за жал не можев да ја гледам ради обавези работни! Дали би била љубезна да ни пренесеш тие неписмените испрани коњи што коментирале кои што не би го стигнале интелектот на Милчин макар и најнов копјутер да им инсталираат у тоа главите пошо им се празни нели.....!? Благодарам однапред!
Значи од веста дека Милчин е кодош, вие решивте да се задржите на гледачите кои се јавувале и нивните коментари... Интелектот на Милчин ама баш не ме занима во оваа ситуација... И јас не гледав, али Маснолио ти си последна што треба да осудува дали некој коментирал со непристоен речник...мислам heloooo
^^ Theodora Не си во право, и тоа како има поврзаност помеѓу недостатокот на морални вредности кај нив, било тоа да е крадење или бркање спонзоруши низ Скопје, и колосекот низ кој се движи оваа држава. Ти гледам ги споредуваш нив со Екатерина Велика, е извини ама тоа за мене е Прво и прво Русија на времето била она што е и пред да дојде Екатерина Велика на власт, била и после Екатерина, ќе била и без таа да дојде на власт. Кога веќе го споменав Берлускони, Италија беше она што е - Италија, ако ме разбираш, и пред да дојде Берлускони, иста е и сега и Берлускони и онака нема што друго да работи, а и народот си нема други посериозни проблеми па се занимава со неговите ексцеси. Секако дека нема политичар кој е морално и етички беспрекорен, не политичар, туку нема ни човек кој е чист како солза, но во една земја како нашата, каде просперитетот запрел во 91-та е и тоа како ни е потребен политичар кој има одредени норми на однесување и одреден морал, зашто човек кој може да си го отера семејството знаеш каде, уште полесно ќе го направи истото и со државата. Сигурно знаеш дека словенците и хрватите спроведоа најлегална приватизација на Балканот, на народот не му фалеше ни еден единствен динар што не е слушајот и овде. Е сега си слушнала за Милан Кучан и Јанез Дрновшек така? Првиот претседател на Словенија и вториот претседател и премиер, покоен е. Е овие двајца ти се најомилени луѓе во Словенија, па тие се шетаа низ Љубљана без телохранители,на никој не му паѓаше напамет ни да им дофрли нешто, а камо ли да ги чепне, како обични пензионери се шетаа низ парк, значи Словенија најде колку-толку морални луѓе кои не оставија зад себе скандали туку животот и го посветија на државата па сега јас мислам Словенците можат да си дозволат и еден Берлускони без тоа да остави последици врз нивната економија. Ете во Хрватска Санадер крадеше, да ама се одрази тоа врз народот? Останаа хрватите на улица и без леб? Не! Зашто и тој како и неговите претходници претходно си го исполнија својот долг кон народот. Значи прво трба да најдеме колку-толку чесни луѓе кои ќе ја средат ситуацијата и ќе воспостават ред па после и ние ќе можеме да си дозволиме некои вакви и да си фаќаме сеир. Зашто ако првиот анти-корупционер кој врши една функција на која треба да го посочува и казнува недостатокот на морални вредности, а самиот тој нема морал, да не ги забораваме и можните уцени и што тој би требало да направи за да не излезе неговото однесување во јавност, значи ние уште тапкаме во место. А овие нашиве никако да се поправат а и нема да се поправат додека ние си молчиме и ги браниме на партиска основа, нека се фатат за работа прво а после нека глумат декаденции од 17 век не е ова ни Италија ни Русија ни Франција а богами не е ни Словенија ни Хрватска
За тоа дали Милчин бил кодош или не ама воопшто не ми е гајле, зашто и самио процес на лустрација ми е смешен сам по себе.
За тоа дали Милчин бил кодош или не ама воопшто не ми е гајле, зашто и самио процес на лустрација ми е смешен сам по себе. Па имаше од тоа дека треба да се стави на плоштад и да му се корнат бркови и да се фрли во Вардар, до разно разни нареувања кои едно ултурата не ми дозволува да кажам а друго и на форумов има малолетни лица. Види јас не сум против секој да си каже свое мислење, ама дајте бре кутура кога се јавувате во емисија. А онаа па водителкана и остава да зборат и после со пола уста немојте ве молам со вулгарности. резил.
Масноли ако те сфатив а мислам дека добро сфатив значи ти за пари не ти е гајле и Узбекстина да се викаме ? Велиш да имам 3000 евра баш ќе ми биде гајле .... Епа мене лично ќе ми биде . Јас сум ВМРО определена како единствена во мојата поблиска фамилија ... Значи (не ми е испран мозокот за кого треба да гласам туку МОЕ лично видување ) Баш поради таа филозофија на СДСМ кои ме постетија на тебе ... Во смисла па голема работа како ќе се викаме , нели е битна иднината ај доста го тупите со Минатото ... Еее баш тогаш , баш тука се одлучив за дргугиве ... Зошто цело време драгите од СДСМ живеат во една поинаква Филозофија и упорно не ја пуштаат да си оди... А нели овие беа против МИНАТОТo хмммм малце нејасно значи упорно тераат нешто што му завршил рокот на траење и тоа одамна ... Како и да е .. Ти викаш јас знам , ти знаеш дека сме Македонци . А идните генерации ? А моите деца , твоите внуци ... Ние ќе знаеме , а светот ? Како ќе не нарекува . Чии потомци ќе бидеме ? Ќе се уништи се ее дури тогаш ќе бидеме Вештачка Нација .Јас не го бранам Груевски напротив го осудив и ќе го осудувам за овој срамен потег ама не рекле попусто Политиката е *урва народот пати , а народот е државата ... Малце да ти појаснам со видеово што следува многу работи ќе ти станат појасни се надевам ... би треабало сите да го погледнат ВРЕДИ се ќе ви стане далеку пологично ! http://www.youtube.com/watch?v=8lqBsJvpfzM Македночето секогаш патело ... Тоа е непобитен факт од секогаш сме биле Жртви ... Од секогаш до не знам кога ! Ако велиш македонци сме зошто тоа да не го докажам ? Како енкој да ми каже како смеам а како не смеам да се викам , во што да верувам , какви песни да пеам ? Кој е во прево сега ? Tito за него имам уште многу ама ај да не одам во некоја друга тема отворите тема за "другарот " ќе се разбереме и за него . Во негово време е заведено САМОУБИСТВО со 2 куршуми во глава !!! Треба нешто да се додаде ... За тој розов систем , каде се сите имале , а никој немал ништо Македонија нема пријатели ! Никогаш немала , секоја гледал , гледа и ќе гледа како да и напакости , парчоса украде се што има ... Горчлива реалност .
Венди, ти сериозно мислиш дека ако решат да се смени името дека некој нас ќе не праша Дај бе луѓе, не се будалете со извинение, нели гледате што се случува околу нас? Ние сме ти безгласна буква овде, само пред избори не тинтрат, откако ќе ги изгласаме веќе не сме им потребни, потоа си земаат за право се да прават на своја рака, зашто нели народот им дала доверба. И колку за информација, името набрзо ќе се смени. провладината канал 5 и офцијално почна да го спрема теренот за референдумско изјаснување за името - ова е прв домашен извор и официјално да ги потврди странските заговори и подготовки за промена на нашето вековно имеи идентитет - КЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛИ? *да подсетиме, на референдумот за територјална поделба по признавањето на САД внатрешно си ја поделивме земјата. Сега истата земја која не призна со лажни ветувања за подобро утре ја бутка промената на нашето име и идентитет со поголеми и послатки но исто толку лицемерни ветувања. Извор, друг форум. Решението за името се наближува - македонските граѓани со свој став за референдумот Ништо не е поголемо од чувството на припадност, кон семејството, групата врсници и нацијата. Тоа е идентитетот, нашиот. Има и име и вредност, луѓето го носат со себе. Во подножјето на споменикот на Александар Македонски, поставен токму во име на корените -со граѓаните разговаравме за нашето име поточно за македонско - грчкиот спор. Спорот со Грција ги нервира сите и помладите и постарите. Исфрустрирани и напатени од тоа што дваесет години секојдневно ги понижуваат и негираат, дел од овој народ си најде утеха за својата болка. Дваесет и петметарската гордост извајана во бронза и качена на коњ. „На тие што не им се допаѓа споменикот не треба да живеат тука. Јас ја знам целата историја за Александар Македонски. Каде е роден и што направил“, вели граѓанин. „Ова требаше да биде поставено многу одамна, треба да и дадеме почит на нашата историја“, вели друг граѓанин. Политичарите тактизираат, но треба и да делуваат, нам, на народот ни останува да ги коментираме нивните одлуки. Решавањето на името на државата е „ахиловата пета“ на секој граѓанин, но од друга страна им се поставува розовата слика на Европа. Затоа и ги прашавме, ќе го решиме ли името? Едни уште ќе чекаат од Грците да се предомислат, други веќе се подготвени за новата додавка на името. „Па треба нешто да се направи со името, штом преговараме, значи треба да се согласиме со некакви промени, сметам дека треба да се направи нешто за земјата да влезе во НАТО и ЕУ“, вели граѓанин. „Јас би се согласила со промена во името, но само со одрединца, иако би сакала да нема никаква промена во нашето име. Тоа е наше и така и ќе остане. Ние како народ и понатаму ќе останаме“, вели граѓанка. Меѓу желбите, иднината и чувствата за припадност - граѓаните тешко се откажуваат од она што е нивно. А подеднакво свои им се и европската перспектива, но и идентитетот. Ги чека тешка одлука на референдум, тие ќе одлучат за тоа што ќе го договорат политичарите. Изборот, таков е впечатокот овде, дека сепак ќе биде мачен. извор. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=78038
Од ова колку што сфатив, сакаш да кажеш-нека ни се управи државата па после што сакаат нека прават, тогаш може по ѓаволите и морал и се остало, но дотогаш-МИРНО!!! Има многу луѓе во власта, воопшто во политика, мислам бесмислено е да бараш сите до еден да и им се верни на своите сопруги/сопрузи (конкретно за овој случај)...Ако е така јас го оставам овој мојов и одам во лов на политичар оти загарантирана (треба да) ми е ВЕРНОСТ?!? И ако веќе се држиш за моралот на политичарите без везе е да ги делиш на оние во развиените земји-и оние другите...едните може, другите ќе почекаат? А тоа ти е смешно, а не е смешен фактот што кажуваш на кое ниво коментирале гледачите (непознати) на некоја емисија??
Што зборуваш ти воопшто Скорпионке, ќе си ловела политичари, верност помеѓу сопружниците... ова нема врска со она јас што сакав да го кажам и да, нормално дека ги делам тие од развиените земји со овие нашиве како што кажав претходно тие својот долг кон народот веќе си го подмириле, а исто така немој ни да го занемаруваш фактот што Италијанците му зададоа удар на Берлускони со референдумот, значи ете не го бранел целиот свет неморалното однесување на лидерите како што очигледно тоа го прават Македонците заслепени од погрешниот диоптер на партиските очила, а кога веќе сме се фатиле конкретно за овој случај ќе повторам, како може еден анти-корупционер чија функција е да бара морал од останатите, под барање морал подразбирам борба против корупцијата, а самиот тој да го нема и по трет пат ќе го споменам тука факторот уценување од трета страна и не реков дека може да оди по ѓаволите во иднина и морал и се, туку реков дека кога државата би ни била на ниво, не би ни пречело толку развратното однесување на одредени политичари и од двете страни бидејќи џебот ќе ни беше полн и немаше да не боли тоа што овие луѓе ги трошат нашите пари и тоа на ваков начин. Државата ни е во економски, општествен и морален амбис и да чесни и морални луѓе можат да ја избават од него (примерот го имаме во блиското соседство) а кога законите што тие чесни и морални луѓе ќе ги постават ќе профункционираат, е тогаш кој и да дојде по нив за 5-10 години колку и да е неморален нема да може баш лесно да премине преку тие закони, а кај нас е се лесно зашто такви закони нема, и никому не му текна да ги донесе зашто очигледно тоа не им одговара е вака ли ќе се извлешеме од амбисот? Тоа за кое што ти очигледно се залагаш функционира веќе 20 години ама не гледам дека имаме некој аир од тоа
Офи без референдум не се може .... А јас сум повеќе од сигурна дека сега засега додека е ВМРО нема ЕУ . Груески се плаши од ризикот на донесување на толку тешка одлука ... Едни ќе го сметаат за херој други за предавник . Баш како и сега што го кривај Кирче што прифатил референца ФИРОМ која требало да остане како таква месец а еве гледаме колку месеци до сега Инаку моите очекувања од добро од ЕУ за Мк се own: ќе не најде истото што и Бугарија . Вака не можеме да писнеме во своја земја камоли тогаш ... Паметни се се Русите , да беше добро први тие ќе се приклучеа . Штета што не сме доволно моќни .
Оф мори мајко, што се нема да прочиташ. Па добро бре со сила ли улави ќе се правиме? И дали вие стварно верувате дека Груевски нема да го смени името? Во 2006 Груевски ветуваше дека нема да прави коалиција со терористи, во 2008 ја направи. Во 2009 Груевски велеше дека нема да даде амнестија за терористите кои масакрираа македонски цивили, еве не во 2011, ги амнестираше, така? 6 години Груевски не отекува дека нема да го даде името, а уште во 2009 во Букурешт отишол со предлог име Република Македонија Скопје. Патем тоа уште тогаш го обзнани Еленовски, тогашен министер за одбрана, а еве сега во 2011 тоа јавно го призна и Милошевски. И после се некој ќе ме убедува дека Груевски немал намера да го промени името? Туку уште едно нешто ме интересира, како може вмровците толку многу да ги засега и да ги боли за историјата(посебно античката), нашите корени, тоа што нашите прадедовци се бореле за оваа држава, па нели кои сме сега ние да ја продаваме и име да менуваме, а толку многу да не ги интересира поблиската историја, онаа од пред 10 тина години кога гинеа наши војници и полицајци исто за да ја одбранат државата и да ни овозможат подобра иднина, кога наши работници беа разнесувани врзани за столбови, а? Заклучок - утре власта да го смени името ќе заборавите што сте пишувале, зошто нели власта мора да се подржи, во се, па и во амнестијата на терористите.
Го зборувам баш она што ти го повторуваш...И немој да мешаш морал со закони, од каде таа споредба корупција-неверство? Упорно уфрлаш уценување, трошење наши пари, тоа се само твои претпоставки (од многу филмови гледање можеби?)...И за какви закони зборуваш што би ги донел некој чесен политичар со кои би им го задржале таквото на идните во панталони??? (пошто зборуваме за неверство тука, не дали покрај тоа што изневерува уште и лаже, краде и има вошки)
На сите ни е јасно дека без промена на име нема ЕУ ... Тоа ми е јасно ко ден ! Се вртиме во круг од 2004 од тој фамозен статус . Никој немаше храброст да го реши споров . Зошто зошто се знае треба да се смени името а народов е против промена.... Јас лично не би сакала ЕУ имам некое претчуство дека ќе не снајде истото што и Бугарска .... ете ги процветаа ама зошто јас не се прашувам а нели 80 & сакале ЕУ еве да претпоставиме дека ќе се смени ... Ама не е само името , јазик , идентитет .... Историја се е под знак ? Мало потсетување кога веќе се спомна Букурешт тоа беше пр и единствен пат кога Власта и Опозицијата тргнаа на пат овојпат СЛОЖНИ а во раце со предлог МАКЕДОНИЈА-СКОПЈЕ јас мислам од цела работа ова решение е максимумот кој може да го извлечеме . Да бидеме реални Без пирини , егеи , вардари , горни и долни ... Арно ама братска грција ни закачи Вето . ете така пропадна и пак се вративме на почеток . Грујо нема да се согласи на промена на име без јасна подршка на Македонците . За разлика од Рада .... Која велеше како беше за 3 месеци Еу чинам тој беше периодов а како мислеше да го стори ова . Дај шта даш ? СДСМ ако добиеше власт ќе го сменеше за 24 часа какви 3 месеци .... Се знае со нив нема проблеми може секако да се договориш .Нели битна е ИДНИНАТА а уште се водат по Филозофијата на Тито За изборите рекол Грујо не правам коалиција со терористи ? Јас сега слушам за ова ... Ама слушнав многу добро ин лајф ... Кога Бранко го говореше ова ... Кажа никогаш нема да коалицирам со албанците , и тап ....Сапрајс , исто така кажа во секоја фамилија вработен ... И остали бајки ама ај да не почнувам не сме на таа тема . Све у свему муабетот ми беше не Бране не Грујо Чак Норис не може да ја внесе Македонија под уставно име ... Останува само кој ќе се покаже способен да се изпазари за подобро име ... А притоа да не биде осуден од македонскава нација ... Се друго е извесно ...
Пак не разбираш Прво и прво јас НЕ УФРЛАМ овде ништо од премногу гледање филмови туку имавме ние овде еден таков случај во времето на ЉуБчо кога една таква снимка беше искористена против еден функционер за лични интереси значи не е ова ништо ново, исто како што не е никаква тајна и криминалната приватизација во 90-те (е сега не знам изгледа ти под криминална приватизација не подразбираш крадење бидејќи тој термин крадење во Македонија ете јас сум го измислила и го наметнувам овде на форумов и само немој те молам сега со партиски обоени муабети како тогаш некој друг бил на власт и како овие сега немаат врска со тоа зашто мене никој не може да ме убеди дека овие се поразлични од нивните претходници, да беа немаше сега да им го чуваат грбот) второ и второ мене ама баш ми е гајле кој политичар каде го пикал, дали си го чувал во пантолони или дали му бил резервиран за жена му ама баш ич само реалност е дека таков политичар нема никаков кредибилитет да продава морал на останатите и да лови "корумпирани стаорци" и трето и најважно, јас не мешам морал со закони, туку тие се природно поврзани - законите и нормите се измислени во првобитните заедници за да се сочува моралот и редот во општеството е сега пошто ти не веруваш во крадење можно е да не го вбројуваш во морална девијација е во тој случај нашиве политишари се невини, а ние слободно да почнеме да го дискриминираме секој поштен во државава, не каква власт за поштени луѓе, власта нека остане кај партиски послушници и нелојални, а за чесните и идеалистите кој ги е** , тоа сакаш да го кажеш? Епа ајде така нека биде, само што ние нема да успееме да се извлечеме од транзицијата уште долго а светскиот рекорд во транзиција и онака си е наш ама да се осигураме дека никој нема да ни го земе па да си тераме по старо, а?
Венди тоа што си подржувач на власта не ти дозволува да ги отвориш очите и да погледнеш поубаво. Велиш не си чула дека Груевски велеше дека нема да прави влада со терористи? Мене повеќе ми се чини дека не си сакала да чуеш. Ама затоа пак многу добро си чула што рекол Бране или Рада. Туку ме интересира Венди, дали ти некаде слушна во предизборието Груевски да каже дека ќе ги амнестира терористите? А? Не си чула, зошто немаше кажано такво нешто. И сега што? Јасно е ко бел ден, оваа влада си трае и си прае, што би рекле постарите, ама и покрај тоа ќе се најдат некој до толку заслепени што и даље ќе веруваат и ќе убедуваат демек името немале да го дадат, демек ова демек она. Приказни за мали деца. Оваа влада се декларираше како патриотска. Да, на зборови сите сме патриоти, ама на дело? Со неколкуте закони што ги донесе владеачкото мнозинство овие денови, потврдија само дека немаат ни П од патриоти. Потврдија дека фотељата им е над се. И нема што да се буните и да се правите слепи при очи, или пак да излегувате со добропознатите фрази ,, Ама да беше Бранко полошо ќе беше,,. Е да беше де, по него ќе викавме, ама не е. Затоа
Боа јас го осудив , осудувам , и ќе го осудувам Груески за ова што го направи со амнестијава ... Но јас не сум ВМРО само заради него туку самата филозофија која ми е поприфатлива од таа на Бране... И Бране вети не исполни , овој не вети исполни. Точно е дека не кажа што ќе стори . Дуи притисна овој немаше каде па прифати (што не е исправно ) ќе повторам по 2454 пат . Ама ако подразмислиме .... Што мислиш како Бране би постапил ? Кога овој патриотов се испазари , што остало за предавнициве ? ! И сега клучното прашање ми беше да го стореше ова Бране ( што не се сомневам ) дали ќе ја променеше партијата ?
Велиш Дуи притисна, а овој немал каде па прифатил? Што, да не ќе се распаднеше светот ако не прифатеше? Дуи да не му се закани дека ќе не ништат, па ај да речеме немал каде па прифатил за доброто на народот и државата, ама бре тој прифати пустиот за да може влада да си направи, за да си седнат во фотељите. Ни под разно Груевски не требаше да ги амнестира оние кои масакраа македонци во 2001. И тоа е чин од кој сите треба да се срамиме и да го осудиме, а не само да кажеме од страна, абе не требаше ама штом е оваа власт во прашање ќе прогледаме низ прсти... Знаеш како, да го сменеше името немаше толку многу да го напаѓам, зошто знам дека се притиснати од страна и дека ќе го сметат, и ќе си речев, ај можда е за доброто на народот, да влеземе во ЕУ и Нато. Ама вака бре, да амнестираш терористи и да им дадеш пензии ко да биле народни херои, а за нашите бранители ништо? И за што? За да можеш да формираш влада? Ништо веќе не може да ги испере. Што ако БЦ го направил ова? Исто. Истото што сега го мислам ќе го мислам и тогаш, ама не можеме да занеме дали БЦ ќе го направел, можеме само да претпоставуваме. А сега едно контра прашање - Што ќе пишуваше ти Венди ако Б.Ц ги амнестираше терористите?
Е да претпоставиме де . Значи би сменила партија или не ? Не ми одговори велиш ќе го осудев , и јас го осудувам Груески . И се разочарав од него , но сепак направил многу повеќе од Бране . Што се однесува до прашањето , јас сум многу сигурна дека Бране ќе го стореше истото ... И тој кажа работи што нема да ги направел па ги направи . Кога политичар екс претседател вика ако ги изгубам избориве се повлекувам од лидерство и пак и после кај си го погазува зборот и гајле си нема... Како да не видовме не слушнавме.. Мислам дека истото би го сторил и да ќе го плукав најискрено , зошто е ужасно , погубно , мизерно . Токму поради фактот што и самиот Грески беше свесен дека Ахметоски пак ќе си ја оставри целта ... Проба кај Грујо работава е сакаш нејќеш не мораш но стрес . Тогаш Бране ќе се согласеше а нели Николче нејќе да предаде победа . Знали се на се ако не беше Никола ќе беше Бране Не знам дали гледаше вести или седница кога се караа и ког рече тој од ДУИ не знам како се викаше . Им се обрати им кажа на СДСМ да не кажам вие што нудевте за коалиција . Од СДСМ молк ... значи има нешто , пазарења и тоа какви ...
Скорпионке, ај молим те оди у тоа ќошот кај што беше до сега посекако сега ќе го дадат и името тие твоите па не се мачи да излегуваш од глувчјата дупка на кратко затоа што после треба пак да се враќаш, а како што ми стои мене за брзо, и за информација ако некој овде има нај непристоен речник тоа си само ти... и никој друг. Стварно ти си прва особа за која имам утнато проценка од изложени мислења...те мислев паметна образувана интелект....имам утнато и тоа ептен ама свака част и на глумицата односно тебе... добар лажен впечаток си оставила. И да Милчин им излезе со еден куп документи и претседателот на комисијата за лустрација ПРИЗНА ДЕКА НЕМА СЛУЧАЈ МИЛЧИН затоа што Милчин знае како работи оваа власт и очекувал линч па си ги обезбедил сите докази кои ќе покажат дека не бил кодош... така да .... ај молим те назад у тоа дупчето!
Не ќе да сум јас во дупче овојпат, али ај те молам ако веќе ме цитираш или кажи нешто салам оти не планирам ко баби на сред село, бош муабети да правам, ако си по природа живчана напиј се нешто-лексилиум, диазепам, или излези во маало и карај се со комшивките, али немој овде да тупиш...