тим лидерот е како главен на една линија, а џокерот сменува работници ако има потреба. За иселувањето многу се иселија,сестра ми веќе над 15год не е во Мк,а како што памтам не се вмро на власт 15год,брат ми исто така со години не живее во Мк. За скапи коли да имаат,чим идеш во Кав повели и види коли од 2005 па надоле,се бројат на рака. Далеку од тоа дека на Кав им извираат пари туку умираат од работа. Ние сме земјоделски град.Кога е сезоната,па и сега пред 4ч кафето е испиено,качени на трактор и одат на нивите. Друго е што пола и повеќе од мажите се шофери во Кав. и возат странство,еден од нив е и мм. 2 месеци годишно сме заедно само. Лесно е да седнеме и да се жалиме,да укривуваме власт,опозиција ама тоа не ни го потполнува буџетот. Огромни жртви се прават ама тоа е нема дома седење и пари . И не е само кај нас вака,секаде во светот е. Не верувам дека СДСМ ќе се подобри,ама ајде да дадиме шанса. Мене ме интересира најмногу здраството,кога одам да земам терапија за син ми да не се враќам со празни раце и со зборовите дека што ќе ни даде Господ тоа. Исто така се надевам за брза смена на Софијанова,директорката на детска клиника која е и претседателка на комисијата за ретки болести а нема допирна точка со тоа,неинформирана која болест спаѓа во ретка. Личност што кажува дека за болните со ЦФ има се,што не е вистина,3 месеци нема комплетна терапија. Огромен пад на бројот на болни,каде минатата година починаа над 20 дечиња,да дечиња затоа што во Мк дотичната смета дека просечниот живот од 12год не е така мал,а во светот тој просечен број изнесува над 30год. Молевме со месеци да ни ја дадат медицинската документација за да можеме да одбереме каде да се лечиме. Дотичната толку не унакажа што не верувам дека можеме да се вратиме во нормала ни после 5год. До министерството за здраство не знам колку пати се ургираше за проблемите но ни еден не застана и да се обиде да го реши проблемот. Е тоа ме интересира мене кога ќе почнат да го решааваат СДСМ затоа што здраството ни е мизерно. Ако има некој заинтересиран може да го прочита барањето на здружението до Заев. http://sdk.mk/index.php/neraskazhan...ata-na-zaev-da-im-go-vrati-pravoto-na-zhivot/
Спомнавте важна работа, синдикатите. За жал во земjaва синдикатите се уништени, постоjaт формално, но не се борат за правата на работниците туку едноставно ja спроведуваат волjaта на работодавецот и на државата. Затоа и постоjaт фабрики со сурови робовладетелски услови каде не се почитуваат основните човечки права на работниците до таа мера да се загрозува животот на работникот. Во цел свет синдикатите се независни, само каj нас продолжена рака на власта. Моjoт синдикат, СОНК, наместо да се бори против реформите кои го уништиja образованието, даваше поддршка на разноразни глупости наметнати од дпмне. Затоа и истапив од него, затоа што платата не ни е мрдната десет години, а работните обврски се зголемени неколкукратно (екстерно, електронски дневник, ИКТ и др.) И многу други истапиja, oчигледно на време, бидеjkи СОНК го смени статутот со нова небулоза според коja не смее да се истапува, т.е. се чека три години. Од новата влада очекувам да ги остави синдикатите на раат, т.е. да си ja вршат намената независно.
Јас знам што и стана во последно за вака да се понижува... Парите и го променија карактерот. Кој знае колку и дале пари, станови, џипови за да лае ко кучка заедно со латас. Наместо да си ја гледа професорската кариера, таа политики ќе тера.... Епа нека тера. Ја изгуби цела почит од сите студенти заради пари. Разочарување е женава за цел факултет. Да ти е срам да покажеш потпис од неа во индекс Лаеше, лаеше и ете се смени власта, може ќе се повлече сега... Од гомно подолу се прави. Во јавноста кажува едно, а на факултет предава сосема друго... Иронија.
Мила, разбирам се што имаш напишано и сочуствувам со тоа. Издржување на семејство во Македонија е екстремно тешко. Не би се согласила дека е секаде така. И нашите кога ќе појдат надвор, работат прекувремено и тоа им се исплаќа, тие пари вредат. Овде, ако ме прашаш мене, се работи за смешни плати. Искористување на работникот, во најмала мера. За сдсм и јас си ги имам искажано личните стравови, ама ете, им се даде шанса, нека се покажат. Макар што ако не се покажат и тие, мислам дека Македонија нема да има втора шанса. За здравство се согласувам целосно, страшно е она што се случува. И образованието го уништија, т.е се што допреа. Ама памтам како беше и пред вмро, знам дека ружи не цветаа и тогаш. Посакувам и се надевам дека ќе се реши во најбрз можен рок, проблемот со твојот син.