Еве ако толку ви сметаат тие со Бугарски пасош нека се донесе закон да нема двојно државјанство,или си Македонец или не си,јас ке ви се придружам во тоа,кој има друг пасош од друга држава нека го избркаат од државава. Се плашам дека сдс нема муда тоа да го направи зашто пола членови треба да ги избркаат. Вие туку од сдс што сте најгласни сите имате Бугарски пасоши се кладам,ама туѕка се противите као демек немате,абе кого лажете?
Јас да се чудам? Се чудам искрено, пред некој ден така ревносно ја напаѓаше Бугарија па, ВМРО тешки бугарофили и да еве се чудам
Е ајде де и јас се чудам толку превртливи се овие од сдс,побрзо они ке го сменат мислењето отколку времето што ке се смени.
Твоето прашање го памтиш? Беше што има врска Бугарија со Илинден. Па еве како што може да видиме на сликата, а за тоа може и да се прочита (секако не во учебниците по историја бидејќи таму пишува тоа што сакаме да читаме, па сега се лутиме кога вистината ни ја кажуваат), Илинденското востание освен на територијата на денешна Македонија започнало и на територијата на Бугарија на ист ден. Тоа е заедничкото. Што се однесува до мене лично, јас сум против вадењето бугарски пасоши, но кога е нешто заедничко тогаш нека дојде премиерот нивни, нека положи цвеќе и нека си оди, нема да не изеде. А ти пасошот кога ќе го вратиш? Хахаха
Кога се работи за национални интереси партиска обоеност не треба да постои, види ги Грците има ли кај нив такво нешто, најголемиот крлеж на ЕУ се и те кочат каде стасаат.
А на територија ??????? аааааааааа а чие е тоа востание по кој повод треба заеднички да се слави, се бореа за слобода на Македонија или на Бугарија??? Што се Гоце Делчев, рајко Жинзифов и да не редам може не си ни слушнал П.С прочитај 1903 дали Бугарија е под Османлиите па, ќе разговараме, додека не прочиташ немој да ме цитираш, те молам.
Се бореле против Османлиите и за спречување да не навлезат подлабоко, или поточно тоа служело како поддршка. Востанието започнало на ист ден и во Тракија, тоа е Бугарија нели? Борис Сарафов да не случајно Македонец бил? Михаил Герџиков? Сите Македонци а? Заедничко е тоа и нема потреба од нервози, и двата народи треба тој ден да го слават како победа над Турците. Не треба да се мешаат фашисти бидејќи тоа е далеку подоцна, да речеше Заев дека Бугарите не биле фашисти ќе ви се приклучев во плукањето, ама Илинденското востание е заедничко, или Преображение како што се викало востанието во Тракија. Едно исто е тоа.
Бугарија се борела против Османлиите, а немале своја држава ??? За каква победа зборуваш ти??? Илинденско е крваво задушено востание дете, боже со кога и ја разговарам Каде виде ти до сега јас по форумов да плукам??? Ти може да се рече, зборувај за себе. За какви фашисти сега па, пишуваш. Изгуби темава од смисолот ...
Не дека го бранам, ама не сфаќам која е вината на Заев. Што сторил, што отишол во посета на соседна држава како секој премиер?Вие што го нарековте бугарофил или не знам што, и сите што се буните, размислете кој беше на власт 11 години и кога се извадија турбо бугарски пасоши. Масовно се вадеа од мака, некои од мака, некои од ќеф, затоа што сум слушала Македонци кои велат „Нека ми стои, не ми бара ниту леб, ниту вода“. „Нека ми стои, јас ако имам, утре и за детето ќе земам“. Кои патриоти, ауу. Тој што зема од зор го разбирам, сфаќам дека во Пехчево на пример или ќе трпиш за леб, или ќе бегаш во странство за да донеше некоја пара, а пасош ти треба и трето нема. Ама што е со газди на фирми кои земаат или планираат да земат?Спијат на пари и ќе се прават Бугари затоа што им е здодевно во животот. Не ни личи просто по се што се случи да глумиме патриоти, и патриотите во оваа земја се малку, една шака народ, а кои точно се времето ќе покаже.
Прифаќам,ако имаш ти Бугарско и тебе важи? Заев ке ја менувал историјата во учебниците ауууу зини земјо и голтни го. Ја продаде Државата на Бугарите.
Не бегавме од школо. Во учебниците по историја, читавме разни митови за семејството на Самоил: ќерка вљубена во затвореник, бремени невести протерани назад во Унгарија заради друга жена, исфрустрирани внуци кои бараат освета или престол после 30 години... сапуници, Сулејман Величествениот го*на да јаде (се извинувам за шпањолскиот). Гледаш дека се си знаеме? Редовно посетувавме настава. За Илинденско востание не се учи во петто одделение.
За фашисти зборуваше твојот другар @ADOKI кој стави слика каде Бугарски фашистички војници се со исечени глави, и пишал дека тоа се Македонци. Па затоа реков нема потреба тоа да се збори бидејќи нема врска со Илинден. Инаку Крушевската Република нели е победа? Добро ако за тебе не е тогаш во ред. Бугарите се бореле против Турците во Тракија, таму кренале востание како поддршка за Илинденското и за да ги запрат Турците да не навлезат повеќе. Тоа реков и тоа е, ти постирав и слика. Каква врска имаат фашистите со 1903? Зошто таква слика постави?
Procitav samo deka Adoki zboruval za fasisti nitu sum procitala nitu znam sto pisal I vo koj kontekst ama tebe do pred ovoj post te citav I gledam nema izdrzana diskusija, poz
Нема издржана дискусија бидејќи немаш што да кажеш и што да одговориш. Борис Сарафов Македонец ли е? Тракија во Македонија ли е?
Кога бев малку помлад, на секој македонски форум се регистрираа по неколку Бугари кои имаа задача да провоцираат со некакви тези дека Македонците се Бугари и тн. Тогаш многу ми беа смешни овие ликови и си викав дека со тек на времето ќе исчезнат бидејќи Македонија ќе продолжи да постои како држава, Македонците ќе продолжат да си бидат Македонци а нивните тези ќе бидат бесмислени. Тоа што не го очекував е дека во 2017 Македонци ќе им објаснуваат на други Македонци дека се всушност Бугари. Па добро бе пријател ти Македонец си или што си?
Kade ne znaes, pa I uste fraer se pravis, sto fajde od toa. Kakva vrska IMA Trakija so ilindensko vostanie,so denesna I togasna Bugarija??? A kakva e pa, so Makedonija, ili I tie ripnale za nas a be site ginele da ne oslobodat. Daj postedi me te molam.
Ова не е одговор на моето прашање. Повели одговори ако знаеш. Востанието кое е започнато во Тракија е започнато на ист ден како Илинденското, и е започнато како поддршка за Илинденското. Во тоа востание во Тракија кое се нарекува Преображение се бореле Бугари. Значи тоа е заедничко, почнале на ист ден против ист противник. Уште во круг ќе се вртиш и ќе збориш глупости.