Не ширете дезинформации за укинување на радиодифузна такса. Што не пратите линк? Што мислите кој ќе се вози во мерцедесот од 600 000 евра? *Зоран *Заев *Вицето *Ева Јас сепак мислам Ева, за роденден не и купиле кола и направиле „фотошоп“ „монтирале“ „сечеле“ слики од некоја Русинка
Јас забележувам се. Сериозно, професионална деформација ми е тоа. Да пропаднеше на било кој друг дел од плоштадот јас прва ќе кажев дека е фушерајски направено, ама кај ли гледал возачот? Еве не знам, при топлав плоштад тој се залетал во фонатана.
Која е таа Ева? Ева е внуката на Зоран... Зашто ако мислиш на ќерка му се вика Александра. Небитно... И што ја мешате неа? Што мешате деца и внуци на политичарите? Ако возел волот толку скап мерцедес, значи и Зоран ќе вози? Па што и да купи скапи коли на децата, бизнисмени си се луѓето, и пред да бидат на власт си возеле со скапи коли со пари од џеб...сигурно нема мене или тебе да ни купат. Богати се Заеви секако.
Нека остане ова меѓу тебе и мене ама камионот таму всушност бил да направи простор да се снима новиот филм "Ајкула Македонска" Филмот искача на 3ти Декември еве и први слики што ќе биде. Никој не е повреден за време на снимање, Ако сте загрижени за камионот Спојлер Жив ,здрав и прав.
Не е укината РДТ не правете филмови. Само екстерното е укинато, следна е програмата Кембриџ, оградата околу владата. Ако е укината РДТ нека постира линк некој.
А што е со муабетот за избраниот генерален секретар дека порано бил дел од професорски контрапленум? Вистина ли е? Се надевам не...
Не бил Специ, искористиле од ВМРО што не бил во државата и сами го потпишале. Линк од вест на Плусинфо оф 2014 http://plusinfo.mk/vest/9838/vo-kontra-plenumot-izmisleni-iminja?m=0
Не можам да најдам линк за радиодифузната такса. Се надевам дека е вистина. Слушнав и за муабетот за укинување на Кембриџ програмата. И тоа треба да се отфрли дефинитвно. Ако продолжат вака, следен пат СДСМ ќе ја добијат мојата доверба и мојот прв политички глас ќе одат за нив.
Заев е на МРТ во емисија со сите уредници на телевизиите. Одговара на прашања од новинарите.Ненарачани. Ова до сега не сме го виделе.
GI gledam vie od SDS zboruvaat za ekonomija, ako si ekomomist ne bi bil socialist, kako se custvuvam vo momentov...
На Ева сега и „монтираа“ слика дека и купиле кола. За Александра има време. Муртинецот нема да се вози во мерцедесот Да не го продава случајно.
Да, Заев ке го вози мерцедесот. Лично тоj. Всушност шоферот ке вози де, а премиерот може ке си гледа филмче, нели Никола му нарача и монитори на задните седишта А зошто и не би се возел Заев? Нели мерцедесот е купен за премиер? Ти да не мислеше за Груjo лично?
@LollySky мерцедесот е наменет да се вози делегација, бидејќи често коментиравте дека Груевски го купил за свои „лични потреби“, а самиот кажа дека е за делегација. Па ме интересира зошто истото не го зборите и за Заев? Или за него не ви смета?
Ако е за делагацијата, зошто децата на Грујче да се возат во мерцедесот? Да гледале цртани, де... Да им било забавно... По неговата мерка скроен!
А толку ли ве боли што нема да се вoзи во него? Кој требаше да гледа тв позади?Чии деца?Твоите?Моите? Кој требаше да го вози надвор за да не го гледаат овде? Тоа е купено со народни пари,со наши пари. Заев го наследува она што неговиот претходник го купил.Е сега тоа што претходниов малку повеќе претерал со трошењето,тука ништо не можеме.Штетата е веќе направена,ќе ни треба многу време да се вратиме на правиот пат.