Зар ви треба проверка во речник за зборот црпи, црпна, црпнат? Зашо не се обратите до авторот и да прашате, што значи црпнат од Господ од нива? На ист начин на кој се обратија до Џоле за разумен компромис.
ова сериозно? направи десен-клик на глувчето па "Search Google for Image" или онака ја постираше по директива од партија?
Па не ни очекував ништо попаметно да кажеш околу сликата, само сакаше да испаднеш интересен, демек види ме, Гугл ми е чичко
Да, чичко ми е. И за среќа често го користам и проверувам факти и информации, за разлика од многумина други. Пробај.
Хм, ти сериозно со тоа јутуб клипче, @schmookie-чо бе? Мислев дисертација ќе извадиш некоја, цел ферман историја за да ја појасниш врската помеѓу search google for image опцијата и темата: бугарски фашисти vs партизани (виз-а-ви сечењето глави и нивно експонирање заради показ во време на WW2). Што ти беше поентата освен да докажеш дека вмроните се морони? Ко... црпнат зборот што значел бе, оти никој не го проверил во речник. ц
Еве не е битно од кај е сликата, сликата не ти се допаѓа, тоа што е на неа не ти се допаѓа, не ти се допаѓа кој ја постирал, не ти се допаѓа изворот, бугарин си па контраш или што? Како по автоматизам контрате некој што не мисли како вас и се правите паметни, гугл ова она, мамо мамо видиии меее. Можеше да ја искоментираш сликата, потписот, содржината... ама не бре, Адоки ја постирал така му рекле од партија. Интелигентен заклучок. Ете зашто не ми се влегува на темава, врие од вакви.
@zhap4e @Abeja не ми е јасен натписот на сликата. Јас само побарав да видам од каде доаѓа објаснувањето на сликата. Со моето пребарувње не најдов веродостоен извор дека напишаното е точно, ако грешам некој нека ме просветли. А и да бидеме реални, дезинформациите досега најчесто од штаб ги праќаат..
Ако ја искористи ете опцијата, ќе дојдеше до слични приказни и тоа пишувани од бугарски весници и по бугарски форуми на кои се дискутира баш темата за фашистите и партизаните. Дека тоа вистина се случувало и не само на територија на МКД. Оти, ако прашаш некој Бугарин пример, ќе ти каже дека Бугарија била на страната на Хитлер под принуда, не оти така сакала. Just saying. Ок е сликата, не е ок кога ВМРОвец прави некого бугарофил, а вмро-то полно со луѓе со бугарски пасоши.
Сигурно? Млеко-2009, пиперки и грозје - 2015, праски-2015 неплатено грозје кое сеуште не е платено - 2014, грозје 2011. Кој беше на власт во спомнативе години?
Ама беа на власт? Асега кои се на власт? Зашто ако поранешната влада не ги исплатила оваа истото го прави а? Како сега што не се задоволни земјоделците никогаш не биле.Катастрофално владеење на сдс,еден ден све од глава ке им се врати.
Хахахах катастрофално владеење на сдс. Чиниш 3 години се на власт хахаха. Каква врска има ова со Илинден? Партизани се бореле 1903? Инаку колку за информација, војниците се Македонците.
Да бе еј 11 години совршено им беше и сега овој дојде и за 11 дена им го упропасти целиот бизнис. Логика нула. Што ќе беше тоа толку топ да може да се уништи за 11 дена.
Колку се смешни со ова што Заев се поклонил на Цар Самуил во Блгарија, па побогу, размислувате ли некогаш со сопствената глава? Сте отвориле ли некогаш друга книга освен програмата и отчетот на вемерото? Јас лично сметам дека жив Македонец не смее да се поклонува на Самоил којшто убивал Македонци и плус сам се декларирал ко цар на Бугарија. Да сум јас на власт одма би ги смачкала спомениците од него низ земјава, а не пак да му се поклонувам. Вчера Мој Термин со Огнен беше многу интересна емисија. За сите што уште се убедени во "теоријата за големата словенска миграција од зад Карпатите", која се форсира исклучиво на балканов, нека ја погледнат репризата. Или нека ја купат книгата.
И после зошто другите држави ни ја негираат историјата, кога ние самите си ја негираме. Кога ние самите не знаеме да застанеме во одбрана на нашиот идентитет, а ги прифаќаме наводните факти и придавки и додавки од соседите, како очекувате промени ?! Мислам, нема човек во друга држава што си го негира постоењето. Секоја чест македонци. Наводниот бугарски Цар се отцепил од бугарската држава, направил престолнина во Преспа. Факт е дека учествувал во бунтот на комитопулите. Факти засновани на истражувања од историчари и хроничари, валидни историски документи, византиски и останати. Тоа што бугарите тврдат нешто спротивно, е чиста политичка игра, која вие наивно ја играте, а со тоа на нашата држава, помогнати од бугарите и давате бугарски карактер. Прочитајте Душанов Царски Зборник. Цар Самуил ја добил круната на Македонското Царство. Податоците, кои не знам од кои причини не ви одговараат, не значи дека не постојат. Иначе, ако некогаш воопшто навистина се декларирал како бугарин, тоа било само и заради само, тогашна политичка позадина. Но за такви факти, јас навистина не знам. Денешните македонци, ниту се бугари, ниту се грци, ниту срби. Тоа што вие подлегнувате на пропаганда, ваш проблем. Толку од мене, не би повеќе да навлегувам во историја. Македонците си ја негираат сопствената историја. Не ми се верува.
Кога самите не се цениме кој друг сакаме да не цени. Непознавањето и негирањето на нашата историја еве каде не донесе,сами со свој камен по своја глава. Затоа и ке не распрчат и нема да опстоиме како Македонија поради самоуништување. Очекувам Заев набргу да изјави: Македонија била, е, и ќе биде само Грчка..