^ Па и пред тоа велеше низ медиуммите дека тоа со платата би се остварило за неколку години. Не откриле ништо ново...
Ваууу фасцинирана сум од досетливоста твоја. Ај што си вреден, па и ајкула си пикнал во фонтаната. Контам дека си против ВМРО, ама пред да напишеш нешто, првин маалку подетално погледи, има и такви ко мене што внимаваат на детали. Биди маж и признај дека импулсивно си ја ставил сликата. Шоферот на фап-от не гледал кај тера и то је.
Оф леле , приметувала детали таа.... Камо среќа да приметеше колку пари се испрани на тој плоштад и колку народ е излажан за да биде изграден од ваков ефтин материјал. Впрочем и тоа е целата поента на сликата што стана актуелна , да се покаже на народот и вмровците да видат какви ефтини лаги Грујо им продавал , додека перел пари преку Скопје 2014, како од палми , градски плажи ,фонтани и цел барок , полека све пропаѓа и се крши , ама важно се гради , важно се прекопуваат по 6 пати улиците , не е важно што е ефтино срање или пак што се пари украдени и државата е во долг а народот поделен. Е тоа е поентата на сликата со камионот , да ги прикаже лагите и ефтиниот барок на Грујо. Ама ти приметувај и понатаму детали не е проблем. Добро нема врска, и така џабе објаснувам друго ми беше муабетот Се надевам неделиве ќе го сменат Зврле и ќе почнат со чистка на судството , или барем да затворат некои криминалци вмровски. И Заев убаво ја престави економската состојба на Македонија , што ме збуни оти мислев дека сме топ 4 во Европа.... А сега ќе испадне дека Манчестер Јунајтед клубот располага со повеќе пари....
Ова е најголемата глупост што ја воведоа. Добро не е една, една од глупостите. Зошто? На Академија примаат само со просек. Добар правник не се мери со просек, ваљда знаете. Значи судија и јавен обвинител никако не можеш да станеш ако имаш просек под 8.5. Во пракса, добрите практичари се оние без просекот. Оние кои се со 9 или 10 просек се теоретичари и често остануваат на факултет. Друго се плаќа и ова. Се полагаат еден куп тестови, кажи ми што ќе ми е мене да полагам од оние тестовите по англиски, а сум судија во МАКЕДОНСКИ СУД? После завршувањето на Академијата системот те распределува каде да работеш како ЈО или судија. На пример јас од Гевгелија да работам во Велес или Гостивар. Многу негативности имаше Академијата. Знам ние се буневме, потпишувавме петиции, а имавме огромна подршка и од професорите. За платата не знам што ви е чудно ако достигне до 500 евра. Па реална е. Колкава просечна плата има во другите држави, зошто Македонија да не се стреми кон тоа, наместо да се радуваме на 200 евра плата. Јас реално очекувам да дојде околу таа сума, само што ќе треба многу работа.
Не ми е јасно како Зајко ќе снајде со овие негови соработници кои имаат богато доси.Кој во затвот лежел и т.н. http://markukule.mk/ШЕФОТ-НА-КАБИНЕТ-НА-ЗАЕВ-ЛЕЖЕЛА-ВО-ЗАТВ/
Фонтана од 2,5 милиони евра треба да издржи фап. Само реалната вредност и е многу многу помала и направена e со кој знае каков шкарт материјал. Али што да очекуваш кога асоцијација за Скопје 2014 е гипс картон.
Немој така. Дон Зврле. Мафијаш. Што се однесува до Заев, цар си е човекот. Ќе постави толку високи критериуми на владеење што вмро 100 години нема да може да дојде на власт пошто претераа со форсирање на глупоќата пред интелигенцијата. Сами се зезнаа. Спојлер Не биле мачки, има шпекулација дека Илче Гебелс со дечко му го изгребале додека Илче се фалел што кола вози шефот.
Ај ај ај...релативизирање до даска. ПЛОШТАД кој не може да издржи еден просечен камион не е плоштад ами срање. На тој плоштад треба да се организираат дочеци, концерти, дешавки, треба да се донесат бини, озвучувања, чуда, треба да врват камиони. И на тој плоштад за кој се потрошија огромни пари додека гробиштата се полнеа со деца не можел да издржи 8 тона? Беда... Инаку изјавата на Заев дека нема да се чепка Ск-2014 е голема грешка. Да, ќе има трошок барем делумно да се дислоцира сето тоа и да се елиминира но прашање е колку ќе чини годишно поправка на тоа срање пошто секој ден паѓаат парчиња, пропаѓаат возила, се откачуваат стубови, се дробат огради на мостови од неквалитет. Настрана осветлување, осигурања и што све не. Поарно да се претопи све тоа и да се продаде за секундарни суровини. Гзујо и братучед му да се затворат во една од тие галиите, да ја пренесат до Охрид и таму да направат една дупка на дното. Длабочината на езерото е 300м и тонењето на овие ликови би било крајно симболичен чин.
Приметувам јас, критички сум настроена кон претходната влада. А критички ќе бидам и кон оваа. Не знам кој да ја напревеше фонтаната, не знам колку пари да беше истата, камион со 10тони да помине над неа - ќе пукне. Така да, сликата е бессмислена а коментарот не е на место. Кажи дека кичест целиот барок, кажи дека спомениците се перење на пари без пардон, кажи дека се исперени милиони за улиците и автопатиштата - ќе се согласам со тебе. Ама дека фонтаната пукнала јер не е добро направена а над неа некој си со камион поминал над неа - смешно е.
Не пропуштате да плукате по секој чекор што го прави премиерот. Како очекувате за три дена да направи чудо? Цела деценија не влечеа кон дното, да не очекувате со магично стапче да се реши тоа. Или вас ви беше розево? И да се случи тоа вие пак ќе плукате по него. Веќе почна да ги остварува ветувањата, има слух за народот, може ви смета гласачкото тело што ќе го придобие, па ќе се тешите дека не чини. Па редел бисери човекот, жив човек е може да згреши, не го прави тоа секој ден, се случува, а и вие тоа чекате, не само тој туку било кој да згреши за да го изрезилите. Абе светец до светец. Многу негативизам за толку млади луѓе. Кога ќе се сетам колку луѓето протестираа, а никој немаше слух за нив, ми се јавува револт. Оваа не е Вмро како што било некогаш.Човеков барем кажува од срце, во очите му се чита на добриот човек, никој не сака намуртени лица и фикуси. Како некои новинари имаа лице да го погледнат во очи не знам, ама не си трошам зборови веќе за нив НЕБИТНИ СЕ.
Се сложувам. Заев и да тресе зелени, Грујо не беше подобар, туку се закануваше со Ќосиња како психопат. И Грујо немаше никаков речник, а Заев ако не друго има добра волја и верувам дека искрено сака да ги менува работите. Тие квази новинари кои синоќа дојдоа на дебата, со години пласираат само лаги за него, Грујо на 27 април му прати луѓе да го убијат, а тој лош збор не кажа за никој, никого не навреди. Браво за трпението. Се надевам дека работите конечно ќе тргнат напред. Ја видовте ли Билјана од Нова тв, па повишуваше тон и постави повеќе прашања од дозволеното иако водителот од МТВ ја опомена. Никаква култура немаат, никаква. Тие не се достојни ни со обичен земјоделец да зборуваат, а не со премиер. Лажги и продадени души, анти Македонци.
Јас не приметив дека Премиерот тресе зелени Тоа само претходниве, се тешат дека ќе успеат да ја оцрнат,новата влада