^^ Венди за тоа одморот во Грчка и шопнгот мислам дека не си во право. Нашиве политичари не ја оправија работата (тие што треба), па јас ќе ја оправам со тоа што нема да идам у Грчка на одмор (ќе се праам демек патриот). За што да бидам патриот во државава? Па и не си ја сакам баш..што направи добро за мене? Им даде пензии и слобода на тие што пукаа по татко ми во 2001! Пола министри ни се шиптари! Ќе учиме албански? И што дека се викаме Македонија? Пих..па нека ни го сменат името бар комплетно да биде.
Да така е неписмени ни ја водат државава ФАКТ ! кој ен го спорам , се е отидено по ѓаволите и тоа е факт , НО ете така од тоа гледање еден од друг сме таму кај што сме ... Ти викаш па што за еден одмор мој во Грција , за 500 евра јас демек ќе ја оправам , друг вика па што сите земаа бугарски пасоши па за мене еден јас . Еден ти , друг тој , трети , пети .... И така ќе си пропаднеме ...
Се додека луѓето не се задоволни, ќе бараат пасоши и ќе бегаат..што е нормано, и се додека некој асален не дојде на власт (а не верувам) вака ќе биде.
Јас само ова би те прашала- Да имаме спор со едни ајде...ама спор со сите околу нас? па изгледа до нас е бре девојче не може сите да ни се криви ние во право! Тешко ми е што го пишам ова ама ако бевме ние во право зашто таа правдина не излегува на виделина? Јас мислам дека нешто погрешно не учеле и не знаеме баш се како што навистина е...и како што реков- да имаш конфликт со еден ајде секој има...ама па ние со сите имаме...и не е можно само ние да сме во право сите да грешат...значи нешто и ние не чиниме. Ние прво сами не се сакаме а сакаме другите да не сакаат...е затоа имаме проблем. Да. И треба прво ние нашиот двор да си го исчистиме после за другите да збориме. Извини....ама тоа е зажал така оти досега ите спорови ќе беа решени. Ние сме си криви никој друг не ни е крив зашто- затоа што едни со други си ги вадиме очите така било од секогаш така е и сега.....затоа не распарчиле затоа уште не парчат. И ако ни е...кога не знаеме да се сакаме еден со друг Македонец со Македонец! Јас мислам ти не си во право!
Masnoli каде грешaм ? Што не си го даваме името ? Што нејќам да ја погазам крвта што се пролеала на моите предци за ова парче земја ? ! Зошто велам дека сум Македонка таква сум се родила ,таква ќе си умрам . Тоа грев ли е ? Грешка ли е ? Да чекам Грција да ми даде име да ми биде кума , таа да ми одреди како да се викам , која националност да бидам ? Да ја дадам територијава на душманиве , што сакаат да ја земат ? ! Што не ми признаваат црква .... И тоа кој Србија пфф .... со тоа одење со глава низ ѕид отиде Косово ... Нема со кого не се замериле они ќе кажуваат кого признавале СПЦ ,МПЦ . И сега клучното прашање е ова е цената која треба да ја платам ? ! Во име не добрососетски односи .... Епа не фала со задоволство ќе одбијам ако тие се условите . Крв давам , земја не давам !!!
Масноли, јас вака само ќе те прашам , а имаш ти читнато за сите спорови што тие кои ги изброја ти имаат со другите околу нив? Ајде Србија. Со кого нема спор од ех ју републиките? Со Словенија е з’ш бе? Ти текнува? Ајде Грција. Си читнала за нивните проблеми? Албанија? Бугарија? Хм. Кој е прав кој е крив во сите тие нивни проблеми ајде кажи ми, па после да преминеме на тоа кој е прав и кој е крив во нашиве проблеми. Шо викаш? А, да и кажи ми кои историски читанки се најпогодни да се земат кај нас.. кои периоди да ги опфаќаат и кои теории. Имаш прочитано некоја поинаква историја? Српска, бугарска, грчка, турска, руска или било каква па ај сподели ни за оваа твоја теорија. Тогаш сите ќе се просветлиме и ќе им расветлиме и на оние кои ни ја создадоа независна Македонија со оваквата погрешна историја. Не сум јас баш за ведни си го главчето, трај си. Пошто сите се бореле и стасале кај што стасале, пошто ние не сме се, сме стасале кај што не сме стасале , баш поради некои паметњаковичи кои застанувале со мислата НИЕ ГРЕШИМЕ НАРОДЕ СВЕСТИ СЕ у турско ни беше најубаво! А, па у Југославија лепота.. уште Тито да се испазарел со Бугарија и да си ја формирал големата негова Јужнословеснка федерација, Албанија и Бугарија инклудет и ќе било дивота, баш за живела Санстефанска Бугарија. А, ја ти велам ти не си у право... ептем не си и не го мислам ... го знам!
^^^ Жапче! зашо секогаш ме сфаќаш погрешно? А Венди со тебе посла баш ме занима кој гази по крвта што е пролеана за оваа држава - ти јас или овие сега што ги гласавте......хих Автентично толкување...иди читај таму ке видиш и кој згазна и кој се помоча да ми простиш вака на крвта пролеана за Македонија? Жапче јас тоа зборам....не сме единствени затоа не газат и Срби и Бугари и Грци и Албанци и кој ќе стигне.... оти ете ти сега си патриот Венди уште поголем а јас испаѓам предавник дека кажувам дека и ние не сме цвеќиња за мирисање----- НЕ СМЕ БРЕ! Па се некој ни е крив, е не ни е крив никој сами сме криви не можеме да се обединиме ќе ми рече таа Скорпионката тука СДСМ си ти....Бранко си ти....демек тие тирани се белосветски дојдени од Марс со мисија да ја уништат земјава а па неа многу ја заболе тоа за по право ама ајде,него прати СДСМ си а шо се во СДСМ? МАКЕДОНЦИ! И никој не може да ме убеди дека ти , или Венди или било кој тука на форумот не си ја сака земјата т.е. не е патриот секој е патриот и секој за себе е најголем патриот... и да имам читано туѓа историја на пример Бугарската која што вика дека Гоце Делчев Даме Груев, Кирил и Методиј Цар самоил.... и ред таму други се Бугарски херои и царови....Грчка дека Александар Македонски со се Македонија со се ФИлип татко му и со се се е ГРК..... Албанска - дека Сендербег е Албанец ( Ѓеорги Кастриот- МАКЕДОНЕЦ Е ИНАЧЕ) по мечот се гледа пошто му е прав во форма на крст а не полукружен како полумесечина - мечови карактеристични за муслиманските вазали- турците во тоа време...... и да во времете на Тито беше убаво прашај дома ќе ти кажат и баш тој Тито на Македонија и даде суверенитет...а знаеш што е тоа да не ти пишам! Или треба да ти напишам што е? Дека имаме свој јазик, дека сме друга нација различна од српската или бугарската или грчката или албанската туку баш посебна нација со свој јазик култура националност и вера.......да Тито ни го даде тоа- иди прочитај гледам по книгиве си. А Тито да имал намера за тоа што пишуваш ќе го напраел извини ама Југославија беше 2 светска сила тогаш после Русија а зад неа беше САД затоа ја распарчија американците а вас нека ви солат памет дека друго е работата...... и за шо бе не сум во право? Дека сме гнаса од народ и дека еве пример јас и ти се препуцаваме и различно сме учеле на школо? Оти на кој шо му текнало тоа кажал и запишал? Се сеќаваш на инцидентот за енциклопедијата Македонска пред некој година ко побараа нашите мили браќа да се мења? И се смени? Да! Е па кој знае уште колку работи се мењале без ние да знаеме пред тоа.....затоа не сме во право ни јас ни ти..јас тоа зборам- место да се обединиме сите и да ги кренема главита ама сите до еден и да кажаме ние сме МАКЕДОНЦИ ОВА Е НАША ЗЕМЈА- нас не делат на ВМРО и СДСМ по болно амин, а ДУИ па си користат....е тоа е ради овој Чарли Чаплин шо е на власт- divida impera шо ни напраи и сега Венди горе ќе кажува приказни дека на крвта не газела.....а баш овие патриотиве големи на сите нас згазнаа преку крвта од 2001 која што се вика сеуште е свежа. И да Венди Србија имаше проблеми и 300 војни напраи и одеше со глава у ѕид точно е тоа и тоа дури беше на власт оној што е мноооогу подобар ( Слободан Милошевиќ ) во споредба со овој нашиов сега што ја чука цела држава не у ѕид него не знам во што ( Никос Грујос )..... Не мислиш дека ние маваме со глава во ѕид полошо дури и од Србите на времето!? Имај ти плата од 3000 евра и да ти кажам баш ќе те боли дали државата ти се вика Македонија или Вардарска Македонија ( што реално и сме Вардарска оти Пиринска е во Бугарија а Егејска во Грција така да ние сме Вардарска и со право не пердашат Грците 51% од цела територија на Македонија е кај нив- тоа што изводат малце повеќе е сулудо али друг пат за тоа ) да срце ..имај просперитет иднина, пари,..... а и обратно е исто кога ќе немаш леб да јадеш е баш тогаш ме интересира колку ќе те боли за името на државата- Венди и јас и ти знаеме што сме знаеме кој ни биле дедовци знаеме дека Македонска крв тече во нас нема потреба тоа да го докажуваш пред светот - него гледај да им обезбедиш иднина на децата да ти живееат во нормална земја па како сака нека се вика јас знам дека сум Македонка ти исто го знаеш тоа и на крај краева- луѓето во 2001 годнина гинеа за ова парче земја и на крај на нивните убијци им дадоа слобода и награда пензија- и после ќе ми кажете ти и Жапче дека ние сме во ред!? Нема шанси- тие шо пукале по мене шо се вика сега ќе земаат пензии а оние што не бранеле им ги земаа парите назад и испаднаа тие злосторници....чекајте девојки, луѓето гинеа за земјава па кој ги врти им згазнаа на крвта и им се п***аа а вие тука изигравате патриоти некои ко да некој ќе ви дај награда за тоа или фала или браво ќе ви каже!? Јас не велам дека сум во право .....ама па вие .....ич! Размислете зашо ви викам така и не е ради добри меѓусоседски односи, ние еден со еден интерно меѓу нас си ги немаме решено односите не камо ли со комшииве! И после не сум во право? Море како суум иако не ми е целта да сум јас во право ии вие да не сте друг ми е муабетов...кој разбра нека Ви напиши скратено оти јас не знаев поинаку!
Масноли не ми кажувај што да прочитам за Тито, или кого да прашам, не зборуваме за Тито како тој ни го дал суверенитетот и што тоа значи и колку Тито е битен за нашата историја ... познати ми се де тие прераскажувања. И пензионерите ги зборуваат во парк, додека играат шах... не зборувам за историски читанки девојко што се учат од прво одделение. А, за документи, стенограми од средби, документирани разговори помеѓу Тито и дотичните балкански и руски лидери... нема во нив теории, има разговори, прецизно заведени, тој кажа тоа и тоа, овој кажа ова и ова, средбата тајно име имала така и така, почнала во толку и толку, а друго ти се книги напишани од странски автори, секоја со различна теорија. Знам дека и по твоите верувања и убедувања Кљусев бил диктатор со поинакви зборови, го кажа веќе, еднопартијски систем, како во комунизмот било во тоа време Бранко ни го даде суверенитетот, а атентатот на Борис беше у време на ВМРО. Така?!? Знаеш има луѓе што истражуваат за историја.. одиш во библиотеки и бараш книги, читаш, листаш чисто ради тоа што те интересира, а никој не те обврзал да го правиш. Затоа не ми држи предавање за тоа кој е крив кој е прав, ако не бараташ со основни податоци за историјата на независна Македонија. Никој мене погрешно не ме учел, историјата како наука, не е ВМРОовска или СДСМовска. Зборуваме не за политика и тоа како некому му одговара да бидат работите. Во ова имаш можност да отидеш и да истражуваш. Имаш факти, слободно да ги споредуваш, документи, стенограми од средби. И да сум прочитала и затоа многу добро знам дека грешиш. Не ми треба татко ми да седнам покрај него и да го прашувам приказни да ми раскаже за времето на Југославија, јас не дознавам од прераскажување. Оди прочитај за разговорите помеѓу Тито и Сталин, разлистај за идејата на Тито за формирање на Јужнословенска федерација на Балканот, во која освен земјите од Југославија ќе влезат Албанија и Бугарија.... оди ти прочитај. Или ти не си ни чула за намерите на Тито да го обедини цел Балкан. Па баш Југославија и се пред Југославија на Балканот се случувало со таква намера. Не мешај дневна политика и наука - историја, која можеш да ја прочиташ на други места, не само во школо. Дрвење и мрсење е политичка активност... само кај нив го има тоа да немаат поима од ништо и да сакаат секаде да замешаат прсти за да направат дека тоа никогаш не се ни случило. Ете ти ги Грците, села политика нивна од 20-те години била грешка нели ко што се правдаат или треба да ти посочам за што зборувам, ваљда ќе ти текне. Или Бугарите пописите од ’46та и ’54та им биле политичка грешка, биле принудени од Русија така да направат и грешка биле нели. Што и да зборуваш ти тука се ја повикуваш Скорпионка.. не ми ја замешувај во дискусија помеѓу мене и тебе. Историјава, проблемите кои ти ги посочуваш не се од сега време на ВМРО, посекако не се нити од време на СДСМ. Па затоа не ми збори ВМРО и СДСМ, народот поделен, разделен... Како, каде виде у било што мое или на Венди збор за ВМРО или СДСМ, збориме за македонски народ, за историја, не за партии, збориме за македонска историја, не за историја на ВМРО и СДСМ.. кој црни Грујо, кој црни Бранко се збори во моментов на пример.... никаде не се спомињаат во ова. Збориме за нашите билатерални и мултилатерални проблеми, збориме за нивните билатерални и мултилатерални проблеми... и не мешаме Грујо е крив или Бранко е крив. Секој што го интересира било што може да си прочита што сака, можеш да се утепаш од читање ако те занима. Па кажи конечно како е. Кои сме, што сме, од каде сме, зашто сме, како треба да бидеме.. ние сите македонците, не ВМРО не СДСМ. него целиот овој народ тука... со македонска етничка припадност, бидејќи тој е доводен во прашање пред се, неговата историја, неговите корени, а не србите, бошњаците, албанците, власите, ромите во земјава.... тие секако ќе си останат тоа што се и откако нас официјално ќе ни сменат име.. и кој ти знае што се друго ќе следува... секако не ќе сопре спорот со Грција само со смена на привременото ФИРОМ со постојано ШКЉ. Секако дури и да го смениме нема да не засакаат, секако и да не примат во ЕУ, ние нема никогаш, апсолутно никогаш да бидеме со ист статус во ЕУ, како оној што ги имаат Грците кои се мазени и пазени и кога заслужуваат силно да бидат праснати по задниците. Они само со еден имаат конфликт? На ова се однесуваше мојот пост инаку. не те имам сфатено погрешно.
Благодарам за предавањево, добра лекција ете научив нешто ново. Тоа што го кажав за атентатот на Борис значи се извинав секој човек има право да се збуни нели па ваљда и јас и во ред не беше во време ва ВМРО туку на СДСМ еве пак и тука повторивам и се извинувам- тоа што згрешив не ме прави неписмена али ајде да не мешеам сега партии пак значи...не е битно. Јас зборам едно ти ми држиш часови по историја....И да нигде немам наведено ни ти го мислам па тоа дека Кљусев бил диктатор...најди ја таа реченица и тогаш ќе збориме баш напротив за Кљусев имам високо мислење и мислам дека беше еден од најдобрите политичари во Македонија. Јас зборам за нашата разединетост како народ...... и не ти реплицирав само тебе него и на Венди затоа што таа вика КРВ ДАВАМ ЗЕМЈА НЕ ДАВАМ.... па да види дека џабе и е тоа ќе и се мочаат на крвта што планира да ја дава за оваа земја па ја советувам да су ижива и да си ја чува крвта пошо ќе и треба. И ако бараш дискусија мора ли со факти да збориме? Што сега докази ли треба да вадам јас тука за да имам дискусија? Јас колку што знам овде човек го искажува своето гледиште и став на нештата а не сме на суд па сега со документи докази материјални и факти ќе збориме...може и така ама јас си зборам од моја гледна точка ако не си приметила и не се секирај фала за совет иам читано начитана сум и јас и еден куп форумџики тука се начитани не си само ти а и се гледа тоа не мораш да го потенцираш значи приметливо е но не си единствена, има и поначитани од тебе не се секирај а и сите останати се начитани па верувала или не и јас спаѓам во начитаните. А за овие што збориш- прво имаат конфликти и тоа замисли сите со нас ама види ги кај се тие кај се ние...со се конфликти со се све? Можеш сега да ми одгатнииш баш ме занима зашто тие се 100 години понапред од нас а ние тапкаме...а и тие имаат проблреми конфликти све што имаме ние и што е нели нормално!?? Ама ете тие се напред ние сме у ќор сокак? Ај молим те баш сакам да видам што одговор ќе добијам твој став или па и факти дај ако имаш нема проблем!??
Па ти отиде во друга насока дискусијата не е кој е начитан бе Масноли бе. Ти мене постојано ме повикуваш за тоа да прочитам и грешка сум. Не е кој е у право кој е криво бе девојко. Политиката е интереси. Никој од Германија и Франција немаат интерес нас да не мазат и пазат ете ти го одговорот во претходниот пост. Значи ли тоа дека македонците треба да речат не се македонци според тебе, Бурарија е да во ЕУ ние не сме, значи да речеме ние сме бугари, зборуваме бугарски јазик. Грција е во еу, да се согласиме они се со плус аргумент дека сме бугари и зборуваме бугарски јазик. Србите исто... и албанците кога ни се лути бе истото ни го викаат значи пошто сите се пред нас да речеме тоа... згора на се се обединети по ова прашање. Ако сакаш да речеме што знам, ако обединетоста на македонскиот народ треба да се состои од тоа.... тогаш ајде, почни ја кампањата па да ставиме потписи.
Баш напротив мислам....ете гледаш пак си ме разбрала погрешно- НЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ БРЕ ЛУЃЕ ТУКУ ЕДНАШ СИТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ТУПНЕМЕ СИЛНО ШТО БИ СЕ РЕКЛО И ДА КАЖЕМЕ - ДОСТА Е! Да кажеме јасно и гласно дека ние сме МАКЕДОНЦИ тоа сме тоа сме биле и секогаш тоа и ќе бидеме ама сите обединети заедно.....Имаме јазик, имаме свое писмо, посебна нација сме посебен народ сме....и сите го знаеме тоа.... нема потреба да дигам јас кампања и нигде не спомнувам да менуваме идентитет ...едноставно кажано вака би били- ДА СИ ЈА НАЈДЕМЕ ГРЕШКАТА ШТО ЈА ИМАМЕ НАПРАВЕНО НЕГДЕ И НЕКОГАШ А МОЖЕБИ И СЕУШТЕ ЈА ПРАВИМЕ И ДА ЈА ПОПРАВИМЕ АКО МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ И КОНЕЧНО ДА СТАНЕМЕ ДРЖАВА НОРМАЛНА. И што се однесува за името- де факто ние сме Вардарска Македонија што е толку страшно ако ( пример викам ) оваа придавка стои во името што и реално е така нели? А јазикот ни е МАКЕДОНСКИ, писмото ни е МАКЕДОНСКО идентитетот МАКЕДОНСКИ....Жапче види вака колку и да сакаат неможат бре да напраат една нација да ја снема туку така....идентитетот е тој. Јас тоа зборам ете го името ....молим лепо сменато е ( кобајаги ) е па шо сега? Ме сфаќаш?Кој вика да збориме Грчки или Бугарски!? Боже пази попрво ќе се самоубијам или ќе одам негде у свет него да треба тоа да го праам! НИКАКО! Ама па крв да давам за нешто за земјава на пример каде што тој што треба да ја сака не ја сака и не ја брани ( власта опозицијата политичарите воопшто сите ) јас да му се думам? Не благодарам! Иамм мој живот за живеење премногу е убав и краток да си го трошам за државата затоа што едино што може да ми донсе тоа е - ЛОШО ништо ДОБРО, така да Жапче ништо од кампањата имам живот за живеење немам намера на некој да му ги поправам грешките и да му ги чистам г*****а оти утре никој ни фала ни браво нема да ми рачи него може само да ме плукаат и да ми ја колнат фамилијата и децата оти што и да направи човек неможе на секој да му угоди. Гледаш колку си ме разбрала?
Епа ова требаше да биде во првото де. Ова го разбрав, поинакво е да по ми се свиѓа исто мислиме сега.. на исто сме она не ми звучеше така.
Не знаеш мојот стил на пишување е конфузен не викам не и кога би се запознале лично истото ќе го приметиш не знам зашто ама одсекогаш сум двосмислена и сите ми го рекле тоа ( да знаеш не е лошо ич баш напротив привлечно е... ) и ете ради тоа можеби ради фактот што за секое едно нешто од сите страни го гледам значи од сите гледни точки и се трудам така наеднаш да го кажам гледано од сите гледни точки па дури и од моја...и затоа никако да се разбереме. Ме сфаќаш што сакам да ти кажам така? Јас цело време ти викам дека сме на исто само јас ете да речеме сум допустлива до оној момент - Пример: Ок, ајде нека бидеме Вардарска Македонија ако е до името ама друго не ми пипај- Народ, Вера, Писмо, Јазик Идентитет....сфаќаш....тоа да им го напраат демек ете ние попуштивме ..капиш ете името е решено...и кога ќе запнат тие пак ( оти реално знаеме дека името не е проблем туку се е проблем за нив ) нека види светот со шо будали си имаат работа и тие и ние. Значи прифаќам искрено веќе ако е услов за да имаме убава иднида нели...прифаќам само Вардарска...ни горна и долна ни северна ни јужна ни Скопје во заграда Бог да чува ко Македонија да е Скопје само ....ма јок...само Вардарска. А јазик идентитет и тие ствари....нека сањаат да цркнат веќе аман! Капиши сега?
Ексклузивно, претседателот на Антикорупциска Воислав Зафировски, поставен од вмро, заедно со својата швалерка врши демонстрација на семејните вредности... Видеово е доказ... http://www.youtube.com/watch?v=qhHBw1Lv ... r_embedded
Милки, најискрено мене ама ич не ме интересира што прави приватно било кој политичар, ако сака нека има љубовници во секој град и исто толку вонбрачни деца, ако има концепт да ја води земјава во правилна насока, за мене ќе биде во ред, од друга страна некој и да е морално блиску до светец без концептот ми е бескорисен ко употребен кондом. Така да, под актуелен политички настан не ми спаѓа ова бакнување и гугукање, нити нечиј промискуитет или настраности на нагон, ни па импотенција, единствено ме засега импотенција за вршење на службената должност .
Не бе, ич не треба да не интересираат нивните морални вредности, и тоа што ја испокрадоа државава изминативе 20 години за да си ги финансираат спонзорушите ич не треба да не интересира, епа да не беше политичар и мене немаше да ме интересира, не дека сега сум нешто посебно загрижена, но замисли тој е вршител на јавна функција, а ако некој него го уценувал, пример да не се дознае за ова, или да не и каже на жена му или кој и да е со цел овој да му ги прикрива матниве зделки, и тоа не треба да не интересира? Да оставиме настрана партии и се, јас за човеков прв пат и слушам со име и презиме, но морав да се надоврзам на претходниот пост. Ајде нас ништо нека не не интересира и нека продолжат да не стрижат како овци. Наместо да застанат да поработат малку знаат до кое дереџе ни е државава, тие види ги што прават, се понашаат како во Шведска да живеат и како да немаат што да работат друго овде па седнале го имитираат Берлускони, нека го остават тие Берлускони што прави нему народот му е колку-толку и финансиски и во секоја друга смисла обезбеден, сега за сега, не трпи ни за леб и Италија е држава на ниво за разлика од оваа нашава која треба да се опраи ама со вакво безделничење и ваков начин на "демонстрација на семејни вредности" ништо не правиме
^^^ Teodora Бидејќи политичарите се носители на јавни функции, како овој Воислав од клипот, треба да им биде јасно дека и нивниот приватен живот е под лупа...Ова се типични испади...Вмро пропагираат многу за семејни вредности преку нивнине скапи реклами, а со вакви чобани таа глума нивна станува уште повеќе проѕирна... Секој има право да си прави што сака, али што подалеку од очите на јавноста, а посебно ако си носител на ваква функција...За овие барем има видео( чист материјален доказ), значи не зборуваме како тетки дека овој имал швалерка, оној љубовница итн... А вмровцине што кинат зелени за приватниот живот на Бране, како можат тоа да го докажат? Имаат ли цврст доказ? Не ми се верува...
Октавија и Милки, според мене политичар и морални вредности не одат во ист кош, бидејќи сите политичари без исклучок имаат доволно валкан веш за да ми се надвор од секој концепт поврзан со етика. Човеков ни го познавам, ни па ми е целта да го бранам, но ни да го напаѓам, само еве сега како овој податок ве тера да се чувствувате помалку како стрижени овци не ми е јасно?! Сега знаете и што? И од дамнина луѓето проповедале семејни вредности не е тоа топла вода која ја измисли Цацко овај ВМРО, па на големо фаќале кривини така да не знам што толкава фама и исповозбуденост па ваквите „испади„ не се изум како парната машина на времето, па сега светов ќе добие некој нов тек и нема врска дали се дело на дотичниов или на Берлускони или Тутанкамон или Шварценегер ни па со нивото на развиеност на земјава. Ако е земјата развиена ако, ако е бедна и народот нема што да јаде, политичарот не сме да е‘е нешто на страна, логикава .Оставете ги луѓето на мира, така може ќе имаат повеќе елан за работа и подобро ќе ја обавуваат својата должност. Едноставно нема корелација меѓу способноста за управување со државата и народот и сексуалните апетити прочитајте ја биографијата на Екатерина Велика пр. и нејзината склоност до длабока старост за исклучително помлади мажи (пилешко, :geek: ), ама таа го имала на дланка царството, не нејзиниот гуд фор нотинг маж. И ако се направи обид ќе се најдат докази и за членови на СДСМ или ДУИ или нејм ит која партија, само што тоа е дел наменет за жолта штампа, а не е актуелен политички настан, .
^^^ Ма цела држава со се народ со се деца со се се е ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ И АКТУЕЛЕН НАСТАН и еве 20 години е така....а занеме каде односно во кои земји народот се бави 24/7 со политика.....така?!
дали гледавте Бумбар сега? За Милчин дека бил кодош?? дали слушнавте каков речник имаа редовните јавувачи на емисијата. Беда, мизерија. Морав да ја дослушам иако дигестивниот тракт ми проработе во рикверц. Срамота.