Знае она, кога девојката имала манијак 10 години, пто ја силувал мачел и крадел, и одеднап нов дечко си фаќа... Па нормално сите сакаат да го запознаат. А може му е шета на З.З. И јас би шетала Заев следниот пат земи ме
Знае она, кога девојката имала манијак 10 години, пто ја силувал мачел и крадел, и одеднап нов дечко си фаќа... Па нормално сите сакаат да го запознаат. А може му е шета на З.З. И јас би шетала Заев следниот пат земи ме [/QUOTE] Си шетаат со Шеќеринска, што ќе им се мешаш и ти. Си бркаат работи луѓето, што требаше некој пред 10 години да ги истера. Седи си овде во златната држава. Кај и да одиш, нема подобро место од кај нас. Вакви циркузи и луѓе
Јас како што го слушам не сфатив дека министеров кажува дека не знае што е бруто и нето, напротив, кажува дека не знаел дека во извештаите всушност се напишани нето бројките.
Јас сметам дека ние што сме крејзи кет лејдис, треба да поднесеме тужба против Заев за таквата екстремно шокантна изјава, што ги навредува и генерализира мачките, при што нивното име и дело е искористено во негативна конотација со цел да се оцрни целиот мачешки вид, почнувајќи од домашните мачки, па се до дивите (пантери, тигри, гепарди и др, а највеќе лавовите).
Република Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и НАТО со референца која го состои зборот „Македонија“. Во Грција ниту еден политичар нема да си дозволи таков луксуз на компромис, затоа што знаат какви последици по животот можат да имаат. Во иднина очекувам Бугарија се повеќе и агресивно да го поставува прашањето околу македонската нација и јазик кои тие ги сметаат за бугарски. Генерално сме во шах-мат позиција кога е во прашање надворешната политика, а не гледам никаков излез од ситуацијата.
Сите експерти сте на темава а помалку да читате се и сешто, повеќе да набљудувате? Немало да влезе ако има Македонија. A како ќе се викаме, Европска Кина? Читав изјава на бившиот ни министер дека Македонија била популарна за странските инвеститори затоа што нудела европски квалитет на работна рака, по кинески цени. И тоа за фалење е? Дека дозволуваш сопствениот народ да ти го експлоатираат? еве ви како во македонските фабрики се прават италијански чевли, а вработените земале по 7-8000 плата (помалку од законскиот минимум) https://www.theguardian.com/fashion...-made-for-a-pittance-eastern-europe-sweatshop Знаете колку ги кошта платата на еден работник? Еден пар чевли. После и текстот со какви бенефиции имаат странците ќе го најдам, сега ме мрзи.
Зошто тогаш не те примат во ЕУ и НАТО со референца која го состои зборот Македонија? Ако беше така лесно. Грција е во далеку подобра геополитичка состојба. Тие се членови на ЕУ и НАТО, имаат огромна морска површина со што и нивнито влијание и збор многу повеќе се слуша и почитува отколку македонскиот. Во Грција никој нема да пристапи на компромис. Во тоа биди сигурна. Македонија е спремна на компромис, но Грција не сака таков компромис. Решение? Просечен македонски работник не може да има плата поголема од 500 евра. Толку е капацитетот на македонската економија моментално. СДСМ ќе продолжи да ги носи истите инвестиции како Вмро-Дпмне што ги носеше и да ги субвенционира да инвестираат во Македонија, затоа што ако не во МК тие ќе отидат во друга вукојебина со уште поевтина работна сила. Таа е реалноста колку и да не ни се допаѓа. Македонија доживеа катастрофална приватизација и грабеж во 90-те години, а и во СФРЈ економијата во МК беше далеку од сјајна. Сега таа рана многу тешко зараснува.
Грција не сакаше решение. Сега сака, затоа што се во дупка огромна, економска дупка. Јас се кладам со било кого дека најдоцна до 2018 ова време Македонија веќе ќе е во НАТО. Не за џабе се поставени баш тие министри за одбрана и надворешни.
Грците уште пред 11 години кога беа во каде-каде подобра состојба од сега, во парламент жустро дискутираа како нема да дозволат Македонија да влезе во ниедна унија под "Уставното име". Зошто од официјални 196 земји во светот, околу 140 веќе не признаа под уставно име, меѓу кои и 3те најголеми светски сили. И ги исполнувавме сите услови што беше најбитно. И тоа тогаш ја имаа таа грдата Бакојани што палеше и жареше све живо и диво и Папандреу. Сега се дават во долгови, просечен грк на тој стандард зема 300 еура до 500 највеќе плата верувале или не.. и само тонат. Најголемите пристаништа и преку 40 аеродроми им ги купија германците. Така да.. освен со збор, немаат многу со што да спорат. Ќе се бие ладна битка.. Да не се сменеше власта пред 11 години сега сигурно ќе бевме во НАТО... пошто за апсолутно ништо друго не ги биваше, ама за надворешна политика беа дипломати. Дојде вемерото и се падна во вода. Нашиот јужен сосед веќе плаче по Груевски, и верувам уште долго ќе жали по него.
Грција колку и да е во економска дупка пак се далеку помоќна држава од нас. Плус имаат огромна морска површина и многу важна геостратешка положба. Што ќе биде за 2 години не знам, но знаејќи го менталитетот на Грците многу тешко. Скоро и невозможно. Кај нив дури и најлибералните политичари немаат храброст на компромис. За водење бизнис и лични интереси нема проблем. Доаѓаат тие во Битола и Гевгелија на шопинг тури како што и Македонци одат на одмор и шопинг во Грција, но на национално ниво не верувам на компромис во блиска иднина, па и далечна. Дај Боже да грешам.
Членство во НАТО под БЈРМ е возможно и остварливо за брзо. Грција колку сака нека е тврдоглава сепак ќе мораат да попуштат под притисокот од нивните партнери од ЕУ. Балканот ќе и биде затворен на Русија (добро и Србија ќе остане ама тие се небитни) со примање на Македонија во НАТО, така да Грција кога тогаш ќе попушти. Во скоро време секако.
Ако се лажеме дека ке влеземе во нато и еу без промена на името,да беше така одамна требаше да влеземе,Заев затоа со помош на странските фактори со сила е донесен на власт,затоа што лесно можат да го манипулираат,не бадијала ја даде на Албанците така глатко со потписи,така и името ке го смени. Вистината е таа нема друга.
"Ако беше така одамна ќе влезевме" Дали е ова индиректно признание дека ДПМНЕ се договориле да го сменат името? Нели загради, Горна, Долна? Патриотите?
Празни приказни. Во Македонија никогаш немало проруски партии или политичари. Сите политички субјекти се за ЕУ или НАТО. Руското влијание на Балканот е минимално скоро 30 години. Нема никаква опасност од Русите на Балканот. Многу повеќе има од Кинезите и Арапите. Зборувам економски.
Па посетата на Иванов кај Путин што значеше? Соопштенијата на рускиот амбасадор да престане САД да се меша што значеа? Празни приказни?
Кажи ми ти колку руски инвестиции има во Македонија? Колку руски невладини организации има во Македонија? Колку јавно проруски политичари има во Македонија? Која партија има проруска програма? Тоа му е работа на Иванов. Да посетува земји и претседатели со можност да отвори економска соработка. Путин го посетуваат скоро сите претседали на ЕУ.
Ти дали живееш во Мк?Нема шанси никакви тоа да се случи тоа се бајки за мали деца,инаку за ова Дали е ова индиректно признание дека вмро се договориле да го сменат името?Одговорот е не Ако договориле до сега тоа ке се оствареше и ке ни го сменија името,но како што гледаш уште сме БЈРМ,за жал твоите од сдс прифатија да се викаме БЈРМ, Киро Глигоров го прифати името ако се секаваш?
Точно. Се друго може да чека, ама оградата е приоритет. Да, прљавиот автомобил исто, заедно со "манекенот" што се прошета околу него. Тоа се тие важни реформи. Тоа е таа реформаторска Влада. За животот и слободата во Македонија. Него батали тоа, треба да размислуваме под кое име ќе влеземе во НАТО. QUOTE="schmookie, post: 3442002, member: 114722"]Јас како што го слушам не сфатив дека министеров кажува дека не знае што е бруто и нето, напротив, кажува дека не знаел дека во извештаите всушност се напишани[/QUOTE] Тој се разбира во бруто и нето, колку што јас сум кралица Елизабета.