Нели Адоки и Ветерушка викаа да било прифатливо за Грција било кое име кое содржи Македонија до сега ќе сме биле во ЕУ и НАТО (кхм, кхм, Вардарска Македонија)
Хахаха па Груевски златниот прифати во заграда Скопје да стои, мислам нели ако веруваш и си ги слушала снимките.
Ова со Вардарска Македонија ќе дојде исто како со ФИРОМ , сите надвор не викаат Фиром ама ние пак ќе си се викаме Македонија..... бидејќи никој ништо не ни можеееееее
Зависи кој.Јас сум во странство.Мене во индекс ми пишува Македонија.Без ФИРОМ,без Вардарска и други глупости.
Што правите филмови, потпаѓате под лагите на жмороните. Нема менување на името јас не знам како може тоа да верувате. Или во НАТО како БЈРМ или нема. Само што малку потешко ќе оди ако не ја стиснат Грција.
Која е твојата причина за кратковидноста? Ако на дебела девојка кажеш дека изгледа слабо колку таа да се чувствува пријатно тоа не значи дека не е дебела. Ако мислиш дека во твојата држава се е мед и млеко и дека нема територијални претензии тогаш супер за тебе, но тоа не значи дека истите не постојат или дека нема да се случат во некоја подалечна иднина. Оптимизмот е само недостаток на информации. Твоето прашање воопшто не е соодветно, туку подобро јас да те прашам која е причината за твојата македонофобија и етномазохизмот кој владее во сите вас деца на пролетеријатот? Албанците немаат проблем со своите национални чуства, затоа и ве газат, но очигледно вие си имате со своите. Лижење газ на некој само колку помалку да те тепа не е знак на поубава иднина, туку на слабост која во иднина ќе биде поевединтна.
А кој кажа дека Грчка прифатила за Вардарска Македонија. И онака они ни се обраќаат со Скопје и мислам дека освен скопје друго нема да прифатат. А како би се викале Граѓаните Вардарски македонци или Скопјани хаха нели е малку Иронично. А на Зајакот му кажаа во брисел реши го проблемот со името исто како што му викаа На Груески А со тоа се докажа дека Вмро работеше на евроатланските аспирации и го демантира на зајакот за тоа дека ништо не се преземало му кажаа дека мени го името продај го газот под ќирија и ќе те примеме во ЕУ А
Де де, не се нервирај, паранојата е страшна работа. И онака по обраќањава во второ лице множина сфатив дека Македонија не е твоја држава, е па што се замараш толку?
Па ако Груевски работел за влез во ЕУ и НАТО тогаш зошто некрофили вадеа за амбасадорите? Знаеш кој е најголемиот страв на жморон денеска? Освен затвор секако. Тоа е да бидеме примени во НАТО како БЈРМ. За филмовите како што е газ под кирија давање можете во штаб додека пиете ракија и јадете растителен кашкавал да си зборите. Реалноста е дека газот на Груевски кај Албанците е даден, а вие тоа не сакате да го признаете или па не смеете. Од страв од психопаторот.
Ова со името ќе му дојде "на моето ќе го додадам неговото" Ако не ви смета за личното име, зошто би сметало за државното. Мене лично Вардарска Македонија ми е сосема ок. Порано мислев дека промена на името е голем грев. Ние знаеме кои сме, ама не знаеме каде сме. Нас ни треба ЕУ за да имаме подобар живот. Ако ЕУ ни стои над глава, тешко дека партиите ќе си тераат по свое.
Koнтроверзна е темава... Мислам дека ова е пуштање пробен балон, да се види како ќе реагира народот. Факт е дека во сите наши книги по историја и географија пишува дека делот на Македонија во кој живееме се вика Вардарска Македонија. За грците знам дека е прифатливо. И за мене е ок предлогов, ако веќе мора да биде, со тоа што битно ми е националноста да остане македонска, а и јазикот македонски, да не им текнат глупости од типот Вардарци и вардарски јазик
Промената на името е исфорсирана за да изгледа како голем грев. Да не ме разберете погрешно, не дека менување на името е едноставна одлука од типот "што ручек да правам денес", но факт е дека ние губиме. Грција може со ветото уште долго да тера. Европа исто, може и без нас. Ама, затоа ние сме години и години наназад. Нема менување на името, нема никаков прогрес. Доколку се смени името и влеземе во ЕУ и НАТО работите ќе бидат многу поинакви. Во најмала рака ќе ни се отворат многу врати. Преговори, та преговори. Досадно е веќе, на прагот сме, ама вратите пред нос - повторно затворени. Непобитен факт е дека измена во името мора да се направи ако сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Без тоа, Грција никогаш нема да попушти.
Ќе ви се отворат вратите во најмала рака за демографски колапс. Се живо и диво ќе емигрира. Луѓето кај нас ја доживуваат ЕУ само како полесна визит карта да збришат од тука. Бугарија е 10 години во ЕУ, а сеуште имаат прилично иста плата како Македонија ако не и пониска. Како ќе си ја средиш државата првенствено зависи од политичарите и народот кој живее во неа. ЕУ секако дека ќе отвори многу пазари, но исто така сметај дека домашните фирми ќе бидат погребани со странски.
Пред се сметам дека неоправдано и е дадено правото на Грција да бара промена на името. До душа, не можам да сватам зошто е ГР толерирана од страна на ЕУ. Како лошото дете Хуго е, и пак и пак се и се простува.