Јадниот Кирацовски кратко му траеше подпреседателството на Сдсм,и ќотек си јадеше за џабе,шефот како стара крпа го изфрли. Туку,никој ништо не искоментира за новиот подпреседател на СдсмШ
Што се однесува до Зекири, тоа му е награда што им го даде Арачиново. И што им зема на ДУИ неколку пратеници.
@Достоевски по албанските села собираа гласови и познати албански криминалци и рекетари. Која ќе е наградата за тоа? МВР на Оливер Спасовски да не ги чепка во бизнисот, а?
Јас од форумов дознав дека Зекири го наместиле за потпреседател. Во политичка смисла, ништо чудно. Тие собираа гласови, сдсм им дава функција. Пишував и погоре дека така се прогресира во кариерата. Бизарно, ама за многу луѓе е нормално. Впрочем и Едмонд Адеми така стана министер без ресор. Не знам зошто некои луѓе би се чуствувале разочарани, јас и онака не очекувам нешто добро од политичарите во МКД.
Да, ама Кирацоски слушна ли на Код колку јадел и пиел на државна сметка? Додека беше заменик министер, имало месеци кога трошел и по 450 евра за јадење и пиење. За разлика од него министерката во Информатичко оштество цела година потрошила 27.000 денари. Значи Кирацоски месечно трошел колку министерката која била најштедлива. Така да кога ова го чува не ми беше криво за него.
Заев им го предаде Илинден на Бугарите: Го отстапи најголемиот македонски празник А што друго може и да се очекува?
Скандалозно!!!! "Воедно премиерите Заев и Борисов разговарале со цел за зајакнување на односите, во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје да се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев." Црпко предавник уууу.
Не е ништо скандалозно бе луѓе. Тие и така си присвојуваат многу наши личности од историјата и што им можеме ние кога сме слаби, чекаме помош од секој, мораме да молиме. Тие и така си слават што ќе им текне, па вака нека дојде делегација, барем односите ќе ги подобриме и ќе имаме повеќе комуникација. Писатели, Гоце Делечв, Цар Самоул се тоа сметаат дека се Бугари и тоа нив не може да им се извади од глава. Минатиот пат Красимир Каракачанов славел некој си македонски јубијел за не знам што, кој ние не го знаеме, и што сега, да се потресуваме?Ова е само обид да закопаме секири со сите и да одиме напред.
Не присвојуваат тие ништо. Самоил сам си се прогласил за цар над Бугарите (тој бил Ерменец по потекло, инаку); писатели, револуционери, дел од животот го поминале во Бугарија, таму твореле, самите се изјаснувале како Бугари и тоа е тоа. Тие се заеднички, му се допаѓало некому или не.
Македонија "Депониска долина на балетанките" благодарение на производството на фабрика, инвестиција на претходната Влада која работи со загуба, па дефицитот завршил некаде попатно, а вработените останале дома без плати... Без коментар Спојлер: . http://www.libertas.mk/baletankite-...promashena-stranska-investitsija-na-gruevski/
Па ти објасни како може да се заеднички, ама тоа е тој вморонски поглед на работите и читање само тоа што е наредено.
Владата се задолжи 5.6 милоиони евра,нека ни е со среќа банкротот,сдс и неговите антиреформи се плашам дека ке нема за пензии понатака. И тоа за 14 дена власт,недај боже да останат 4 год или повеќе,ке немаме леб да јадеме. Незнам дали е нормално,но тие ги критикуваа Вмро,а сега таа се задолжува......
Ќе немате леб да јадете*. Инаку нешто да кажеш за неколкуте стотици милиони задолжување на ДП пред изборите? Сега наеднаш не смее да се задолжуваме?