МАКЕДОНИЈАВЕСТИ Коѕиас: ПЈРМ може во НАТО само со нов договор во ОН за ново име Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, на денешната прес-конференција по средбата со македонскиот колега Никола Димитров јавно ги повтори грчките позиции дека без промена на името, Македонија не може да се надева на членство во НАТО и ЕУ. 14 Јуни 2017 13:47 Viber Коѕиас рече дека членството на ПЈРМ во НАТО и ЕУ може да се оставри само преку изнаоѓање на компромис за името и потпишување на нов договор во ОН. -Што се однесува до ПЈРМ, ако така сака земјата, ние сакаме таа да стане членка и на НАТО и на ЕУ и како што кажав, ова може да се оствари со изнаоѓање на компромис за прашањето за името и во Обединетите Нации (ОН) да се потпише нов договор, потоа да се отиде во Брисел и тој нов договор да се објави и да се запознаат бриселските институици со тој нов договор, рече Коѕиас одговарајќи на прашањето дали ќе дадат поддршка за членството на Македонија во НАТО под привремената референца ПЈРМ. Со ваквиот одговор, Коѕиас практично најдиректно ги отфрли очекувањата од македонска страна дека сепак е можен прием во НАТО со референцата, што како иницијатива го презентираше Зоран Заев минатата недела во Брисел. Грција категорично стои на ставот дека влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО нема да биде можен со референцата, туку со нов договор во ОН за ново име. „Гардијан“ најавува промена на името на Македонија: Двете страни се блиску до решавање на спорот Значи и нови пасоши наскоро,не ти е глупо прашањето баш напротив.
Ми падна жал за дневник што ќе го затворат , некогаш беше добар и поштуван весник , ама тоа е , кога ќе си го продадеш гзот на грујо , крајот е таков.
Кажи си бе дека изворот е курир.мк, што се срамиш Еве пак што вика Плусинфо Грција е против санкции кон Македонија, Груевски создал идентитетски проблем од името
Јас и тој што зема 5 пати поголема плата од мене ни под разно не можеме да плаќаме исто данок. Јас ќе плаќам 10% на 100 ден, а тој на 500. Значи јас ќе платам 10, а тој 50 ден. Никако не е исто. Дополнително (не сакав да ја комплицирам пресметката) јас ќе го искористам целото даночно ослободување и ќе завршам со 0 мкд, а тој ќе плати 40 по искористување на даночното ослободување. Каде е ова исто?!
Медиумиве... Треба да се отвори посебна тема за нив. Курир веќе не ги читам, веста од @veteruska не знам дали е од таму. Се изначитав прикаски таму, прво им верував, после ги земав со резерва, сега не ги земам никако. Сепак, ние не знаеме што се случило на таа средба (и не само таа, која и да е друга, за што и да е), медиумите се тие што пренесуваат, ние ги примаме информациите од нив. Додека на народот вака му се сервира, а тој се си прифаќа и не размислува критички... знаеме што се случува. Сериозно, јас не знам веќе на кој медиум да верувам, не сум од оние што слепо прифаќаат нечија вистина, не сум од оние кои сакаат да си читаат само вести пренесени од призмата на партијата што ја поддржуваат, сакам објективни медиуми, необоени, кои ја пренесуваат вистината. Затоа, би ви била благодарна доколку ми кажете кој медиум е таков.
Нема таков медиум на кој можеш 100процетно да му веруваш,постојат медиуми кој ги подржуват сдс,и медуими што го подржуваат Вмро,наше е од кој медиуми ке се информираме @Bitter-Sweet. Затоа не ги земај работите при срце,затоа што независни медиуми во МК не постојат. Нормално е да се информираш од медиумот што ја подржуваа партијата на која си ти симпатизер,и тука е така јас не видов некоја што е членка на сдс да пушти линк од медиум што е близок до Вмро,и обратно.
Го имаме рудникот Алшар а таму се наоѓа тајниот кристал Лорандит со кој може да се направи фисиски материјал и после ќе баботат реактори, ќе извезуваме струја по цел сфет, ќе ја вратиме Индија назад. Пљус под Криволак имало воземјански брод закопан таму од страна на Гоцета уште кога се срушил во околијата на Кичево во 1901. Којзнае какви оружја има на фселенскиот брот. После имаме јака генетика, ни завидуват сите ради тоа, гоцева раса сме. Не сме за фрлање уште иаме и ние скриени карти.
За жал, така ќе да е... Една вест најдобро да се прочита како е пренесена на повеќе медиуми... па спрема нашиот став што го имаме оформено по тоа прашање, спрема него ќе прифаќаме...
Ја следев пресконференцијата. Иако тема "името" не требаше да биде, Коѕијас успеа да ја ували. Небитно. Димитров убаво му кажа. Ни се отвориле нас вратите на ЕУ интеграции или не, ние секако ќе се посветиме на својата земја. Плус, ми се допадна како им го залепи за "иредентизмот". Грција нема доброволно да смени став. Грција сака промена на нашето име и тоа на сите им е јасно. Она што сега го имаме како предност, е економската, политичката и финансиската зависност на Грција од ЕУ, и нејзиниот ослабен статус да не речам веќе никој не ја рецка. Ја имаме пресудата на Хаг која претходно беше стаена во сенка, и многу битно, во нелегално сниманите разговори "бомбите" не беа прислушкувани само "домашни", туку и странски дипломати, амбасадори, преставници и други високи функционери, што со нивното необјавување Заев превенира големи скандали. И поради тоа Западот и му беше наклонет на Заев и му помогна во целиов процес до доаѓање на власт. За воља на вистината да не беа вмешани странци во "бомбите" ние уште ќе си бевме "лидери во економија во регионот и надаље". Дримерс. Друго исто битно, влијанието на Русија е зголемено во регионот.. што на Запад и Америка не им одговара баш. Епа, сега Европа нека притиска. Плус ради нашиот јужен сосед веќе еднаш сменивме Устав, каде додадовме дека немаме никакви територијални претензии према ниеден сосед и сменивме знаме. Сега тие нека сменат став. Не е ни битно дали сакаат или не, нека им се наметне и на нив. Што па само нас?
И jac исто, немам доверба ниту во еден медиум или партиски човек на фб и твитер, затоа ги следам сите, од Видана до Филип Петровски. Мислам дека и не постои баш неутрален, освен можеби 24 вести и алсат м. Не, нормално е да се информираш од повеке извори и сам да донесеш своj заклучок.
Гледам дека вие од сите извори читате,ај барем не ме смејте ве молам,како вие од сдс поголемо едноумие немало,еве и сега се гледа откако се на власт.
Грешиш, jac имам кажано дека моja нога во партиски штаб не стапнува. Како професионалец и интелектуалец мене ме деградира да се идентификувам со било коja партиja. Едноставно имам високи морални вредности кои се против криминал, непотизам и полтронство.
Како добар медиум мене ми се покажале Телевизија 24 како добри и коректни , така да ако би верувал на некој медиум , би верувал на нив. А и нема нешто што да бираш , Мтв ,Сител , Алфа , Тв Нова све се тоа вмровски кучиња , телма е Сдсм , Канал 5 беше вмро сеа ќе стане Сдсм , алсат не ги гледам така да не знам за нив. Така од толку партиски кучиња , ТВ 24 ми се издвојува , особено во времето на кризата и бомбите се прошири и се стекна со голема популарност.
Па еден релевантен извор, Видана. Пффффф! Лично познавам двајца НВО активисти, башка едниот у филм демек повлијателен твитерџија, кои се сега вработени. Едниот требаше да почне во секретријат, другиот почна во едно министерство. ОК ликови се, ама начинот на кој се примија е бетер и од вработувањата за време на "режимот". Иначе, јок субвенции за пчелкине. Ај денес, ај утре, на крај излеа ручки. Ни РД такса у аут, ефтина струја којзнае кога и тоа само за посебни категории, 500 евра просек и Данска Тевдовски веќе станаа масовна смешка, го ебаа Дневник, Бојан 13 социјален мецена, Мерко и Самка магнети за странски инвестициии и уште какви ли не ти лудила.
По што досега викаа дека мвр била партизирана , овие од Сдс ќе ја департизирале со нивни кадри од сдс... Тоа во превод значи не по глава туку по шија http://republika.mk/788686
Кратко ке им трае Адоки,со локалните највероватно ке има и предвремени парламентарни,ДОМ им откажа љубов на сдс.
Ова викилис линкот или да не отварам? , уствари што ќе отварам ти верувам, кога си излажал до сега со линковите .....така? Инаку да ти објаснам на твој начин , Ти и твоите партиски ботови сте стари пробушени вреќи , време е да ве замениме со интелегетни луѓе со свое јас. Некои кои Грујо нема да ги врти околу прст. Кажи ми , сигурна си како што беше сигурна дека сдсм нема да дојде на власт ? , или како вмро дека ќе добијат 63 пратеници ? Ах бе партиски ботови , што ми е мерак да ве гледам вака наредниве 4 год....