ЕУ, НАТО или било кој во светот не ги интересираат морални принципи и кој е во право, туку кој повеќе дава или од кого повеќе имаат профит. Така функционира светот.
Па токму тоа. Кој бенефит го има ЕУ од Грција? Ок, не е да нема. Но Грција повеќе зима него што дава. Сите оние задолжувања на ГР, се товар на ЕУ.
Од кај го ископа фактот дека ситуацијата во Бугарија е таква? Од каде знаеш какви плати имаат? Од каде знаеш како живот имаат со платите кои ги земаат? Да беше добра состојбата тука никој не би побегнал. Многу работи не чинат, почнувајќи од платите, па се до начинот на кој луѓето живеат тука. А како функционираат домашните фирми денес? @sanjaeva претпоставувам поради фактот дека излегува на две мориња. Друго логично објаснување немам.
ЕУ зема од сите држави , Грција ја ограбија , најдобрите острови ги продаваат за без пари а ги купуваат граѓани на богатите европски држави , вештачка е таа криза во грција токму поради тоа што европејците сакаат ефтини острови , иста е и ситуацијата со хрватска , јадранското крајбрежје го купуваат за безпари... Еееее , европа... Не е таа за сиромашни земји...
Слушајте ме, на крајот ќе излезе Македонија и Грција најдобри другари да испаднатКо некои што се караат, вреѓаат и на крај ќе се смират и ќе се пољубат ко ништо да не билоЌе видете, знам јас, само stay tunedПа ни ЕУ нема да може да ги раздели #биполардржави
Знам. Бев пред некој период. Вие стапувањето во ЕУ го сфаќате низ призмата на личен интерес како побрзо и полесно да ја збришете од МК, а не истото што носи по колективитетот, државата, општеството. Во МК 70% од работите се тешко срање и нема оправување никогаш, но ЕУ е само добра за истите тие што ја формирале ЕУ, а не истите тие што се примаат како последно магаре. Бугарија и Романија беа примени само врз принцип да не одат со Русија. Друго оправдување нема. Тешка мизерија и корупција како во МК. И јас имам роднини/пријатели од странство што при првата посета на Скопје гледаат преполн центар со кафичи, кафани, дотерани луѓе и се прашуваат до толку ли овие се богати и не се на работа во 13:00 часот? Таков впечаток ќе добиеш секаде каде што ќе прошеташ низ главен град. Македонија е мала земја и мора да се врзува за помоќни. Тоа е точно, но треба политичарите, економистите, аналитичарите да бидат искрени, да седнеме да се договориме што добиваме, а што губиме доколку правиме компромис со националните интереси. А не вака да те фарбаат и лажат само за свои лични бенефиции.
Да се разбереме, јас не планирам да збришам од државава. Доколку имав таква намера, верувај, ќе го направев тоа до сега. Зошто сеуште луѓето не сфаќаат дека "живеев одреден период" не е мерило за состојбата во една држава и не можеш да стекнеш впечаток за тоа како всушност се живее таму? Јас немам впечаток дека во Виена луѓето се богати, воопшто не е тоа тема на муабет. Како да објаснам за да сфатиш, големите градови го имаат тој шмек, имаат душа, имаат нешто што прави да се чувствуваш исполнето. Во Скопје го нема тоа. Само една голема празнина. Сакам Европски пасош за да не плаќам виза, за да немам ограничувања и да морам да се вратам дома после 3 месеци, сакам слобода. Живеам во Европа, а можностите ми се сведени на минимум.
Реалната просечна плата во Бг е околу 500 лева, 250 евра. реален просек а Мк е најмногу 200 евра. Зборуваме за реален сектор. Инаку да, демографскиот колапс ќе се интензивира. Бг загуби некои 2 милиони раја од крајот на комунизамо, а Мк околу 400.000 за 26 години. И ако не влезе Мк во ЕУ пак ќе има емиграција само можеби не во толкав обем како што би било кога би влегла таму. Но тоа е само последица. А причината? Тоа што за 26 години во Мк не се направи општество во кое нормален граѓанин, чесен професионалец, добар занаетчија, талент во кое било креативно поле...би сакал да живее. А кога имаш држава во која никој не сака да живее, порано или подоцна идеш под мач бато Касно е веќе за ламентирање.
Ова златен,сигурно не го мислев дотолку златен нели Добро нагласив од лажниот патриотизам не даде смена на име,ем граѓаните задоволни ем тој си тераше тендерчињата. Додека со другиве на власт,гарантирам дека по секоја цена ќе има сменување на име,само за да се излижат задниците на Еу и Нато.
Почнаа да објавуваат снимки затоа не бидна ништо од промената на името, иначе сега веќе ќе си изгласавте дека сте за во заграда Скопје да ви стои.
Јас мислам... Р. Скопје е подобро. Сите ќе сме Скопјани. Нема више провинцијалци и скопјани. Нема омраза и карање по форуми. Скопје не ќе е само на скопјани, туку на Скопјани-те. Да живее Скопје! Димитров... да поработи малку на говорите(малку повеќе) и на тоа како ги чита, кога веќе чита.
Веќе ти одговорив. Не смеат. Оти Еу и Сад стојат зад Заев. Застанаа во одбрана на кршење на Уставот, правото и законите во Македонија. Застанаа зад шарените. Како можеа да го поздрават нелегалното поставување на Талат Џафери?! Заев е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. СЈО се откажа од ПУЧ. СЈО е партизирано и политизирано. Иначе, Заев и Шеќеринска се возеле во мерцедесот, во кој нели, немаше да се возат. Што ви е гајле за името. Што има врска ако светот, во стварноста не нарекува со друго име, кога ние знаеме кои сме. Да не беше во прашање идентитетот, никогаш немаше да има ниту притисок за името. Европската заедница треба да не признае по Уставот, или ич нека не не признава. Ние, не го измисливме името Македонија, и немаме право ни да го менуваме. Имаме загарнтирано право да бидеме тоа што сме, и никој нема право да ни го оспори тоа. Ова, не треба да биде ниту прашање на референдум. Истиот, лесно може да се намести. Да не кажам, како Талат Џафери на пример. Или Владата. Ќе се протурка ова, исто како што се протурка референцата. Дали навистина верувате дека нема територијални претензии ?! Иначе, ја поздравувам одлуката на новата Влада да ги укине дисперзираните студии.
Дајте бе луѓе не бидете продадени души! Вие мислите дека мед и млеко тече во ЕУ? Зарем по секоја цена би го смениле името само за ЕУ? АКО ТАА ЕУ ДО СЕГА СТВАРНО ЈА САКАШЕ МАКЕДОНИЈА ВО НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО - ЌЕ БЕВМЕ ТАМУ!!! Грција и е најмал проблем! Ама очигледно сакаат да не направат народ без потекло, народ населен на туѓа територија, па затоа Грција ни е "пречката"! И баш ме интересира зошто не правите муабет како да ја имаме назад Егејска Македонија, туку правите како и оваа мало парче да го дадете?! По цена и "Вардарци" или "Скопјани" да не викаат цела Македонија. Само контра да се одело едни на други(ВМРО, СДСМ) па макар и се продале. Стварно срамота!
. Што спинуваш само,каде сум рекла дека е прифатливо? Еве сега ке кажам Само Р.Македонија е прифатливо за мене ни вмро ни сдс не смеат да менуваат име на Држава.
Во 2009 зад Заев стоеле САД и ЕУ? Ако е аболициран значи има судска пресуда, дај да ја видиме. Има ли криминал во ДПМНЕ?
Која судска пресуда бараш бре човече, има аболиција. Следствено нема никакво отварање случај. Ниту вина да се докаже, ниту спротивното.
Јас колку што знам, за да се смени името треба да има и референдум. Не зависи само на одлуката на политичарите. Не потресувајте се толку без потреба. Од сите глупи предлози на Грците, единствено Вардарска Македонија звучи разумно.