Да на таа мислам. Аболиција си е аболиција, донесена и потпишана од Иванов беше таа што значи дека е законска. Дали некој му се заканувал на Иванов не е наш проблем, тој треба да биде бранител на државата, нели така го преставуваа. Донел аболиција и Груевски беше аболициран. Криминалец е?
Аболицијата се поништи. Нема аболиција. Се остави простор да се докажува или оспорува вината. И на едните и на другите. СЈО се откажа од случајот. Читај втора аболиција за Заев. Дали е Груевски криминалец или не, има Суд. СЈО не го признавам. Заев е криминалец. За него има аболиција и не е укината. Се остава сомнеж дека има вина. Иначе нели, во спротивно, Заев ќе бараше укинување на истата. Мислам ова, ако беше чист. Јас никого не правдам. Сакам секој да е еднаков пред закон. Без разлика од која партија е. Па макар тоа биле и Груевски и Заев. Ама не може да не се води постапка за едниот, а да се води за другиот. Смешки.
Груевски самиот го призна СЈО, си потпиша дека го признава. Ти што не го признаваш не е битно, Грујо си го призна и сега нека си трпи.
По повод реформаторската политика и нормално е сега да местат свои луѓе. Се надевам еден ден, ќе ја научите разликата помеѓу партија и држава. И како се одбира квалитетен кадар, кој не бил извлакан.
Тука не те оспорувам ниту негирам. Факт е дека потпиша. Факт е и дека многу нечесни работи се изиграа од двете страни. Груевски не требаше за ништо да потпишува. Ниту Пржинскиот. Многу притисок, многу закани под кои потклекнаа. Мое мислење е дека се е договорено. Нема никој да одговара. Ниту Заев, ниту Груевски. Она што ние го претпоставуваме, а го знаат тие. Можеби ќе лежат некои од ситните риби. Каде е сега Заедничка Македонија ?! Ги нема, оти се е договор, за да не иде никој во затвор. Нема да има департизација. Ќе биде како до сега, а можеби и полошо. Зошто Трајко не го исклучи микрофонот кога се пееше химната?! За да провоцира народ, оти мислеа ќе успее тоа да ги врати на власт, или како ?! А тоа право го искористи нелегалниот кога сакаше да зборува Ѓорчев?! Затоа што договор куќа гради. Ги оставија нелегално на власт, за никој да не одговара. Што ќе протнат од СДС во името на дефокусирањето, останува да видиме. Ги сметам од ВМРО за помало зло и за нив сум. Мада, многу негативни критики имам и кон нив. СДС на власт, СЈО, Пржински договор итн. се тоа е нелегално. ВМРО победи на избори и тоа е факт. Многу притисок, многу закани, многу нешта се одиграни зад кулисно.
Лично јас ако ме прашуваш,ни Скопје ни незнам какви републики би прифатила или одобрила да се додадат на мојата библиска Македонија
Не требаше да ги замрзнат дисперзираните. Уште повеќе ќе се угуши Скопје од дошлаци. За све што не функционира во образовните процеси криви се неписмени и корумпирани професори и требаше по нив да се удри, да се исчисти се што вмро донесе на работна позиција. Вака пак сиротиња ќе пати. Сум приврзаник сиромашните што немаат услови да заминат од родното место да добијат шанса за образование.
Не сум сигурна како одеше процесот со дисперзираните студии, ама мислам дека се одлеваа пари од буџетот за нив. Освен тоа, стапката на невработеност кај младите е околу 40%, не го знам точниот број заради тоа што таквите податоци се криеа. Од невработените, најголемиот процент се со високо образование, што значи дека во многу области има суфицит на кадар. Ваквите мерки беа неопходни, немаше друг начин. И немој да се секираш, нема да се угуши Скопје, затоа што немаат сите пари за да си дозволат да студираат таму. И да точно е, сиротињата ќе пати. Процесот на иселување ќе продолжи, кога ќе видат дека не им останува друга опција.
Дисперзираните студии служеа само господата од државната администрација да си земат лесно дипломи во родното место, за зголемување на бодовите на плата (или некој да заврши факултет колку да се каже дека завршил). Знам личност што има завршено информатика, а не знае компјутер да вклучи. Секој што имаше вистинска желба да студира, не ни помисли на дисперзираните студии. Не е само УКИМ, има и други универзитети. Порадо би студирала во Штип или во Битола, отколку било што на дисперзираните.
Ако СДСМ се води според квалитетот во образованието зошто не го укине Тетовскиот универзитет, а? Или ќе му лета главата, функцијата и коалицијата?
Никаде во светот студиите не се толку достапни како овде. Во Америка штедат од раѓање на децата за колеџ. Кој учи и кој вреди за факултет нека се запишува. Нека останат Штип и Битола. Ете ќе биде покриена државата. Ама во секој град не.
ВО USA & Canada имаш илјадници колеџи, дообуки, курсеви. Најголем дел од Македонците што отишле да се образуваат во САД учат баш во тие мали места кои немаат ни 15,000 жители.
Благодарение на факултетите што се отворија последниве 10...12 години ..сега по 4 души седат на еден стол а никој не знае ни фискална хартија да смене....вистински овразованите од добрите факултети одамна си заминаа на страна да се дообразоваат и работат според школувањето.Знам доволно водечки луѓе од бившата власт...1..2 и блиски..земаа диплома за 1 месец....а незнаат ни каде е север..југ...поздрав
Дисперзирани студии како идеја воопшто не се лоши. Како се реализираа тоа е веќе друго прашање. Зошто? Ниту една реформа и реализација не е перфектна, туку се работи на доусовршување и согледување на недостатоците. Дисперзираните студии треба да дадат можност на помалите средини за развиток, креирање на дефицитарни кадри, младите луѓе колку-толку да останат да живеат таму, талентираните студенти да имаат можност да се вработат како професори, асистенти на тие факултети и со тоа квалитетниот кадар да се задржи и да допринесе за развој на тие општини, а најбитно за привлекување на странски инвестиции во тие помали општини. Многу е полесно кога имаш квалификуван кадар да донесеш странска инвестиција. Нема да трошат пари, средства и време за обука. Со централизација на образованието само се прави штета на помалите општини и се спречува нивниот развој. Сакате развој на државата, а сите сакате во Скопје да живеете.
Пред да бидат дисперзираните факултети што да ти кажам сите писмени,ни цветаше државава,мислам нема врска ова е намерно укината затоа што Вмро го донесе законот за дисперзираните,и со нив и без нив според мене е исто,од секогаш нашата држава била партиска,а тоа дали имаш факс заврсено или не помалку битно.
И јас така мислам. Уствари Заев се прави за инает на Груевски. Груевски носел црни чорапи, Заев за инает бели носи и наредил сите во влада бели да носат. Исто и екстерното е за инает укинато. Уствари владава е направена само за инает на Груевски да работи.
Што збореш бре чоече..Овој истиов што се Перчи сега као демек министер за Надворешни и ќе го решел проблемот , нели он беше во тимот за преговарање и порано пред неколку години зашто тогаш ќутеше како пиче сега наеднаш се засили за името.. На нас не ни треба промена на име...! Ние чекаме зголемување на платитеееее! Времето во песочниот часовник работи и истекува на сметка на Зајковците☺