Може и ти треба малку да читнеш повеќе за тоа што мислат останатите земји за нас и да размислиш дали стварно сме антички Македонци? Доста се правите патриоти. Сите знаеме дека украдена ни е историјата. Александар бил наш, Филип бил наш Сите ни се смејат во фаца... Ние Македонци сме биле хаха. Кој знае од кое племе потекнуваме, какви Македонци Нормално ќе негираме кога сме свесни дека ова е глупост. И што е битна историјата? Битна е иднината. Треба напред да одиме, а не да тапкаме во место. И треба малку рационално да размислите, и не само ко што ќе ви речат во штаб да пишувате. Се правите патриоти, а Никола кога се одговараше како да биде името за Грција да не признае, си ќутевте тогаш. Логика нула. Не зборувам за членката што ја цитирам, туку за другиве членови што дремат по цели денови во темава, како не добијат мал одмор од модераторот?
Здраво Џоли. Јас сум прочитала доволно за мои 30 години. И уште читам. Се кладам, дупло повеќе од тебе. Не би да навлегувам во банална дискусија, ама знаеш зошто ни се смеат ?! Ради таквите што размислуваат како тебе. Луѓе без идентитет. Види, тоа е исто како на пример Косово. Може е малку несоодветна споредбата, ама на кратко да доловам. Сите знаеме чие беше, чие всушност е. Прочитај Косовска Резолуција. Таму сега, на пример, можеби учат оти Косово било албанско. Тоа не значи дека е вистина. Ти ја препорачувам исто и книгата која го решава Албанското Национално Прашање, а во која се тврди, дека добар дел од Македонија е албански. Прочитај ја, и после дојди тука на форумов да кажеш дека ние не сме македонци, ами албанци. Тоа ти е исто како кога Заев изјави дека ние со бугарите сме еден народ, браќа. Дали е тоа вистина ?! Не. Во прашање се политички поени, добри добрососедски односи. Колку и да не го сакам, не можам да верувам дека е дотолку ете, црпнат, иако често знам да се пошегувам со истото. И кој дел поточно од твојот коментар не се однесува на мене ?! И Џоли, јас не сум член на партија. На ниту една.
Аманте бе Завев ова Заев она остајте го човекот само две недели како е премиер и ништо не направил слушам сабајле пред да одам на работа во емисија на канал 5 се јавува народ рече ќе ја поевтини струјата камо да ја поевтини чекајте бе луѓе вчера во емисија кај Мишко Министерот за здравство многу убаво си збореше човекот вика сретнале оскуден буџет незнаат луѓето од каде да почнат и не дека го бранам Заев но доста ми беше и на мене и на мојата фамилија од груевисти не ги сакам и точка и нека никогаш не се вратат на власт
До утре може реферати да пишуваш и едно исто да вртиш, тоа нема да го промени фактот дека ние сме крадачи на историја. Банално, смешно и глупо е да се дискутира дали сме антички Македонци. Само заслепени и луѓе полни со инат може така да размислуваат. Зошто да се правам патриот? Многу побитна ми е иднината од минатото. Имаме корист од минатото? Плус како не ви се роди патриотизмот кога Н. Г. се договараше да го смени името?
А, да одмориме сите од темава до моментот кога ќе се случи некој актуелен политички настан, инаку, поврзан со државава па да се вратиме со коментари?
Сликата со главите ме згрози. Не се сомневам дека вршеле такви работи, сите не тепале, не газел кој како сакал низ историја, и ден денес сме еден мал, поделен, напатен народ. Но, дали е веродостојна фотографијата?Тогаш немале мобилни како денес па да се слика кој кога сака и каде сака. Немам забелешки ниту за Заев, ниту за Димитров. Од некаде да почнеме да го поправаме односите, да се прилагодуваме, затоа што сме никој и ништо, се дотолчивме и никој нема да се прилагодува на нас. Бугарите и по 200 години ќе викаат дека сме еден народ и дека и Гоце Делчев е Бугарин, ама ние тоа нема да го смениме ако се инатиме. Што сакаат нека зборат, нека не поддржат за ЕУ и НАТО, нека инвестираат, нека ни помогнат со проекти и слично. Ние сме давеници вечно и мора да се фаќаме за сламка. И не сме криви што не не ценат кога и ние не се цениме. И нив џебовите им ги полниме. Лани 500.000 Македонци летувале во Бугарија, а Бугари во Македонија имало 350.000. За Грција да не споредуваме, поразително е, и после ќе се жалиме зошто Димитров отишол во Атина. А вие зошто 90% од форум отиде во Грција и им давате пари ако не ги сакате и не сакате име да менувате?Зошто дел се кажуваат дека се од Србија, а не од Македонија?Епа после не не ценеле. Па кој да го цени Македончето?
Сите имаат своја историја. Само ние туѓа крадеме. На бугарите, на србите, грците, па дури и на албанците. Како бе така сите соседи ги покрадовме, а нас ич никој ?! "Фактот" за кој зборуваш, нека биде аргументиран. Во спротивно нема потреба од дискусија. Иако, мислам дека нема поголем факт од тоа што заминавме оф топик. И онака не би повеќе на темава. Иначе, не ти оспорувам да имаш било какво мислење, ама остави не нас, ете, да го искажеме своето, иако спротивно. Јас бар не пишувам на памет. За останатите, не сум компетентна да коментирам, но за себе можам. Точно, можам реферати да пишувам, но тоа не значи дека тебе или останатите, сакам во нешто да ве разубедам. Тогаш нема ништо од дебатата, оти нема да има спротивни мислења. Околу владеењето за време на Вмро, сум кажала и претходно, бев против и уште сум против многу работи. Вклучувајќи ја амнестијата, Талат Џафери, околу името итн. Иначе, те читам на други теми. И иако тука не се согласуваме, признавам, оргинална си. @Dostoevski Можеш да се обложиш во тоа. И не само историја, туку, на било која друга тема. Благодарам на приматот историчарка. Ако целта ти беше да го разберам како навреда, жал ми е што ќе те разочарам, но не, напротив. Иначе, јас сум правник, што не значи дека ќе ја исправам државата, а уште помалку пак значи дека не би знаела да дискутирам на други теми. ( Ете, тука умре малку циганката што ме фалеше, па морам сама) За разлика од тебе на пример, кога често во постовите употребуваш зборови како глуп, прост, неписмен и ним слични. Претпоставувам, во недостиг на информации, за конструктивна дебата. Иначе, не, не знам јас се. Ама млада сум, имам време. Човек учи додека е жив. Во историја, како што кажав и во првиот мој пост, не сакам да навлегувам. Пресекувам навремено, додека не се насочила темата онаму каде што не треба, па да има потреба, модератор да пресече. А и немам време. Имам живот и надвор од форумот.
А добро што е финтава со пасошите не разбирам? Демек сите Македонци имаат бугарски пасош? Јас искрено немам ни еден пријател па и познаник што има таков пасош.
Пих ама сте се направиле муабет.... А јас таман да пофалам тука може ќе се ослободат станови во центаро на Скопје, вмровци у маало избегаа во другите градови и изгледа не ни се враќаат , па и полиција им тропа на врата да ги прашаат како тоа работат во администрација а не се појавиле ниту еден ден. А баш човекот пред 4 години се радуваше кога носеше нов телевизор дома, мислеше дека империјата на грујо ќе биде вечна и вечно ќе си зима платичка без да работи ....Ех бее... The vmro hunt begins
Си направивте македонски патриот од Цар Самоил Феудален земјопоседник кој се борел за превласт. Потеклото 50% Ерменија, се претпоставува дека и другата половина е ерменска. Човек во светската историографија заведен како Samuel of Bulgaria
На кого му се обраќаш не знам? На македонската држава? Затоа што официјален став на македонската држава и македонските историчари е дека Цар Самоил е пред се македонски цар. Добро дали воопшто сте оделе во школо? Или можеби сте бегале за да читате "светска историографија"?
Мене многу реален проблем ми се нашиве што се потепаа за бугарски пасоши, што тврдат дека се со "бугарски произход" десет колена уназад. Па ке има после борби за бугарското малцинство во Мкд, па кога ке станат (може и се веке) над 20% ке бараат и бугарскиот да стане службен/официjaлен. Ке биде после "не смо знаjaли"
Темата не е Самоил, значи тој во посетата на Заев на Бугарија нема никаква врска. Посетата е за подобрување на односите, и за препорака за ЕУ. Славењето на Илинден не е ништо бидејќи тоа е заедничко востание кое започнало на разни места, па уствари ајде еве има историчари тука нека кажат дали Илинденското востание било само на територијата на денешна Македонија.
Не знам кај живееш ама во Македонија 75% од младите имаат или чекаат бугарски пасош. Може од твоите поблиски пријатели никој нема, ама на твоите подалечни познаници нема на чело да им пишува ако извадиле бугарски пасош. Не знам зошто слепи се правите. Зар не ги читате по интернет, тие статистики, бројки, па и сите тие твитови за бугарски пасош? Само колку зезанции има пасошите ама ај ќе се правиме ќори со сила. Што е финтата со пасошите? Па не знам... Многу задоволи беа младите од паторот, па дури Бугари се пишуваа за да избегаат од пеколов.