Добро, доста е веќе со тие пасоши. Не е важно кој бил на власт кога најмногу се земале, оти и другите да беа исто ќе беше. А како тргнале сега СДС дури и полошо. Овој Зоран Заев ќе брише делови од историски учебници. Се консултирал со некого, или сам така одлучил?! Тоа ли е патот до ЕУ и НАТО?! Бришење на Македонија и се што е македонско?!
Ова зборењево на памет многу интересен феномен во Македонија. Исто ќе било ако биле сдсм на власт. Да да.. каков факт изваден од ракав. Или може само претпоставка.. хипотеза нешто?! Кажано е дека историчари и експерти ќе работат на разгледувањето на грешките пред било каква промена во книгите. Демек тоа така плукни-залепи е. Битно ниедна хемисфера од мозокот да не се искористи за промислување. Како ќе кажат опозиционерите, од збор до збор овде ќе биде пренесено. Не дај боже некој да размисли бар малку пред да каже нешто. Кога веќе се збори за впечатоци, Адоки воопшто не е глуп, далеку од тоа, бар мене ми оставил таков впечаток. Единствено што си е фанатик по вемерото, па сака да верува дека е така како што тие презентираат.
Види, некој тука за факти зборува. Веројатно за оние истите факти со кои се теши дека да биле СДС, немало луѓе да заминуваат од државата, ниту ќе ваделе пасоши. Мислам тоа е она кога сам себе се негираш и побиваш. Од Заев се учат. Видовме ние во времето на Глигоров како се "фрлаа" државјанства, па не го тупиме како тие со пасошиве. Ајде еве, имаат прилика и нека не извадат на правиот пат. Ама чекај, побитни се "грешките" во книгите. И баш ме интересира колку луѓе сега ќе заминат и извадат бугарски пасоши.
Бугарски пасоши се вадеа уште од веемето на Глигоров и Б.Ц па сега ти тупи ја колку саакаш ама така е и не кажувајте дек Вмро е крива што зЕмале бугараки пасоши. Впрочем секој шо неможел да се снајде тука е обидел да земее бугарски пас. А меѓу нив се грото луѓе со минимално образование или само со осмолетка и они неможат да се пробијат тука во системот бидејќи се без квалификации...
И замисли тие пет минути да им траат цели четири години. Иха. Колку само луѓе ќе се искварат по пат.Смислувај некоја појака стратегија, Адоки. Вака не ја бива.
Што да мислам Заев- Црпко ја мисли и ги исполнува најбитните ветувања од изборната кампања еве една од побитните е за Лгбт то
Нај искрено сакам јавно да се кажат со име и презиме кој има извадено Бугарски пасоши,и кој се тие луѓе,дали се партиски определени и за која партија се? Баш ме интересира резултатот. Се кладам дека повеќето се од СДС
Јас лично не познавам никој таков со бугарски пасош а сум слушал дека луѓе се обиделе да зимаат ама мислам дека не успеале да земаат
Ни јас непознавам некој таков затоа што тие луѓе што ги познавам се од Вмро и недај боже нешто такво да им спомнам ке ме обесат.
Работата е - кога сето тоа зема најголем замав. Ете тоа е работата. Ама небитно е, и онака што и да ви се каже, вие пак си терате по ваше. Може и СДСМ да беа ќе беше исто, јас не реков не. Ама, беа ВМРО, така да тој факт треба да се прифати како таков, а не да се нагаѓа што би било, кад би било. И дај не драмете @veteruska @ADOKI познавам еден куп луѓе вработени од ВМРО кои си го чуваат бугарскиот во фиока за сваки случај, кои се во процедура за истиот, а богами и кои напуштија работа и киднаа само што го добија! Таков е примерот со еден од најголемите вмровци во мојот град кој НАПУШТИ работа во училиште а жена му во банка (двајцата вработени партиски!), и се пресели фамилијарно во Холандија СО БУГАРСКИ ПАСОШ ЗАМИСЛИ!!!Така да аман, престанете да се глупирате!
Значи баталете го ова со хомосексуалците. Ако не се легаризира нема да биде ништо подобро, ниту па ќе исчезне. Напротив. Ќе биде нивно игнорирање и дискриминирање. Не е во ред. Ниту мене не ми се допаѓа легализација, ама ова другово пак не е ништо подобро.
Следна година да го викнеме Ердоган за прославата на Мечкин Камен, а? Што велите? Или да ги викнеме генералите на УЧК на годишнината од Карпалак, Вејце, Диво Насеље, Смилковско? Да прославиме заедно, затоа што за среќа или несреќа сме се родител во исто време и место.
Дај докази,а не напамет да збориш,јас познавам куп од СДС што самите се пофалија дека имаат Бугарски пасоши затоа што не го поднесуваат режимот на Вмро.
Ок, земале бугарски пасоши и нормално да тоа се засилило во време кога Бугарија стана членка на ЕУ, еб$#%^го. За значаен дел од тие кои вадеа бг пасош, причина беше ради да работат во земји членки на ЕУ: Just saying. А тоа беше...која година? Дај олабавете со темата бг пасоши.
Па и градоначалникот наш, од ВМРО, после истекот на вториот мандат фамилијарно се пресели во Германија И арно вика жабче, олабавете
Еве сега го барам, секаква информација од корист ќе ти доставам, дури и број на гаќа како плус инфо. @DAngel , дај докази.
Ех, не мора да бидеме толку екстремни, човек би помислил дека лидерите на УЧК би ги амнестирале и поставиле за министри за одбрана...