Цццц, коja беда се бре, крадат компjутери и мебел од владата и министерствата, како да не украле доволно. Сигурно и оноj ретардот се смее ко зелен "Xи, хи, кажи Миле ама ми текна"
Драги каков и да е, неспорно е дека е исклучително паметен и образован. Видете само какво CV има. Одличен кадар е. Сега плус и струмичанец. На мене ми беше асистент на факултет. Цел ЕКТС го спроведе сам. На Правен функционираше најдобро. Не се сомневам во неговата стручност и работење.
Драги Си има човекот знаење, ама колку што има знаење толку и е некултурен спрема студентите. Бадијала му е сето CV, кога така се понаша. Се надевам на новата функција ќе си е океј, а за знаење не порекнувам. Големо знаење има. Терсене човек си е ^^
Немате поим колку сум горда што Дескоска ми била професорка "Нема да дозволиме експерименти во образованието" Ја обожавам!! Драги не ми беше меѓу најомилените личности на факултет, ама морам да признаам дека човекот е ѕвер ! Паметен е и компетентен... Сега може по струмичка линија е таму, ама if you ask me подобар ни не можеа да најдат
Колку кратко имаме нова влада а веќе чувствуваме некои поволности. Јас само се надевам дека ова не се прави за инает на вмро и за погазување на законите и одредбите донесени во нивно време. Мора да продлжат вака, со уште поголем интензитет за да ја добијат целосната доверба кај народот. Овие неколку дена е убаво да се живее во Македонија. Само фалат нови работни места, поголеми примања и гнасите да се зад решетки.
Па затоа пишав каков и да е, на Драги стручноста и знаењето не може да му го спориме. Укината радиодифузната такса. Премногу добро за да биде рално. Сепак клучни се реформите во економија, правда и здравството.
https://www.harbottle.com/news/football-stadiums-may-remain-nameless-during-european-competition/ This is why we cannot have nice things Не знаеш ни дека постоел еден од 3-те најдобри играчи евер во мкд а сепак имаш мислење за фудбалски стадион, мислим није то у реду, јас може ракомет не гледам ама фудбалот си го сакам (не вардар скраја да е, онаму преку Ла Манш) Не е до тебе што не го знаеш туку не се популаризирани и никој не знае, нема документарци нешто ова она, да дадат значење на некој кој придонел толку ама тоа е друго тема... И после се лутат овдешна раја која велам дека немаат осет за цивилизација, значи да не се сфатиме погрешно, стадионот не е бутик или ресторан па ајде име на некаков антички крал-социопат кој колел раја во борби им истурал црева со меч. Замисли во Рим место Олимпико да акнат Џулио Чезаре ил Императоре Како што не се пие коњак од пластична чаша, плачат ангели небесни кога го гледаат тоа, не чини Во Англија и Шкотска пример, како колевки на фудбалот имињата се даваат 90% според маалото, населбата, квартот, паркот или самата екипа, во истоков ради комунизамо во мода биле и такви досадни имиња, е сега најарно да е Градски пошто генерации фанови и навијачи оделе на Градски, значи татко носи син - ајде сине идеме на Градски да глеаме фудбал, тоа име останало. Има и во Манчестер Градски стадион таму игра М.Сити иако сега и тој има корпоративно име Итихад. Ама ако веќе се менува подобро према некој кој ги оставил коските на тој стадион, легенда како Џина, што се вели него према некој лик од пред 2.300 години кој нема врска со денешнава ситуација.
Ооооо, па ај честито укинување радиодифузна такса Вистина е нели? Да не се радувам за џабе. Јас чекам да ми ја вратат ефтината струја преку ден (домаќинка сум си јас и ми фали) Мислам дека ветуваа нешто слично или се лажам? Не им ја знам предизборнава кампања, затоа прашувам.
Честито за радиодифузната, бравоо А честитки и за Рашковски, го знам од мојот краток престој на факс , немам некое посебно мислење зошто не исчекав да ми предава, го знам од полагања само... добро бараташе со ЕКТС, тоа секако признавам и вака беше авторитет, навидум строг, знаеше и да повиши тон ако имаше потреба... A и Десковска не ја исчекав, неа не ја ни видов никад... Во секој случај, среќно!!!
Стварнооо?Јас не го слушнав тоа,ако е вистина,големо БРАВО! Имам 7 сметки претплатено...ќе ми ги вратат парите? Односно,извршителите ми ги земаа од сметката
Татко ми велеше дека и тоа им било во програма за да се врати ефтина струја преку ден, па се надевам ќе се исполни и тоа.
Еве како наредна точка им е и промена на Законот за работни односи. Така добро си го направија Законот за да си се заштитат себе, да неможе никој да ги помести од фотељите. Ама се имало крај.
Не брзај толку,да му дадеме време на човекот Претходниве 11 години си правеа што сакаат....па сега сакаме се' преќу нок да се оправи Не викајте,уааа додека не видиме